четврток, 24 септември 2009 г.

Харго се врати!

Овен Харгривс денеска беше забележан на тренинг центарот на Манчестер Јунајтед во Керингтон, и се верува дека е блиску до конечно заздравување по долгото отсуство од теренот.


Харго отсекогаш имал проблеми со коленото, уште од времето кога беше во Баерн, а се очекуваше дека нема веќе да се случува откога за голема сума на пари во 2007 стана Ѓавол, но очигледно не беше така.Минатата сезона по само 4 натпревари го повреди коленото, па потоа се искомпликува и сега, конечно, се очекува да се врати кон крајот на Ноември за да му помогне на својот тим.

Пред 2 сезони, Јунајтед со негова помош ја освоија Лигата на Шампионите и Премиер лигата, и ќе се памети како една од најуспешните сезони на тимот.Таа сезона Харго остана неповреден и помогна на тимот со неколку фантастични голови и натпревари.Самото негово присуство на теренот влијае многу на тимот, гласеше изјавата на Рио Фердинанд на натпреварот кога се повреди.

Посетуваше специјалисти во САД, кои ги посетуваат и најврвните фудбалери и сега сите го исчекуваат моментот кога ќе се врати во првиот состав.Сер Алекс изјави дека нема да го форсира по било која причина, бидејќи е важно да оздрави 100% за да не се повреди повторно.Истотака, Фергусон го стави Харгривс во листата на играчи за Лигата на Шампиони.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори