Стрелецот и најдобриот играч на натпреварот против Арсенал, Луис Нани, изјави дека ова било неговиот најдобар натпервар што воопшто го изиграл до сега.

Португалецот го отвори резултатот со фантастичен гол и продор меѓу 3 играчи на Арсенал и направи уште една асистенција кон Руни за Јунајтед да слави со 3-1 против Арсенал.
"Мислам дека ова ми е најдобриот натпревар до сега.Играв добро, дадов гол и направив асистенција.Беше фантастичен преформанс од целиот тим, и пресреќен сум што можам да помогнам.Секој ден имаме тешки тренинзи и пробувам да бидам фит што почесто за тимот.
Ја чувствувам довербата од соиграчите,фановите и тренерот, чувството е прекрасно, пресреќен сум, и се надевам дека ќе продолжам во оваа форма"
"Изигравме добар натпревар во средата против Сити, и тоа ни даде самодоверба да играме вака како што игравме денес.Сер Алекс исто ни рече, дека мораме да играме исто како со Сити ако сакаме да бидеме шампиони" - изјави Нани за Скајспортс.
0 коментари:
Објави коментар