ФИФА потврдува дека контактирале со Фиорентина за "крадењето" на Мишел Форнеиер од Манчестер Јунајтед

Репрезентативецот на Италијанската репрезентација под 16 години, Мишел Форнеиер (десно на сликата), играше за Јунајтед во Милк Купот на почетокот на август, каде Јунајтед победија со 1-0.
Со фактот дека италијанските тимови не смеат да понудуваат професионални договори на играчи под 18 години, англиските тимови долго време ги "крадат" италијанските таленти од нивните тимови.
Јунајтед е еден од најконсистентните тимови кои "крадат" вакви таленти од Италија, со поголеми имиња како Џузепе Роси,Федерико Македа и Давиде Петручи.
Ле Авр веќе ги пријавија Црвените Ѓаволи поради потенцијалното "крадење" на младиот французин Пол Погба, но Јунајтед веднаш изглеа со контра удар тврдејќи дека се било легално во неговиот трансфер.Сега и Фиорентина сакаат да испратата официјална жалба до ФИФА за Форнесиер.
"Можеме да потврдиме дека контактиравме со Фиорентина за потенцијалниот трансфер на Мишел Форнесиер во Манчестер Јунајтед." - изјави гласник од ФИФА.
Истотака Манчестер Јунајтед можат да се најдат под радарот на ФИФА, поради крадењето на талентираниот играч на Емполи, Алберто Масаки.
0 коментари:
Објави коментар