Сер Алекс признава дека е фан на играта на француското крило и дека најтешка мисија за натпреварот во вторник ќе му биде да го запре Рибери заедно со Арјен Робен.

Рибери уште одамна беше сметан за трансфер цел на Јунајтед, откако имаше многу шпекулации дека Јунајтед имале понуда од огромни 40 милиони фунти откако замина Кристијано Роналдо.Сега, тоа повторно се повторува гласејќи дека Јунајтед повторно истата цена ќе ја понудел по завршувањето на дуелот во ЛШ на Луис Ван Гал.
Фергусон изјавува дека е вистински фан на играта на французинот, но дека тој сепак е далеку од најдобрите играчи на светот според мене, Вејн Руни и Лео Меси.
"Робен и Рибери се главните играчи на Баерн и претставуваат вистинска опасност за Јунајтед.Многу добро комуницираат меѓусебно и многу често некој од нив двајца го спасува Баерн, па очигледно е дека тие претставуваат најголема опасност."
"Рибери е многу добар играч и многу ми се свиѓа неговата игра и професионалност.Не сум сигурен дека е горе со најдобрите на светот, како Меси и Вејн, но сепак тој е навистина добар играч.Робен е друга приказна, бевме многу блиску до неговиот потпис додека беше во ПСВ, но Челзи имаа посебна врска со нив бидејќи и Алекс беше кај нив неколку сезони пред да го купат, и затоа тој замина таму."
"Сепак, сметам дека моите бекови се доволно добри за да ги сопрат и двајцата, и ќе мора да играат на највисоко ниво против ваква класа на играчи.Не смееме да им дозволиме премногу простор" - изјави Фергусон.
0 коментари:
Објави коментар