вторник, 28 септември 2010

Руни во аут 3 недели, Сколс надвор 10-тина дена

Вејн Руни ќе биде во аут во следните 3 недели. Тоа го изјави Сер Алекс на денешната прес конференција пред натпреварот со Ваенсија од ЛШ.

По повредата здобиена на натпреварот со Болтон, Руни го пропушта утрешниот дуел со Валенсија и следниот натпревр на клубот во Премиер Лигата против екипата на Сандерленд.

''Руни најверојатно ќе биде аут 2-3 недели. Тој е силно момче и секогаш брзо заздравувал од повредите во минатото. Пол би требало да биде надвор од терените околу 10-тина дена.''

''Никој не сака да биде повреден. Знам дека Вејн гори од желба да игра за клубот, но за жал ќе биде спречен во тоа во следниот период'' - изјави Сер Алекс.

Ферги - Не чека тежок тест

Менаџерот на Јунајтед вели дека би било глупаво утрешниот меч со Валенсија да бие сметан како лесна задача за тимот.

Валенсија моментално е на првото место во Шпанија и нема домашен пораз на последните 11 натпревари, додека пак Јунајтед победил на само еден натпревар во последните 18 гостувања во Шпанија.

''Домашниот скор на Валенсија во Евро-куповите е доста добар. Би било глупаво тие да не ја добијат потребната почит. Шпанија отсекогаш имала екипа кои ги освојувале најсилните европски натпреварувања. Токму затоа е многу тешко да се на гостински терен против таквите екипи.'' - изјави Ферги.

Тој беше присутен на мечот кој Валенсија го одигра со Атлетико Мадрид минатата недела.

''Видов многу силен тим минатата недела. Очекуваме тежок меч, тие се први во групата и играат многу добро.''

Јунајтед во овој дуел влегува со еден поен на своето конто по ремито со Ренџерс, но менаџерот е убеден дека Јунајтед ќе се квалификува за нокаут фазата.

''Резултатот со Ренџерс беше разочарувачки, но сепак ние имаме уште 5 други натпревари во групата и треба тие да се искористат. Утрешниот меч е тежок, ама токму тие натпревари ја прават интересна Лигата на Шампиони - морате да играте со најсилните екипи од Италија, Шпанија и Германија. Тоа го прави ова натпреварување нешто посебно'' - заврши Ферги.


понеделник, 27 септември 2010

Right back...options, crticism, who's right?

Едно од главните оружја минатите сезони беше одбраната и сигурноста која таа ја даваше на целата екипа. Иако оваа година таа позиција во тимот до сега малку потфрли, сепак во овој пост би сакал да се осврнам на позицијата десен бек.

Секој фан на Јунајтед кој поблиску го следи тимот во последно време најчесто дебатира околу позицијата десен бек и слабостите кои помалку или повеќе влијаат на резултатите на клубот.

Најпрво, ќе започнам со сите опции кои ги имаме на располагање на таа позиција и нивното учество во тимот во досегашната сезона. Досега О'Шеј одигра 5 од вкупно 6-те натпревари во Премиер Лигата, а Џон го замени Невил на натпреварот со Евертон. Браун ги одигра (не баш најуспешно) двата Куп натпревари, а тоа значи дека останува уште еден играч кој воопшто не доби шанса во тој дел од тимот, а тоа е негова природна и преферирана позиција, а воедно и моментален фаворит меѓу навивачите за десен бек - Рафаел да Силва.

Досега Рафаел имаше само еден настап за тимот, но како лев бек, каде го замени неговиот брат Фабио кој тогаш беше повреден и со право секој ќе праша, дали доколку Фабио беше фит, Рафаел воопшто и ќе настапеше, бидејќи до сега наместо Евра во два наврати како лев бек играше токму Фабио. Најверојатно сликите од црвениот картон добиен со Баерн и наивноста која ја покажа Рафаел на тој натпревар се сеуште свежи кај Ферги и тренерскиот тим на Јунајтед.

Во овој дел сакам да направам мала анализа на играта на Рафаел и повторно да се навратам на некои негови грешки. Рафаел е десен бек кој има примарна задача да ги сопира налетите на крилата и да прави мали излети на противничката половина, а притоа да не заборави на дефанзивните задачи. Тој е млад, исклучително брз и талентиран играч кој секогаш играл онака како што ќе добие инструкции од Ферги. Иако понекогаш покажува мала незрелост во играта како оној фаул врз Белами од минатогодишното полуфинале во Карлинг купот, сепак тоа е резултат на неговите години и искуството кое допрва треба да го добие, секако со играње во првиот тим. Главна задача на еден десен бек е кога некој од противничките играчи ќе го мине тој веднаш да се врати и да помага на своите колеги од одбраната, за разлика од Рафаел кој тоа го сфаќа премногу лично и многу често добива жолти картони кога тоа се случува. Како и да е фановите сеуште многу го сакаат, а и јас спаѓам во тој процент. Ова се моите согледувања за неговите недостатоци кои со тек на време сум сигурен дека ќе ги надмине.

Ај сега да фрлиме ден look on the bright side. Сите знаеме и ги сакаме излетите на Рафаел на противничката половина, каде со неговата брзина и техника делува како крило, што е од особена корист при брзите контра-напади. Истото важи и за неговите игри во одбрана и стартовите кои ги прави што многу потсеќаат на оние на Сколс, што кога ќе бидат направени успешно изгледаат прекрасно. Повеќе од јасно е дека Рафаел има уште многу да учи, а тоа може да се случи само редовно играње во првиот тим, а Рафаел не игра токму затоа што тренерскиот тим смета дека треба да учи и токму вака се создава тој магичен круг од кој никој нема корист. Ако сакаме играчот позитивно да се развива и повторно да го видиме како дел од репрезентацијата на Бразил ќе мора да игра далеку повеќе и поредовно, инаку повторно на десната бековска позиција ќе ги гледаме О'Шеј, Браун и Невил, а доколку истите не се подобрат оваа сезона, желбите за да му се даде шанса на Рафаел ќе бидат се погласни и погласни.

Видиќ - Одбраната мора да се подобри

Немања Видиќ призна дека е загрижен по новите два гола кои клубот ги прими на гостувањето кај Болотон.

Иако Јунајтед замина со бод од Рибок стадионот, сепак загрижува играта во одбраната која сега има примено 9 гола на 6 натпревари.

''Да, загрижени сме. Минатите сезони не примавме многу. Секогаш игравме силно и не остававме многу простор на противничките играчи. Но, на последните неколку натпревари клубот прими гол на секој од нив, што е разочарувачко''

''Резултатите од саботата ни одеа во прилог, но не победивме вчера и ја пропуштивме шансата. Ова беше натпревар кој сакавме да го добиеме и доколку се споменеше реми пред почетокот воопшто немаше да прифатиме'' - изјави Видиќ за MUTV.

недела, 26 септември 2010

Керингтон со нов лик

Манчестер Јунајтед доби зелено светло за реновирање на Керингтон тренинг центарот кое ќе чини 11.5 милиони фунти.

Објектот ќе има вклучено и оддел за спортско истражување кое е окарактеризирано како 'да имаш сопствена медицинска лабораторија'.

Исто така во следните 3 години, колку што ќе трае целиот проект, Крингтон ќе добие нов фитнес и центар за рехабилитација на повредените играчи, нова просторија за прес-конференции и повеќе фудбалски терени за Академијата.

''Важно е да се има постојан напредок и визија како да се подобруваат работите'' - изјави Сер Алекс во врска со споменатото реновирање на тренинг центарот.

сабота, 25 септември 2010

Фергусон се приклучува на кампањата за Сер Рајан Гигс

Сер Алекс призна дека би сакал Гигс да добие титула Сер исто како што ја има и тој.


„Рајан нема освоено само една награда досега иако верувам дека е само прашање на време кога тој ќе ја добие. Премногу би сакал да ја украсам листата на моите првотимци со Сер Рајан Гигс.“ - овие зборови ги напиша Фергусон во предговорот на новата книга на Рајан Гигс  со име „Мојот живот - мојата приказна“.

Сер Алекс напомена дека англискиот рагбист Клив Вудвард ја доби оваа награда со само три победи на СП2003 во рагби. „Не мислам да дискутирам за таа титула на Клив ни па да велам дека е не заслужена, но, по одиграни над 800 натпревари и поголем дел од нив натпревари со висок притисок мислам дека и Рајан заслужува вакво нешто.“, додаде Фергусон.

Рајан Гигс целата своја кариера ја има поминато во Манчестер Јунајтед и е играчот со најмногу титули во целата Премиерлига. Исто така тој е единствениот играч кој има 11 ПЛ титули и единствениот играч кој има играно и постигнато погодок во Премиерлигата од нејзиното формирање во новиот формат.

Фергусон не заборави да спомене и дека огромна желба му е Гери Невил, Сколс и Гигс да останат во тимот како тренери по завршувањето на нивните играчки кариери.

Посетители

Администратори