Официјално денеска потврди и официјалната страна на Јунајтед, 19 годишниот Дени Велбек отиде на позајмица во Престон, кај синот на Фергусон, до крајот на сезоната.

Екстремно талентираниот напаѓач, Дени Велбек, станува првото засилување на Дарен Фергусон откако неодамна стана менаџер на Престон.Тој ќе го носи дресот со број 18 и и досега за Јунајтед има изиграно вкупно 24 натпревари и дадено 5 гола.
Престон моментално е на 17то место во Чемпионшип, 3 бода пред зоната за испаѓање и 10 бода под местото кое што носи во плејоф.Велбек тука ја гледа шансата да се истакне, да игра константно во првиот тим и да ја направи уште потешка одлуката на Сер Алекс за кој ќе биде викнат во првиот следната сезона, ако се земе во предвид новиот Диуф и Македа кој самошто се врати од повреда.
0 коментари:
Објави коментар