недела, 10 јануари 2010 г.

Харгривс го одигра првиот меч по 16 месеци

Долго повредениот играч на Јунајтед Овен Харгривс вчера го одигра својот прв натпревар по пауза од 16 месеци.


Харгривс одигра меч кој беше специјално организиран во тренинг ценатрот Керингтон. Ова беше негов прв натпревар, иако неофицијален од септември 2008 година и ремито со Челзи 1-1.

Иако имаше мислења дека Харгривс никогаш повторно нема да заигра сепак тој вчера ги издржа сите 90 минути. Харгривс има хронична повреда на коленото и мора внимателно да се следат сите промени кои би можеле да го попречат неговото враќање кое се очекува за неколку недели.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори