понеделник, 7 септември 2009 г.

Jунајтед ги негира бенефициите на Погба

Како одговор на моменталните изјави во јавноста на претседателот на Le Havre, Жан Пјер Лувел, Јунајтед сака категорично да потврди како дел од клупската полиса и во согласност со фудбалските правила, дека не им нуди бенефиции на родителите на играчите кои потпишуваат за клубот, како на пример плус добивки или па купување на куќи.



Јунајтед денес му пиша на фудбалскиот клуб Ле Авр дека ако ваквите изјави во јавноста продолжат, дека против нив ќе биде покрената соодветна судска постапка за клевета, во врска со правилноста на трансферот на Пол Погба. Манчестер Јунајтед е задоволен што овој трансфер се одви според сите законски правила и регулативи на ФИФА и на УЕФА и е спремен судски да ја брани секоја искажана неправилност од Ле Авр или од било кое трето лице.

Истотака, треба да се спомне дека целата документација во врска со договорот на Пол Погба, веќе е одобрена од Англиската Фудбалска Асоцијација и Премиер Лигата.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори