недела, 28 март 2010 г.

Еванс сака повисока плата

Манчестер Јунајтед имаат проблеми со обновувањето на договорот на 22 годишниот дефанзивец Џони Еванс, поради тоа што Ирецот не бил задоволен од понудената плата.


Според најавите, Еванс ја одбил понудената плата од 40.000 фунти неделно и побарал да му биде зголемена на 60.000 фунти неделно од тимот.Иако Еванс нема намера да си оди од Олд Трафорд, тој верува дека таа е реалната плата којашто треба да ја добива, поготово по неговите префорамнси сезонава.

22 годишниот Ирец го имаше своето деби во Карлинг купот во 07-08 сезоната и Фергусон изјави дека во него го гледа заменикот на Рио Фердинанд на централната бековска позиција.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори