На Јунајтед утрово им беше соопштено дека Суарез единствено би прифатил напуштање на Ајакс доколку се работи за трансфер во црвената половина на Манчестер.

Според шпекулациите, Сер Алекс долго време го следи Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез, кој постигна 35 гола за 33 натпревари за Ајакс сезонава.Менаџерот на Ајакс, Мартин Јол, изјави дека би сакал Суарез да остане, но вели дека не би можел да одбие примамлива понуда од Јунајтед - којашто според него би изнесувала околу 25 милиони фунти.
"Суарез е играч којшто Ајакс дефинитивно сакаат да го зачуваат во своите редови.Тој има огромен талент и даде многу голови за нас сезонава.Но, ако дојде некоја голема понуда за Суарез ќе мораме да ја разгледаме и да размислиме, тој е многу амбициозен играч" - пренесува DailyStar цитирајќи извор блиску до клубот.
Сер Алекс на интервјуто во петокот изјави дека е можно да се додаде уште еден напаѓач на Олд Трафорд летово и шпекулациите се повеќе растеа дека би направил понуда за аргентинецот Агуеро, но гласините велат дека сакал да се одлучи за поефтината варијанта - Луис Суарез.
0 коментари:
Објави коментар