вторник, 23 март 2010 г.

Парк:Пиев сок од жаби и ги одбив Челзи

Откако го постигна победоносниот гол со Ливерпул минатиов викенд, Парк даде неколку интересни изјави.Една од нив е дека пиел сок од жаби пред натпреварот и дека ги одбил Челзи за да дојде во Јунајтед.


Парк дојде во Јунајтед од ПСВ во 2005 година, кога во тоа време на ПСВ менаџер беше Гус Хидинк.Тој изјавува дека Хидинк го терал да потпише за Челзи, но тој го одбил, следејќи го своето срце кое го носело во Манчестер.

"Кога го одбрав Манчестер мислам дека го изневерив Хидинк.Знам дека Хидинк сакаше да останам во ПСВ и подоцна заедно со него да заминам во Челзи, и ми беше многу тешко." - изјави Парк.

Освен што го одбил Челзи додека бил млад, тој вели дека изел и пиел неколку незамисливи работи за нормален човек пред натпреварот со Ливерпул.

"Ми рекоа дека ако јадам и пијам тоа што ќе ми го дадат ќе бидам во добра состојба и ќе имам повеќе енергија, па затоа јадев се што моите родители ќе ми дадеа.Татко ми има фарма за жаби и мајка ми ми направи сок и ми рече дека е здраво." - заврши Парк.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори