17 играчи на Манчестер Јунајтед, викендов настапија за своите држави.

Џи Сунг Парк беше првиот црвен ѓавол којшто изигра за својот национален тим викендов, додека пак Валенсија, последниот.
Парк како капитен на Јужна Кореја, го заврши натпреварот со асистенцијата кон Сеол ко Хјеон, кој постигна гол во мрежата на Шварцер.
Флечер изигра 90 минути против Македонија, во победата од 2-0 на Хампден парк.Сер Алекс Фергусон го гледаше натпреварот од трибините.
Керик и Руни играа за Англија и двајцата, каде што врз Руни беше досуден контроверзен пенал, и Лампард погоди за да води Англија со 1-0.На почеток на второто полувреме влезе Мајкл Керик во игра, а натпреварот заврши со 2-1 за Англија.Вес Браун беше неискористена замена.
Бербатов можеби беше најистакнатиот ѓавол во интернационалните настапи, со што даде гол од пенал и намести уште 2 за победа на Бугарија од 4-1.
Џони Еванс изигра 90 минута за Северна Ирска во натпреварот против Полска.Пољаците напаѓаа со сите сили, но Еванс и неговите сонародници успеаа да се одбранат и да освојат драгоцен 1 бод.
Евра изигра 90 минути за Франција во нерешениот натпревар со Романија од 1-1, и најверојатно ќе игра во среда против репрезентацијата на Србија каде што се Тошиќ и Видич.
Македа влезе во последните минути на изгубениот натпревар од 2-1 на Италија против Велс, во категоријата U-21.Истотака и Том Клеверли го имаше своето деби во националниот дрес против Македонија во победата од 2-1.
Џон О'Шеј изигра 90 минути за Република Ирска во победата од 2-1 со доцниот гол на Роби Кин.Дарен Гибсон беше замена, но не доби шанса да влезе во игра.
Валенсија играше за Еквадор во изгубениот натпревар од 2-0 од Колумбија и Ричи Де Лает беше неискористена замена во Белгиската репрезентација.
0 коментари:
Објави коментар