понеделник, 18 јануари 2010 г.

Одбиена понуда од Тотенхем за Фостер

Според Скај спортс, понудата од Тотенхем за голманот Бен Фостер била одбиена од Манчестер Јунајтед бидејќи тие барале поголема сума на пари за да го пуштат.


Откако скоро целиот летен трансфер период беа поврзувани со трансфер на Дејвид Џејмс од Портсмут, сега Реднап го сврти погледот на херојот од Карлинг купот минатата сезона, Бен Фостер.

26 годишниот ја имаше шансата во првиот тим на Јунајтед откако Ван Дер Сар беше повреден и направи неколку големи грешки па сега е трет избор во екипата на Фергусон.

Се споменуваше негово можно заминување на позајмица во некој друг тим за да може да си осигура место во тимот на Капело за светското првенство годинава во Јужна Африка, но Сер Алекс ги негираше тие шпекулации.Се верува дека Тотенхем направиле понуда од сеуште непозната сума, но таа не ги задоволила побарувањата на Фергусон.

Тотенхем можеби треба да побрзаат бидејќи и Сандерленд покажаа одреден интерест за усугите на англискиот репрезентативец.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори