сабота, 14 август 2010 г.

The journey begins...

Конечно после долги 3 месеци клупскиот фудбал се враќа на сцена, започна Премиер Лигата, најинтересното и највозбудливото национално првенство во светот. А со тоа започнува патот и јуришот на нашиот Манчестер Јунајтед по титулите пред се во домашното првенство и по европската круна.


ПРЕДСЕЗОНА

Ниеден тим со амбиции како нашите не може ни да замисли да биде конкурентен на ниеден фронт без добра подготовка и неколку добри мечеви под низвните нозе. Глобалната популарност на клубот и огромниот број на фанови претставуваат значаен дел од имиџот на клубот. Оваа година главниот дел од пред-сезоната се одржа во САД, притоа одигрувајќи 5 натпревари со Селтик (3-1), Филаделфија (1-0), Канзас Сити (1-2), MLS All Stars (5-2) и натпреварот со Чивас (2-3) во Мексико. Последен натпревар од подготовителниот натпревар беше одигран со најдобрите играчи од ирската премиер лига (7-1).

Резултатите во овој дел од подготовките за мене беа неважни, напротив воигрувањето, фитнесот, кондицијата беа аспектите кои беа посакувани да се темпираат за стартот на сезоната. Иако без главните ѕвезди кои настапија на Светското, Јунајтед покажа дека младинците заедно со останатите играчи од тимот се доволно добри достојно да го престстават клубот. Се направија многу комбинации и претумбации на составот се со цел да се најде вистинската формација. Се одиграа мечеви, со повеќе или помалку солидни противници, од кои некои дадоа сериозен отпор па дури нашите играчи доживеаја 2 порази. Се на се добра пред-сезона кои играчите ги врати во натпреварувачка форма, се доби подобра слика за тимот и шанса за младите да се изборат за место во тимот.

ТИМОТ

ГОЛМАНИ

Дел од тимот од кој јас сум задоволен и мислам дека не би требало да имаме проблеми тука. ВДС покажува дека и покрај годините сеуште изгледа доста свежо, подвижно, добри рефлекси и прикажа добри игри во пред-сезоната. Иако најави дека ќе се пензионира во Јуни, сепак не ми би ме изненадило ако го продолжи договорот на уште една дополнителна година. Кушчак, одлична замена за ВДС, секогаш се труди кога е во тимот, посебно ме радува што е решен да се бори за местото бр. 1 со Едвин. Секогаш имам доверба и не сум премногу нервозен кога Томаш е на голот. Се надевам дека ќе добие повеќе шанса оваа година посебно во ФА и Карлинг купот. Амос, по продажбата на Фостер и на младите Хитон и Зилер беше јасно дека младиот Бен Амос ќе ја преземе улогата на трет голман во клубот. Се работи за голман на репрезентацијата на Англија под 21 година кој беше на позајмица во Норвешка и сега конечно се врати во матичниот клуб, каде се надевам ќе се покаже и ќе докаже дека во крајна нужда клубот ќе може сериозно да смета на неговите услуги на голот.

ОДБРАНА

Најмалерозниот дел од екипата лани. Оваа година се надевам дека ќе поминеме подобро со повредите (искрено полошо од лани и не би можело). Рафаел, одличен млад играч, десен бек кој секој натпревар за клубот го игра се подобро и подобро. Можеби му фали малку искуство, но мислам дека оваа сезона ќе добие далеку повеќе време во игра од лани и се надевам дека сериозно ќе се наметне кај Ферги за десната бековска позиција. Фабио, конечно Евра доби квалитетна замена по таа позиција. Верувам дека ова момче е наследникот на Патрис, учи од најдобриот, се наоѓа во клуб кој го цени и кај кои ги има сите услови да успее. Се надевам ќе го гледам почесто како дел од првиот тим на клубот. Видиќ, столбот и срцето на одбраната. Не би трошел премногу зборови на него, туку само ќе му посакам успешна сезона. со што помалку повреди и да продолжи со неговите игри во клубот како до сега. Фердинанд, хроничната повреда кај овој играч е нешто за што треба да сме загрижени. Кога тој е здрав е еден од најдобрите дефанзивци во ПЛ и светот. Му посакувам брзо опоравување од повредата и едвај чекам повторно да го видам партнерството Вида-Рио. Еванс, одличен млад дефанзивец, дефинитивно ќе добие голема минутажа оваа година и сигурен сум дека ќе ја оправда довербата. Формираат добра двојка со Видиќ. Смолинг, едно од новите засилувања оваа година, висок, добра подвижност, одлично игра со глава. Млад дефанзивец, кој се уште има многу да учи, но талентот и желбата се тука, а времето работи за него. Се наоѓа во вистинскиот клуб и верувам дека ќе прерасне во солиден играч од кој ќе гледаме многу одлични изданија во нашиот дрес. О'Шеј, играчот кој игра на буквално сите места во одбранта, злато вреден играч со големо искуство. Се надевам нема да има посериозни повреди ова сезона и ќе го даде придонесот за екипата кakо секогаш до сега. Невил, капитену што побрзо врати се во тимот, твојот дух и харизма се и тоа како потребни во соблекувалната. Можеби нема да го гледаме многу на теренот, ама сигурен сум дека кога ќе игра тоа ќе го прави во негов стил, со многу жар и борба на секој дел од теренот. Браун и Де Лает, играчи кои очекувам да прикажат солидни игри кога ќе добијат шанса од Ферги.

СРЕДЕН РЕД

Најозборуваниот дел од тимот минатата сезона, а и на почетокот на оваа. Минатата сезона имавме многу претумбации во средината, оваа година очекувам поголема воиграност и добро искористување на искуството од лани како играчите би покажале дека и покрај сите скептици и нивните верувања и критики оваа сезона токму средниот ред ќе биде главниот мотор на екипата. Сколс, легендата на клубот, како и досега голем дел од товарот ќе падне на него. Верувам дека и покрај годините и оваа година ќе биде лидер на другите играчи и пример за младите. Во отсуство на неколку играчи очекувам да игра во прваат постава. Гигс, што да се каже за овој играч, а не е веќе кажано. Верувам дека оваа сезона ќе гледаме многу асистенции, голови и добри игри кога ќе игра. Флечер, момчето кое за кратко време стана миленик на секој навивач на Јунајтед. Неговата борбеност, стил на игра, пожртвуваноста го прави еден од најбрите играчи од средниот ред во Премиер Лигата. Keep on the good work lad! Валенсија, еден од моите омилени играчи во клубот. Секогаш се труди да даде максимум, трча, се враќа да помогне на одбраната, од неговите асистенции ќе зависат многу работи оваа година. Нани, се надевам ќе ја покаже зрелоста од лани и дека конечно ќе блесне со целиот сјај. Од него очекувам 10+ голови во ПЛ и добар дел од асистенциите. Парк, неуморната машина од средината кој секогаш го дава максимумот ама баш во секоја прилика која ја има. Благодарен играч со борбеност на која многу други играчи можат да и позавидат, очекувам повторување на добрите сезони кој овој играч ги одигра за клубот. Керик, дефинитивно make or break сезона за него. Ако ги повтори слабите игри од лани не му бега трансфер во јуни. Играта од Комјунити Шилдот дава надеж дека може да ја врати формата од пред 2 сезони. Гибсон, ќе добие повеќе шанса од лани, се надевам ќе видиме уште некоја бомба од него годинава. Според мене ќе треба да покаже малку повеќе од лани и се надевам дека ќе има напредок. Обертан, од дечкото очекувам многу оваа година, периодот на адаптација мислам дека е завршен и дека годинава ќе покаже дел од раскошниот талент и техника кои ги поседува. Имаше добра пред-сезона, се надевам таа форма ќе ја видиме и во лигата. Клеверли, слободно можам да кажам мојот омилен млад играч во клубот (заедно со близнаците). Изигра одлично во Вотфорд лани кога беше позајмен, може да игра и централно и на левото крило, постигнува голови, завидна техника. Ова се само дел од причините зошто Ферги го задржа во тимот, наместо да го позајми како што многу очекуваа. Андерсон, кога ќе се врати на теренот ќе биде буквално како ново засилувањ за екипата. Може многу да понуди, јас сега за сега само му пожелувам што побрзо враќање во тимот. Бебе, трансфер кој морам да кажам дека дојде неочекувано во овој трансфер период. Искрено никогаш пред ова немав слушнато за овој играч. Има интересна животна приказна до сега, се надевам ќе биде уште поинтересна и исполнета со успеси кај нас. Не можам да кажам нешто повеќе за него, ќе почекам прво да го видам на теренот пред да дадам било каква оцена за него. Засега ќе го кажам само очигледното. Се работи за млад, цврст, одлично граден играч, со одлична брзина и по се изгледа солидна техника.

На крајот, на Харгривс му порачуавм да истрае во овие тешки моменти за него и да не се откаже. Тешко дека некогаш ќе го видиме стариот Харго, ама наше е да веруваме дека барем повторно ќе го видиме во како дел од тимот.

НАПАД

Лани скоро целиот товар падна врз Руни и како никогаш до сега покажа дека е лидерот на теренот и дека игра со целото свое срце и душа на теренот. Сигурен дека ќе го надмине лошиот период од Светското и дека ќе продолжи таму каде што застана лани. Бербатов, трпението на сите со него ни е пред сам крај. Како и да е, колку фановите и да се скептични сепак тие потполно го подржуваат и се надеваат дека ќе ги покаже игрите од Тотенхем. Мора да покаже поголема желба и мотивираност и дефинитивно да постигне повеќе голови сезонава. Хернандез, играч кои фановите веднаш го засакаа и стана миленик на фановите. Млад, брз, експлозивен играч од кој се очекува многу оваа година. Се надевам ќе стане голем играч кај нас и ќе го носи црвениот дрес уште многу години и секако да биде добра подршка за Руни во нападот. Овен, се врати по тешката повреда, напорно тренираше и на мое големо задоволство е спремен за новата сезона. Еден од најдобрите финишери во лигата со чие искуство ќе биде драгоцено. Македа, ова може да биде година кога Федерико ќе покаже дека е играч за иднината на кој и тоа како можат да сметаат во клубот. Добра пред-сезона за него, постигна убави голови. Шансата повеќе ќе ја бара во Карлинг и ФА Купот и сигурен сум дека и Ферги е свесен дека клучно за неговиот развој е што повеќе да игра за клубот и дека тој ќе ја добие таа шанса.

Им посакувам многу среќа и добри игри на сите играчи испратени на позајмици, добра сезона на Резервите и Академијата.

RED ARMY MACEDONIA

Како и лани, така и оваа година организаираното следење на мечевите на Јунајтед продолжува, сега на ново место. Очекувам уште поголем број на наши фанови да присуствуваат на собиранките. Оваа сезона настапуваме поорганизирано, со нови реквизити, Здружение на граѓани и се надевам ќе имаме уште поголеми успеси од лани. Клубот има прекрасни навивачи во Македонија, ми претставува задоволство што познавам голем дел од нив и што се дружиме сите заедно.

За крај нема да завршам со некоја од познатите Glory, GLory Man United или Love United, Hate Glazer, кои нели секако се подразбираат, туку тоа ќе биде со еден цитат на Сер Мет Базби кој мислам дека многу добро се вклопува во моменталната ситуација на клубот:

...You're gonna do us all proud. When you put on those red shirts just remember, you can do it, you can win this thing. If I could choose anywhere I wanted, from Hungary, West Germany, Italy, Spain, all of South America, I'd still pick every single one of you. You're Manchester United, go over there and get stuck in...

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори