вторник, 29 септември 2009

Најава:Јунајтед v Волфсбург


Лига на Шампиони, Групна фаза|Среда, 30 Септември 2009|Почеток:20:45h

Стадион: Old Trafford, Manchester

Можеби најинтересниот дуел од целата група, каде што Англискиот шампион Манчестер Јунајтед и Сер Алекс Фергусон се сретнува со Германскиот шампион Волфсбург и искусниот тренер Армин Вех.

На последниот натпревар Волфсбург играа против Хановер каде што Вех излезе со најдобар состав кој даде 4 гола, а прими 2.Во ЛШ последниот натпревар им беше против ЦСКА Москва кој го победија со 3-1 и доминираа низ целиот натпревар и се виде дека Рускиот прволигаш неможе моментално да му парира на Германскиот шампион.

Изгубија натпревар од Келн со 3-2 во ДФБ Бокал купот со што веднаш беа исфрлени но веднаш потоа се вратија со победата над Хановер со головите на Мислимович,Гентнер,Џеко и Хасебе.

Јунајтед пак, во последниот натпревар против Стоук победија со 2-0 со головите на Бербатов и О'Шеј а и двата беа по асистенција на Гигс откако влезе во второто полувреме.Сите играа фантастично, освен можеби Руни, но затоа Евра,Флечер,Бербатов,Сколс,Гигс,Видич,Рио и О'Шеј изигра на многу високо ниво.Руни беше одморен при крај на натпреварот исто како и Нани и Сколс на чие место влегоа Овен,Керик и Гигс.

Последен натпревар во ЛШ пак, беше победата против Бешикташ во Турција со 1-0 со голот на Сколс, иако игравме лошо.Како и да е последните 5 натпревари се WWWWW т.е 5 победи во кои спаѓаат 2-0 против Стоук,1-0 против Волфс во Карлинг купот,4-3 против Сити,1-0 против Бешикташ и 3-1 против Тотенхем.

Можните состави
Benaglio
Riether - Barzagli - Madlung - Shafer

Ziani - Josue - Gentner

Mislimovic

Grafite - Dzeko

v

Rooney

Anderson - Giggs

Valencia - Fletcher - Nani

Evra - Rio - Vidic - O'Shea
Foster

Мој тип:
Јунајтед 1-0 Волфсбург

Јунајтед заинтересирани за Патрицио

Агентот на Руи Патрицио, голманот на Спортинг Лисабон, изјавува дека неговиот клиент во последно време е мета на следење на Манчестер Јунајтед.




21 годишниот Португалец е доста популарен во својата земја и се верува дека е предмет на интересн а Јунајтед уште кога Карлос Квеироз беше помошник на Сер Алекс Фергусон. Шпекулациите велат дека на Јунајтед му треба Патрицио за да биде долгогодишен чувар на мрежата затоа што по се` изгледа, Едвин ван дер Сар ќе се пензионира на крајот од годината.

"Вистина е дека скаутите на Јунајтед го следат, и тоа уште од кога Квеирош беше во тимот" - изјави агентот на Патрицио за A Bola.

Патрицио беше член на португалската репрезентација која настапи на Евро 2008, но не доби шанса за настап.Дебито во Лигата на Шампионите пак, го имаше токму против Јунајтед, на Олд Трафорд кога неговиот тим изгуби со 2-1.

Вида подготвен за Германскиот шампион

Ѓаволите ќе играат за прв пат против Волфсбург, минатогодишниот и моменталниот шампион на Германија, и Видич е уверен дека играчите се спремни за натпреварот.


Вториот натпревар од групната фаза во Лигата на Шампионите, Манчестер Јунајтед го игра против Волфсбург.За разлика од нас, Волфсбург за прв пат игра во ЛШ и за прв пат против Јунајтед.

Германскиот шампион влегува на натпреварот како првопласиран поради големата победа од 4-1 врз ЦСКА Москва, додека пак Јунајтед победи минимално со 1-0 на гостувањето во Турција, против тимот на Бешикташ.

"Тие се шампионите на Германија и имаат многу квалитетни играчи, поготово во нападот.Ќе биде многу тежок натпревар и мислам дека токму ние и Волфсбург ќе се бориме за првите 2 мести од групата кои водат кон Нокаут фазата." - изјави Немања за ManUtd.com

"Кога немаш играно против некој тим, воопшто незнаеш шо да очекуваш од него во следните 90 минути.Но затоа пак, има луѓе во тимот коишто обезбедија снимки од неколку нивни натпревари за да ја процениме нивната игра и да го пронајдеме решението." - продолжи Видич.

Одбраната на Јунајтед најверојатно ќе видат уште еден поранешен играч на Премиер лигата како игра против нив, и тоа Обафеми Мартинс, кој направи трансфер од сега второлигашот, Њукасл, во Волфсбург летово.

"Секој играч посакува да игра добро против Јунајтед и пробува да постигне гол за да не победи.Олд Трафорд е најголемата сцена за докажување во светот.Додека пак, за нас тоа не е ништо ново, секоја недела го чуствуваме и мораме да се концентрираме на тренинзите и да се подобруваме"

Подобрување во сите погледи одколку минатата сезона е потребно, бидејќи поради лошата игра во Рим, против Барселона, Манчестер го загуби финалето и завршија втори.

"Многу е лошо чувствтото да стигнеш до финале и да изгубиш.Имам многу лоши спомени од Рима и не сакам да се потсетувам воопшто на тоа, а со сигурност тврдам дека тоа е така и кај другите играчи.Знам дека треба да се подобриме и станеме посилни за да не дозволиме тоа да се случи повторно." - заврши србинот со изјавите за ManUtd.com,Pa Sport,BBC и Key 103.

понеделник, 28 септември 2009

Јунајтед загреани за Фегули

Според француската фудбалска јавност, се шпекулира дека Манчестер Јунајтед се многу загреани за да стигнат до потписот на младиот фудбалер на Гренобл, Софијан Фегули.


Младиот 19 годишен фудбалер како и многумина пред него, е означен со прекарот „новиот Зидан“ и е моментално поврзуван со многу големи клубови од лигите во Европа. Сепак, иако постои голем интерес за него, Фегули вели дека со задоволство би се пробивал со Француската Лига, отколку да ја грее клупата во некој тим во странство.

Гренобл моментално се наоѓаат на 19тото место во француската лига, со 7 порази од 7 одиграни натпревари и според тоа се верува дека талентираниот Фегули го надраснал овој клуб и се чека на негов потпис на некој поголем договор од поголем клуб.

Иако во летниот трансфер период овој фудбалер беше поврзуван со Барселона, Интер и Ливерпул, сега се чини за него најзагреан е Сер Алекс Фергусон и прави големи напори да го доведе на Олд Трафорд уште зимава.

недела, 27 септември 2009

Ферги не се плаши за Рио

Фергусон изјави дека не се плаши за повредата на Рио Фердинанд и дека нема намера да купи централен одбранбен фудбалер како негова замена од време на време, иако се појавија шпекулации дека Сер Алекс ќе се потроши зимскиот трансфер период по серијата повреди на Рио Фердинанд.


Фердинанд веќе пропушти 4 од 6 премиерлигашки натпревари на Јунајтед, единствениот меч во ЛШ на Јунајтед во Бешикташ и два репрезентативни настапи за Англија по повредата на бутот. За неговата повреда не е загрижен изгледа само Фергусон, туку и Капело, кој полека го формира тимот кој ќе треба да настапи на СП следната година. Но менаџерот на Јунајтед е сигурен дека тимот ќе може да се справи со повредата на Фердинанд и ќе помине зимава без нов играч. Фердинанд посетува остеопат 3 пати неделно.

„На Рио му се потребни мечеви за да се врати во форма и јас верувам дека ќе се врати во старата форма, иако има спцифична повреда.“, изјави Фергусон.

сабота, 26 септември 2009

Барнсли - Манчестер Јуанјтед во Карлинг Купот

Јунајтед ќе игра против Барнсли на Оуквел во четвртата рунда од Карлинг Купот, наредниот месец.


Црвените Ѓаволи ја продолжуваат одбраната на трофејот, по победата на Вулверхемптон со 1-0 во третата рунда.

Погодокот на Дени Велбек во второто полувреме од натпреварот се покажа како доволен за да го испрати Јунајтед во најдобрите 16 од натпреварувањето, и покрај тоа што голем дел од мечот одиграа со 10 играчи.

Барнсли, менаџирани од некогашниот напаѓач на Црвените, Марк Робинс, ги победија на Барнли со 3-2 во последниот Вторник. Јунајтед никогаш нема играно со екипата на Барнсли во Лига Купот, но во ФА Купот во 1998 година Барнсли го победи Јунајтед на стадионот Оуквел.

Во другите поинтересни натпревари Арсенал игра против Ливерпул, а Челзи ќе биде домаќин на Болтон.

Извор

Сер Алекс изјавува интерест во Џон Флек

Иако има изиграно само неколку натпревари за неговиот нов тим, Глазгов Ренџерс, младиот и талентиран Шкот веќе го привлече вниманието на Јунајтед и Челзи.


Менаџерот на Ренџерс, Волтер Смит, ќе има тешка задача да го задржи 17 годишниот Флек на Иброкс стадионот ако точни се шпекулациите дека тимови од калибарот на Јунајтед и Челзи се многу заинтересирани за него.Инаку, Волтер Смит е многу добар пријател и поранешен колега со Сер Алекс и се верува дека братот на Сер Алекс, Мартин Фергусон, го гледал Флек како изигра 70 минути минатата недела во натпреварот против Абердин кој заврши со 0-0.Флек исто играше во натпреварот од Insurance купот против Фалкрик во вторникот, но само 13 минути бидејќи влезе како резерва при крајот на натпреварот кој заврши со 3-0 за Ренџерс.

Како и да е, Волтер Смит е човекот кој го откри овој талент уште минатата сезона во натпреварот против Queen of The South во финалето на Шкотскиот куп.Сега тинејџерот има шанса да освои уште еден медал од Co-op купот на 15ти Март.Сепак, фановите се плашат да не им замине новиот играч и да освојува многу поголеми и повредни трофеи како Премиер Лигата, Лигата на Шампионите и сл. со тимови како Јунајтед.

петок, 25 септември 2009

Сеуште го сакам Јунајтед - Роналдо

Крилото на Реал Мадрид, и легендата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо изјави дека и покрај рекордниот трансфер во Реал, сеуште го сака Јунајтед.


"Го гледам секој натпревар на Јунајтед на ТВ.Сеуште сакам да знам што се случува на Олд Трафорд, иако сум во Реал.Многу ме радува тоа што сега за сега им оди добро и што успеаа да ги победат Сити во градското дерби." - изјави Роналдо за The Mirror.

Роналдо исто посочи дека интернационалниот колега Нани има огромен потенцијал и дека верува дека ќе стане голем играч.

"Додека ги гледав натпреварите, забележав дека Нани стартува се повеќе за Јунајтед отколку минатата сезона кога јас бев во тимот.Тоа е добро за него и ќе го искористи правилно.Сега има повеќе простор за докажување и ќе им покаже на фановите колку голем играч е."

"Многу го почитувам како играч.Има огромен потенцијал и дефинитивно е огромен талент и за неколку години ќе биде меѓу најдобрите фудбалери во Светот.И добро е што фановите го сакаат и се среќни со неговата форма којашто ја има засега" - заврши Португалецот.

Фостер стартер против Стоук

Бен Фостер ќе го започне натпреварот против екипата на Стоук како голман на Манчестер Јунајтед, иако во средата, Томас Кушчак ја воодушеви присутната публика на Олд Трафорд со неколку негови одлични интервенции. Друга добиена информација е дека Едвин ван дер Сар ќе паузира уште 3 седмици.



„Едвин ќе биде отсутен уште 3 седмици. Мечот од Карлинг Купот беше одличен момент Кушчак да настапи, но Фостер ќе биде првиот избор во сабота, против неговиот поранешен клуб“, изјави Сер Алекс Фергусон. Фергусон изјави и дека во тимот нема нови проблеми ниту проблеми со играчите и дека истите избраници за минатонеделното дерби против Сити ќе стартуваат и против Стоук.

четврток, 24 септември 2009

Анализа:Стоук v Јунајтед



Премиер Лига, 7мо коло|Сабота, 26 Септември 2009|Почеток: 16:00h
Стадион: Britannia Stadium, Stoke-On-Trent

Конечно и полесен противник после 4 многу тешки натпревари.Барем се надевам дека е полесен.

Минатата сезона во 2 средби со Стоук не успеаа да ни земат ни бод, иако кога игравме на гости беше прв натпревар по враќањето од Азија поради Светското Клупско Првенство.Сепак, минатата сезона многу ни помогнаа Стоук кон освојувањето на титулата, Ливерпул најдобро знаат зошто, одземајќи им значајни поени.Ние пак, еднаш ги демолиравме со 5-0 на Олд Трафорд, а еднаш на Боксинг Деј, Тевез во последните 5 минути од натпреварот го постигна победоносниот гол.

Од натпреварите што ги имам следено на Стоук, изгледаат како тим кој може да конкурира за средината на табелата, иако немаат никакви звучни имиња.Но, откога ќе примат гол и имаат негатива, скоро никогаш не се вратиле (минатата сезона + досега = 2 пати) и најчесто примаат по повеќе парчиња.Сега играат дома, против Шампионите на Англија, не им треба поголема мотивација за да не го остават срцето на теренот.

Јунајтед пак, со нанижени 6 победи по ред и само 1 изгубен натпревар од Барнли на гости, гледа да додаде +3 поени на своите 15.

Можни состави

Sorensen
Faye - Shawcross - Collins - Huth

Delap - Whelan - Whitehead - Etherington

Kitson - Fuller
Kuszczak
O'Shea - Vidic - Evans - Evra

Nani - Fletcher - Anderson - Giggs

Owen - Berbatov


Моја прогноза:
Стоук 0 - 1 Јунајтед
Нани :)

Харго се врати!

Овен Харгривс денеска беше забележан на тренинг центарот на Манчестер Јунајтед во Керингтон, и се верува дека е блиску до конечно заздравување по долгото отсуство од теренот.


Харго отсекогаш имал проблеми со коленото, уште од времето кога беше во Баерн, а се очекуваше дека нема веќе да се случува откога за голема сума на пари во 2007 стана Ѓавол, но очигледно не беше така.Минатата сезона по само 4 натпревари го повреди коленото, па потоа се искомпликува и сега, конечно, се очекува да се врати кон крајот на Ноември за да му помогне на својот тим.

Пред 2 сезони, Јунајтед со негова помош ја освоија Лигата на Шампионите и Премиер лигата, и ќе се памети како една од најуспешните сезони на тимот.Таа сезона Харго остана неповреден и помогна на тимот со неколку фантастични голови и натпревари.Самото негово присуство на теренот влијае многу на тимот, гласеше изјавата на Рио Фердинанд на натпреварот кога се повреди.

Посетуваше специјалисти во САД, кои ги посетуваат и најврвните фудбалери и сега сите го исчекуваат моментот кога ќе се врати во првиот состав.Сер Алекс изјави дека нема да го форсира по било која причина, бидејќи е важно да оздрави 100% за да не се повреди повторно.Истотака, Фергусон го стави Харгривс во листата на играчи за Лигата на Шампиони.

Јунајтед 1 - 0 Вулверхемптон!

Младите конечно добија шанса.Иако со 10 играчи, Јунајтед успеа да победи минимално во првиот натпревар од Карлинг купот против Волфс, со голот на големиот талент, Дени Велбек.



Конечно, натпреварот кој многу од играчите од академијата и резервите го чекаа за да добијат шанса да играат за Јунајтед дојде.Минатата година буквално со играчи од резервите го освоивме купот, се надеваме дека така ќе биде и сезонава, да докажеме дека имаме една од најдобрите академии во светот.

На почетокот, правевме шанси но без директен удар на голот.При една таква шанса, контра направија "Волците" и Мајкл Кајтли остана сам против Кушчак, додека Фабио веќе беше паднат па мораше да реагира брзо и го зафати со рацете.За таков старт и заслужено си доби директен црвен картон во 30та минута, што значеше крај на неговиот настап, но и на Македа, кој веднаш беше заменет од Ричи Де Лает, за да има кој да ја пополни левата бековска позиција.Сепак, јас лично го оправдувам стартот на Фабио, бидејќи спаси чист гол, се сеќавам еднаш и Солскјаер го направи истото, при контра на противникот.

Голот конечно стигна преку младиот англичанец и пред се роден во Манчестер, Дени Велбек, кој по повратна топка од Овен, успешно ја смести топката во голот на Волфс, со што го постави и конечниот резултат на натпреварот.

Кевин Дојл имперсионираше денес за Волфс, со што имаше неколку добри шанси,пробиви и шутеви кон голот, иако влезе како резерва.Додека пак, кај нас, Кушчак изигра на високо ниво, што можеби ќе го тргне Фостер од голот за натпреварот против Стоук во Премиер лигата.

понеделник, 21 септември 2009

Овен пресреќен!

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен, изјавува дека неговиот погодок за победа во градското дерби против Сити е еден од најубавите моменти во неговата кариера. Во неделното дерби, Овен влезе од клупата, но речиси не ја ни допре топката се` додека Белами не израмни на 3-3. Како и да е, одличниот пас на Рајан Гигс во судиското продолжение дојде во Овен, кој со неговиот удар не ја прободе само мрежата на Гивен, туку и срцата на навивачите на Сити кои беа присутни на Олд Трафорд.


Ова беше првиот гол на Овен за Јунајтед на Олд Трафорд и 29 годишниот напаѓач, кој има премногу убави и прекрасни голови во својата кариера, верува дека овој погодок кој го реши победникот е еден од најубавите во својата кариера.

„Прекрасно е чувството да се постигне таков гол во такво дерби. Толку беше прекрасно што дури беше и тешко да се поверува. Сепак, дербито беше еден од најубавите натпревари што воопшто се одиграле во светскиот фудбал. Но ние (Јунајтед), нема да се кренеме во облаци по оваа победа. Ние сме Манчестер Јунајтед, мораме да продолжиме да победуваме. Имаме меч во среда и мораме да останеме прибрани за да победиме.“, изјави Мајкл Овен.

Јунајтед 4 - 3 Сити!

Гол во последниот момент на натпреварот од Мајкл Овен, ја носи победата за Ѓаволите во можеби, најдоброто градско дерби на сите времиња.

Вејн Руни го постигна првиот гол на фантастичниот натпревар по само 2 минути игра, откако успеа да избегне 2ца дефанзивци на Сити и ја внесе топката во голот на Гивен.

Сити го почнаа катастрофално натпреварот, но грешката на Бен Фостер им овозоможи да се вратат во игра, откако поранешниот ѓавол, Карлос Тевез му ја одзема топката и ја подаде кон Герет Бери кој шутна кон празниот гол за 1-1.Со тоа заврши и полувремето.

Во почетокот на второто полувреме, исто како на почетокот и на првото, Јунајтед имаа посед на топка и по нафрлената топка од Рајан Гигс, Дарен Флечер скокна и ја смести во голот на Шеј Гивен за водство од 2-1.Иако Јунајтед доминираа, една грешка во средината ги кошташе Белами да шутне надвор од 16-никот директно во аголот на голот на Фостер и да го израмни повторно резултатот на 2-2!

Постојано напаѓаа Црвените Ѓаволи, но фантастичниот Шеј Гивен одбрани 2 сигурни голови на Димитар Бербатов.Конечно, во 80тата минута по нафрелната топка од слободниот удар на Гигс, повторно Дарен Флечер успеа да ја зафати и да ја смести во голот на Гивен.3-2 за Јунајтед и само 10 минути до крај.

Ниеден од фановите неможеше да поверува што се случи откако Фердинанд направи катастрофална грешка и ја подаде топката кон Белами, кој потоа го претрча и ја смести топката во голот на Бен Фостер, во 90тата минута и да израмни на 3-3.4 минути продолжение од судијата, плус измена за Јунајтед, Керик на местото на Андерсон.

95та минута, веќе минато судиското надополнување, топката кај Руни, подава до Гигс, кој го забележува Мајкл Овен осамен во 16никот на Сити, долга топка до Овен, мал спринт, и гол за ѓаволите, со што го добиваат најдоброто градско дерби до сега.Фантастичен натпревар, кој би посакувал нешто повеќе?

Дарен Флечер и Рајан Гигс дефинитивно беа најдобри на натпреварот и заслужено си ја добие man of the match наградата.Честитки за победата Ѓаволи, Glory,Glory Man United.

Головите:









Радост на денот на дербито за Евра

Дефанзивецот на Јунајтед цели на највисокото место на табелата по победата над Сити.


Патрис Евра го нарече дербито во Манчестер како еден од најинтересните натпревари во светскиот фудбал.

Важни натпревари како овој можат да бидат навистина тешки, со дополнителен притисок врз фудбалерите од навивачите кои очекуваат интересен фудбал.Ова сигурно не беше случај викендов на Олд Трафорд, каде навивачите беа сведоци на навистина интересен натпревар помеѓу двата градски ривала.

Евра, кој имаше тешко деби за Јунајтед против Сити во Јануари 2006, признава дека му било чест што учествувал во натпреварот овој викенд. Французинот верува дека Јунајтед заслужено победија и инсистира дека момците на Сер Алекс Фергусон сега атакуваат на првото место на табелата.

„Ова е еден од најдобрите дерби натпревари во светот“ изјави Евра за Скај Спортс. „Се сеќавам дека имав тешко деби во оваа земја против нив, но денеска покажавме дека сеуште сме најдобрите во Манчестер.“

„Тие се добра екипа и мислам дека можат да влезат во најдобрите 4 оваа сезона. На овој натпревар им недостигаа двајца клучни играчи, Адебајор и Робињо, па ќе видеме како ќе биде остатокот од сезоната.“

„Да бидам искрен, нашите грешки го направија мечот интересен. Требаше да победиме со поголема разлика и не дури во продолжението.“

Извор

Сер Алекс Фергусон го величи најдоброто дерби

Менаџерот на Манчестер Јунајтед победата на својата екипа над Манчестер Сити со 4-3 ја означи како најверојатно „најдоброто дерби на сите времиња“


Мајкл Овен стави крај на победничката серија на Сити со гол во продолжението од натпреварот, а претходно Јунајтед успеа да им подари 2 од 3 гола на противникот.

Фергусон изјави: „Нашите грешки го направија најдоброто дерби на сите времиња. Што би сакале повеќе, победа од 6-0 или најдоброто дерби? Јас сепак повеќе би сакал победа од 6-0“

Еуфоричниот Фергусон го опиша Овен како играч од „светска класа“ чиј гол ја запечати победата за Јунајтед откако претходно Граѓаните 3 пати се враќаа во игра. Поранешниот напаѓач на Ливерпул има само 1 настап во првиот тим во Премиер Лигата оваа сезона за Манчестер Јунајтед откако се пресели на Олд Трафорд од Њукасл, но веќе постигна 2 погодока влегувајќи како измена.

„Мајкл играше само околку 17 минути“ изјави Фергусон. „Тој беше најдобриот човек што можеше да биде на теренот кога играта се одвиваше во нивниот шеснаесетник. Нема подобар реализатор на шанси од него. Неговата позициона игра, првиот допир и реализација беа одлични. Светска класа.

Дербито во Недела беше придружено со неколку вербални расправии неколку дена порано низ медиумите помеѓу играчите и менаџерите на двата тима. Со победата само се докажа дека парите на Сити сеуште не можат да ја заменат славата на Јунајтед.

„Понекогаш се случува да имаш сосед кој прави многу врева. И не можеш да сториш ништо. Тој секогаш ќе прави врева.“ изјави Фергусон. „Само треба да се продолжи со животот, да се вклучи телевизорот и да се пушти повеќе глас...“

„Денеска моите играчи ја покажаа својата форма. Тоа е најдобар одговор на се.“

Извор

сабота, 19 септември 2009

Анализа на противникот: Манчестер Сити



Премиер Лига, 6то коло|Недела, 20 Септември 2009|Почеток: 14:30h
Стадион: Old Trafford, Manchester
По натпреварот во Лигата на Шампионите против Бешикташ, конечно дојде време и за градското дерби.Засега, сме во добра форма, победувајќи на последните 3 натпревари против Виган,Арсенал и Тотенхем.Сити се во уште подобра форма, победувајќи ги сите досегашни натпревари во Премиер лигата, но Јунајтед успеа да прекине 2 тима кои имаа 100% ефект, се надеваме на хет трик :).Истотака Сити ќе бидат многу ослабнати, со тоа што ќе им фалат играчи како Адебајор,Тевез,Робињо,Санта Круз,Компани за кои платија 102 милиони фунти.
Последниот пат кога игравме против Сити, головите ги дадоа нашите поранешни играчи, Роналдо и Тевез, за победа од 2-0.Јунајтед ќе имаат многу тежок распоред почнувајќи од сега, со тоа што ќе треба да изиграат 5 натпревари за 13 дена!3 во Премиер лигата, 1 во Карлинг купот и 1 во Лигата на Шампионите и тоа против германските шампиони Волфсбург, на Олд Трафорд.

И ние имаме неколку повредени играчи како Рафаел,Харгривс,Обертан и ВДС, а Сколс е казнет за денешниот натпревар поради црвениот картон.Сер Алекс ги одмори Рио,Гигс и Флечер во натпреварот во Турција, и најверојатно сите ќе играат во првиот тим, освен Рио за кој сеуште не се знае дали ќе биде фит да игра.

Можните состави:



Исто занимлив е фактот дека ако Сити изгубат, тоа ќе им биде 200та победа во Премиер лигата.Па да им го честитаме јубилејот :).

Моја прогноза:
Јунајтед 2-1 Сити
Руни,Флечер - Ајрленд

Фердинанд: Ливерпул се нашите вистински ривали, не Сити!

И Рио Фердинанд не остана покусо по неговите колеги Евра и Руни и тој во јавноста изјави дека Јунајтед е тимот кој владее во Манчестер, а не Сити и дека на тој тим ќе му треба уште долго време и многу успеси за да стане тим број 1 ривал на Јунајтед.


30 годишниот централен одбранбен фудбалер на Јунајтед најверојатно ќе се врати во стартниот состав во недела за дербито на Манчестер, каде Јунајтед го пречекуваат својот сосед. Тимот на Марк Хјуз ќе биде ставен на последниот тест кој треба да ги испита нивните амбиции за шампионска титула откако направија 100 процентен старт во ПЛ и потрошија 120 милиони фунти за засилувања.

Ќе биде уште многу поинтересно и ако Карлос Тевез се појави на утрешниот натпревар, но шансите за тоа се мали, поради неговата повреда со која се здоби на мечот на кој ја претставуваше Аргентина минатата недела.

Фердинанд изјави и дека Тевез одбил 25.5 милионски трансфер во Ливерпул, само за да му се приклучи на Сити, без почит кон навивачите, бидејќи дербито со Мерсисајдерите на нив им значи повеќе отколку дербито со Ливерпул. Тој изјави: „Мислам дека Карлос отиде во Сити бидејќи знаеше дека ќе ги разочара навивачите ако отиде во Ливерпул. Тоа само појаснува колку е големо нашето ривалство.“


петок, 18 септември 2009

Руни ги одбива амбициите на Сити

Ѕвездата на Црвените Ѓаволи е убеден дека шампионите ќе завршат над градските ривали.

Двата тима се среќаваат во Недела на Олд Трафорд во едно од најочекуваните градски дербиа во последните години.

Мега-богатиот Манчестер Сити без сомневање е подобрен со 12о-те милиони фунти кои менаџерот Марк Хјуз ги потроши ова лето, обидувајќи се да состави тим способен за борба за титулата. Сити влегуваат во дербито со победи на сите 4 натпревари во Премиер Лигата, и победата од 4:2 им дава надеж на Граѓаните дека може да се натпреваруваат за титулата оваа сезона.

Но Руни е скептичен дека Сити се способни да ја освојат титулата, и рачуна на искуството на шампионите во борбата за медали во претходните години.

„Тоа што се случи со Сити навистина е прекрасно за нивните навивачи“ изјави Вејн Руни за Дејли Мејл. „Купија добри играчи и се чувствува голема возбуда низ целиот град. Тоа е одлично за сите во Манчестер и во Премиер Лигата исто така, бидејќи сега има уште еден тим кој е предизвик. Но сите знаеме дека не е се во тоа кој играч е купен и колку пари се потрошени. Уверен сум дека ќе ја совладаме нивната екипа. Ние имаме искуство во освојување трофеи, и менаџер кој што бил во ситуација да освојува трофеи, видел како се прави тоа и го има направени многу пати.“

Извор

Силва не си оди од Валенсија...во Јануари

Познатиот шпански новинар Гилем Балаг, верува дека Давид Силва нема да ја напушти Валенсија за да се приклучи на Манчестер Јунајед...барем во Јануари.

Последните неколку денови, Давид Силва беше поврзуван со трансфер од 25 милиони фунти во Манчестер Јунајтед и како Сер Алекс бил голем фан на неговата игра.

Истотака 23 годишниот шпанец изјави дека би бил презадоволен ако би успеал трансферот во Манчестер Јунајтед.Но Гилем Балаг мисли дека Силва нема да ја напушти Местаља, барем не до следното лето.

"Убеден сум дека и да стигне голема понуда до Валенсија тие ќе ја одбијат поради.Како прво, имаат намера да завршат во големата четвротка и евентуално би го продале Силва во летниот период поради лошите финансиски проблеми.Како второ, следната година има Светско првенство а Силва е многу важен играч за Шпанската репрезентација и мора да е во голема форма со што ќе може да му се зголеми и цената и бараноста од другите тимови." - кажа Балаг за Sky Sports News.

Во последните 12 месеци Силва беше баран од многу големи европски тимови како Барселона,Милан,Ливерпул,Реал Мадрид,Манчестер Сити и други.

Извор

четврток, 17 септември 2009

Фергусон: Сколс не треба да се пензионира налето

Пол Сколс, играчот од средниот ред на Манлестер Јунајтед, кој ќе го пропушти наредниот дерби меч на неговиот тим против Сити поради суспензија од еден меч, стана најдобриот англиски голгетер во ЛШ со неговиот погодок против Бешикташ во вторникот.


Сколс се повлече од англиската репрезентација во 2004та година со 66 настапи на 29 годишна возраст. Но, приближувајќи и се на 35тата година од животот во ноември, Фергусон признава дека неговите години се ирелевантни. „Не верувам дека ова е последна сезона за Пол. Не на начинот на кој што игра. Тешко е да се каже дали ќе се повлече затоа што се` уште сме септември, но свежиот Сколси е одличен за Јунајтед а планирам како таков да го користам почесто. Нема да ги одигра сите натпревари, многу јасно, затоа имаме цела плејада на фудбалери, но ако успеам од него да извлечам 25 натпревари, јас ќе бидам презадоволен.“, се изјасна Фергусон

Во врска со црвениот картон против Тотенхем, Сколс изјави: „Бев премногу разочаран што ме исклучија од играта. Многумина видоа дека тој старт не беше за втор жолт картон и бев нервозен што ја напуштив играта тогаш кога најмалку требав.“

Давид Силва: Не би можел да го одбијам Манчестер

Младиот Шпанец потенцира дека трансфер во Јунајтед сепак е можен.


Крилниот играч на Валенсија ја даде најсилната индикација дека е заинтересиран за трансфер на Олд Трафорд.

Последните неколку месеци, Силва, беше следен од Сер Алекс Фергусон и имаше испратено скаути на 2 натпревари на Валенсија, да го следат токму него, според The Daily Mirror.

23 годишниот Силва импресионираше за Шпанија во Европското првенство во 2008ма година, а имаше и неколку добри натпревари за Валенсија.Шпанецот признава дека би можел да стане Ѓавол следното лето.

"Чест е за кој било играч да знае дека тим од калибарот на Манчестер Јунајтед е заинтересиран за него.Јас сум приврзан за Валенсија и ќе настапувам најдобро што можам за да освоиме некоја титула, но иднината никогаш не се знае.Валенсија одбија неколку понуди за мене во последните месеци и среќен сум тука.Истотака знам и дека Премиер лигата е огромна сцена и тешко е за одбивање." - изјави Давид Силва.

Силва истотака беше баран од Ливерпул летово, но Црвените неможеа да понудат 30 милиони фунти, цената којашто ја бара Валенсија за Силва.

За Манчестер Јунајтед парите не би требало да бидат проблем, бидејќи сеуште имаат од 80те милиони добиени од трансферот на Кристијано Роналдо.

среда, 16 септември 2009

Бешикташ 0-1 Јунајтед!

Можеби и најверојатно најтешките 3 поени сезонава во сите конкуренции, беа оние освоени денес, против Турскиот шампион, Бешикташ.Голот на Сколс беше доволен за минимална победа.

Јунајтед ја започнаа својата мисија за враќање на трофејот од Лигата на Шампиони, против Бешикташ, на многу гласниот Инону стадион вчера.

Натпреварот беше решен од играчот кој што доби црвен картон на победата од 1-3 на Ѓаволите против Тотенхем на гости, Пол Сколс.Легендата на Јунајтед успеа да погоди на 13 минути пред крај на натпреварот за да им донесе на Ѓаволите многу значајни три поени.

Руни и Видич имаа шанси во првото полувреме да му донесат водство на Јунајтед, додека пак на другата страна Сердар Озкан испрати шут кон голот на Фостер, но за среќа топката помина над голот.

Се изнамачија Јунајтед за да стигнат во водство, и почетокот на второто полувреме ко почнаа со шансата на Керик во почетните секунди од полувремето.Потоа Фостер одбрани удар од Родриго Табата и Валенсија шутираше непрецизно кон голот на Бешикташ.Конечно во 77мата минута, шампионите од 2008та година успеаа да постигнат гол, со глава, преку нискиот Пол Сколс.Голот стигна по шутот на Нани, кој беше одбранет од голманот Хакан Арикан, за потоа Сколс на празен гол да ја внесе топката во мрежа.

Сколс го слави голот

Мајкл Овен и Димитар Бербатов влегоа во второто полувреме на местото на Руни и Керик, што на Руни воопшто не му се допаѓаше и реагираше нервозно.Се надеваме дека нема да се повторуваат такви случки.


вторник, 15 септември 2009

Поразот од Барселона се` уште ме боли

Францускиот одбранбен фудбалер во редовите на Јунајтед, Патрис Евра, признава дека и по скоро 4 месеца од изгубеното финале, поразот се` уште буди кај него непријатни чувства.


Евра изјавува дека не можел на раат да ужива во освоената круна во Премиерлигата, Карлинг купот и Светскиот клупски шампионат поради начинот на кој Манчестер беше понижен од Барселона минатата сезона.

„Јас сум победник - сакам да победувам, затоа се` уште се прашувам што се случи во Рим таа ноќ. Сите велат дека минатата сезона одигравме одлично, освоивме три трофеи, но кога ќе изгубите финале на таков начин е многу фрустрирачки. На луѓето не им го покажавме вистинскиот Манчестер Јунајтед, бевме вознемирени и за мене е тоа голем срам. Моите соништа се срушија. Кога ќе помислам на минатата сезона, не помислувам на освоените трофеи, туку на тој изгубениот и тоа е причината поради која оваа година сакам да го освоиме и ме прави решен да бидам што подобар во играта.“, изјави 28 годишниот Евра.

понеделник, 14 септември 2009

ЛШ Противници: ЦСКА Москва

Ексклузивно, блогот UnitedDevils ви овозможува анализа на противниците во групата Б од Лигата на Шампионите.За крај, рускиот прволигаш и тимот со огромни таленти во својот состав, ЦСКА Москва.


Целосно име: PFC Tsentralnyi Sportivnyi Klub Armii Moskva (Professional Football Club Central Sports Club of Army Moscow)
Основана: 1911 година
Стадион: Luzhniki Stadium, Moscow (78,000)

Менаџер: Хуанде Рамос.
Успеси: 3 пати шампиони во Руската Премиер лига, 7 пати шампиони во УССР лигата(иста разлика како Англиската Премиер лига и Третата Англиска лига), 10 пати освојувачи на Рускиот куп и 1 Уефа купот.
Минатата сезона: Втори во Руската Премиер лига, освојувачи на Рускиот куп, а во Уефа купот изгубија во последните 16 од Шахтјор.

Моментален состав:
Голмани: Yevgeni Pomazan, Igor Akinfeev (капитен)
Одбрана: Deividas Šemberas, Sergei Ignashevich, Aleksei Berezutskiy, Chidi Odiah, Vasili Berezutskiy, Georgi Schennikov, Anton Grigoriev
Средина: Daniel Carvalho, Alan Dzagoev, Pavel Mamaev, Mark González, Miloš Krasić, Elvir Rahimić, Caner Erkin
Напад: Ouwo Moussa Maazou, Ricardo Jesus, Tomáš Necid

Тимот кој дефинитивно не е за потценување, и не смее од почеток да се отпишува е ЦСКА.Немаат многу домашни играчи, но фановите на Фудбал Менаџер сигурно ќе ги познаат Марк Гонзалез,Алан Џагоев,Даниел Карваљо и Игор Акинфеев.Гонзалез, солиден играч, на кој не му одеше добро во Ливерпул па си замина.Џагоев е избран за најдобар млад руски играч за минатата сезона.Акинфеев беше во радарот на големи тимови како Милан и токму нашиот тим, Манчестер Јунајтед.Јури Жирков си замина во Челзи, кој предтоа им беше најдобриот играч и Вагнер Лов е испратен на позајмица во Палмериас.Моментално се наоѓаат на 3то место во Руската премиер лига позади Рубин Казан и Спартак Москва.


Прогноза: 4то место

недела, 13 септември 2009

ЛШ Противници: Бешикташ

Ексклузивно, блогот UnitedDevils ви овозможува анализа на противниците во групата Б од Лигата на Шампионите.Овојпат, ќе ги анализиравме Бешикташ, моменталните шампиони во Турција.


Целосно име:Beşiktaş Jimnastik Kulübü
Основан: 1903год.
Стадион: BJK İnönü Stadium, Istanbul (32,000)
Менаџер: Мустафа Денизли
Најголеми успеси: 13 пати освојувачи на Турската Супер лига и 8 пати Турскиот куп.Минатата сезона ги освоија и купот и лигата.

Тимот на Бешикташ содржи многу интернационалци за репрезентацијата на Турција, меѓу кои најпознати се голманот Речбер Рушту, познат по воени црти на лицето, кои ги има пред секој натпревар, и новото засилување од Виљареал, кој се врати во тимот од кој замина, Нихат Кавеци.Минатите сезони, иако имаше многу повреди,успеа да постигне доста голови (75 во 7 сезони) и секако дека ќе претставува главна опасност.Менаџерот Мустафа Денизли пак, ја има освоено Турската лига со Бешикташ,Галатасарај и Фенербахче, а и во периодот од 1996 - 2000 година, ја водеше репрезентацијата на Турција.

Моменталниот состав:
Голмани: Rüştü Reçber, Hakan Arıkan, Korcan Çelikay
Одбрана: İsmail Köybaşı, Tomáš Sivok, Rıdvan Şimşek, İbrahim Toraman, Matteo Ferrari, Erhan Güven, İbrahim Kaş
Средина: Michael Fink, Matías Emilio Delgado, Rodrigo Tello, Ekrem Dağ, Necip Uysal, İbrahim Üzülmez (captain), Serdar Özkan, Uğur İnceman, Onur Bayramoğlu, Fabian Ernst, Yusuf Şimşek
Напад: Nihat Kahveci, Mert Nobre, Bobô, Filip Hološko

Прогноза: 3то место

Гигс горд на својот рекорд

Ветеранот на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, го откри своето задоволство поради продолжувањето на неговата рекордна серија на постигнување голови.


35-годишниот играч од средниот ред лансираше неодбранлив слободен удар против Тотенхем во Саботата и со тоа останува единствениот играч кој што има постигнато гол во секоја сезона од Премиер Лигата.

Неговиот импресивен погодок им помогна на Црвените Ѓаволи да се вратат од еден гол негатива на Вајт Харт Лејн и на крај да успеат да слават со 3-1.

Гигс е задоволен што остави свој белег во сезоната 2009-10, но инсистира дека има уште многу од него во овој период.

„Горд сум поради тоа што постигнав гол во секоја сезона од Премиер Лигата, но се надевам дека нема да биде тоа се од мене.“ изјави Велшанецот. „Не сакам ова да биде мојот единствен гол оваа сезона. Се надевам дека ќе постигнам повеќе. Не постигнувам многу голови, како пред извесно време, но се трудам да постигнувам важни погодоци. Овој против Тотенхем беше еден од тие.“

Голот на Гигс ја неутрализираше предноста на Тотенхем добиена со голот на Дефо уште во 50-та секунда, додека Андерсон и Вејн Руни ги обезбедија трите поени за Ѓаволите. Пол Сколс беше исклучен поради два жолти картони во второто полувреме, па поради тоа успехот на Јунајтед уште повеќе се истакнува.

Извор

сабота, 12 септември 2009

Ле Авр не се откажува

Ле Авр одбива да се повлече од трансфер караницата со Манчестер Јунајтед. Францускуот тим настојува да докаже дека Јунајтед ги прекршил правилата при трансферот на 16 годишниот Погба.


Јунајтед брзо возвратија на Ле Авр, и Сер Алекс им порача да ги повлечат коменатрите. Но претседателот на Францускиот тим, Жан-Пјер Лувел, изјави дека нема да има извинување од нивна страна и дека се повеќе напредуваат во случајот против Англискиот шампион.

„Тоа е кражба на млад фудбалер, кој беше под договор“ изјави претседателот на Ле Авр, „Заканите нема да не исплашат за да се повлечеме, нашите адвокати ќе го предадат случајот на ФИФА. Погба требаше да потпише младински договор, но тој не го стори тоа бидејќи неговите родители не сакаа. Сега тој нема лиценца да игра за Манчестер Јунајтед, и ФФФ не му ги даде потребните сертификати.“

„Големите клубови не смеат да постапуваат така. Играчот е загубен, но очекуваме дека ќе има казни и дека така ќе ги заштитиме нашите млади фудбалери.“


Летни трансфери - анализа

Откако Манчестер Јунајтед доби 80 милиони фунти за трансферот на Кристијано Роналдо, сите очекуваа дека Сер Алекс Фергусон ќе донесе дури 2-3 големи имиња на Олд Трафорд и ќе ги засили сите позиции во тимот. Но очигледно, повеќето се` уште не ја научија трансфер политиката на Јунајтед и Фергусон. Од тие пари, беа купени млади фудбалери кои се` уште не се стекнати со светска слава и на тимот му се приклучи и легендата на англискиот фудбал, Мајкл Овен.


Прв што му се приклучи на тимот беше централниот фудбалер на Виган, еквадорскиот репрезентативец Луис Антонио Валенсија. Веднаш јавноста мислеше дека Валенсија ќе биде наследникот на Роналдо и почна да шири таков притисок. Но Валенсија, од досегашните игри, повеќе делува како фудбалер кој е премногу смирен и се пробива на теренот со неговиот одличен дриблинг и потоа асистира и нафрла кон напаѓачите, за разлика од Кристијано кој најчесто и самиот ја финишираше акцијата. Во Премиерлигата се` уште не сме го виделе неговиот прв погодок, но би сакале да не почасти нас, фановите на Јунајтед со многу голови како неговиот последен за репрезентацијата на Еквадор.


Друго засилување кое му се приклучи на Манчестер Јунајтед е младата француска ѕвезда во подем, Габриел Обертан од тимот на Бордо од француската лига и младински репрезентативец на Франција. Oбертан игра добро на три позиции, како напаѓач, центар и крило, што може да му се најде на Фергусон како замена за некоја повреда кај играчите од првиот тим, се` додека Обертан пополека не се здобие со искуство и се привикне на Премиерлигата за да биде стандарден првотимец во тимот.
Обертан е повреден и се` уште нема настап за Јунајтед.



Ако го исклучиме Маме Бирам Диуф, кој на тимот ќе му се придружи во јануари и затоа нема што да пишуваме за него, нареден за анализа е Мајкл Овен. Еден од најдобрите голгетери во Премиерлигата и за англиската репрезентација. Момчето кое што беше икона на Ливерпул со неговата бомбастична форма пред да замине во Реал Мадрид, па да премине во Њукасл и на крајот, на бесплатен трансфер да му се приклучи на Јунајтед. Како бомба одекна оваа вест во Англија, трансферот се случи за неколку часа иако Овен беше подложен на подолготрајни испитувања и лекарски прегледи поради неговите чести повреди од кои многу страдаше во текот на неговара кариера.
Голем плус за Овен е затоа што тој веќе знае како функционира Премиерлигата и е играч кој сака да ја обнови својата кариера и да не` потсети сите како поентираше во неговите најдобри денови во младоста, кога играше за Ливерпул. Од досегашните негови наптревари за Јунајтед, на азиската тура, Ауди купот и Премиерлигата, Овен многу често и лесно влегува во шанса за гол, но се чини дека се` уште не може да го пронајде неговото чувство за поентирање, на кое резултат беа неговите промашувања. Но го постигна неговиот првенец за јунајтед и и` вети на публиката дека ќе постигне уште многу.
Дали ќе биде во право, ќе видиме. Се надеваме дека да.

петок, 11 септември 2009

Анализа на противникот:Тотенхем

Премиер Лига, 4-то коло|Сабота, 12 Септември 2009|Почеток:18:30h
Стадион: White Hart Lane,London

На Вајт Харт Лејн во сабота гостуваат моменталните Премиерлигашки шампиони, Манчестер Јунајтед, после долга
интернационална пауза Премиерлигашки фудбал.Дојде во најлошиот можен период за екипата на Спарси.Почнаа
фантастично, со освојување на сите можни бодови, но сега ќе се докаже колку навистина тимот може да издржи
сезонава.Басонг се жалеше на повреда откако се врати од настапите за својата репрезентација но сеуште не се
знае дали ќе може да игра.Вудгејт,Мордиќ, и Досон дефинитивно нема да играат па сеуште не се знае дали Чорлука ќе
мора да стартува од централната бековска позиција.

Кај Јунајтед, уште една сезона се не толку сјаен почеток, изгубен натпревар од Барнли, тешко издојувани победи
против Бирмингем и оваа последната против Арсенал.Точно 2 недели од натпреварот со Арсенал, којшто сигурно,
по неговото завршување, никој од фановите не го остави рамнодушен.

Како и да е, да ги тргнеме настрана Арсенал, да се фокусираме на Спарси.Последен пат кога се сретнавме?
25 Април.Резултатот? 5-2!Губевме 0-2 на полувреме, но во второто бевме сведоци на еден од најголемите пресврти
во историјата на Јунајтед.2 гола на Роналдо и Руни и едниот на Бербатов беа доволни да се осигура победа
против Тотенхем, дали ќе успее да се повтори?

Повредени играчи ни се Харгривс,Обертан,ВДС,Рафаел и O'Шеј, а не е сигурен ниту Рио дали ќе настапи, по
изјавите дека бил спремен за игра.

Најверојатните состави


Болдираните се сигурни, неболдираните се неизвесни.


Судија на натперварот ќе биде Андре Маринер

Интересни факти:

Јунајтед немаат изгубено на Вајт Харт Лејн од 2001.

Ако Тотенхем победат, ќе имаат најмногу победи сврзано по ред (пет победи) во нивната историја.

Руни има постигнато 4 гола во последните 4 настапи против Тотенхем.

Џермејн Дефо има дадено 3 гола против Јунајтед додека беше во Вест Хем, но не успеа ниеден да постигна додека беше во Портсмут и откога се врати во Тотенхем.

Мојa прогноза
Тотенхем 0-2 Јунајтед
Руни,Видич.

Акинфеев склон кон Јунајтед

Рускиот голман на мрежата на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев изјави дека со задоволство би прифатил трансфер во Јунајтед.


Младиот Руски интернационалец е баран од некои од најголемите Европски тимови, откако импресионираше во настапите за неговата репрезентација на квалификациите за Светското првенство.

Освен со Јунајтед, Акинфеев беше поврзуван со Баерн Минхен и Арсенал.Со оглед на годините и прибилжувањето на крајот на кариерата на Едвин Ван Дер Сар, на Фергусон би ми бил добредојден потенцијал како Акинфеев на голот, и Фостер повторно би имал голема конкуренција на голманската позиција.

23 годишниот Русин, врати на позитивен начин, со неговата изјава дека не би можел да одбие трансфер кон тим како што е Јунајтед.

"ЦСКА е голем тим, но секој играч би сакал некогаш да заигра за Јунајтед" - беше цитиран Акинфеев во весникот The Sun.

Посетители

Администратори