четврток, 21 јануари 2010 г.

Нов спонзор во Јунајтед

Манчестер Јунајтед денес потпиша спонзорски договор со авионската компанија Turkish Airlines.


Јунајтед потпиша 3.5 годишен договор со турската компанија која треба да ја замени Air Asia како официјален авионски превозник на клубот. Клубот потврди дека се работи за мулти-милионски договор, но не ја објавија точната сума.

Ова спонзорство се објавува само еден ден по објавата дека долговите на Јунајтед изнесуваат 716 милиони фунти. Турската компанија оперира и на аеродромот во Манчестер, годишно превезувајќи по 25.1 милиони патници низ светот.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори