Сер Алекс призна дека би сакал Гигс да добие титула Сер исто како што ја има и тој.
„Рајан нема освоено само една награда досега иако верувам дека е само прашање на време кога тој ќе ја добие. Премногу би сакал да ја украсам листата на моите првотимци со Сер Рајан Гигс.“ - овие зборови ги напиша Фергусон во предговорот на новата книга на Рајан Гигс со име „Мојот живот - мојата приказна“.
Сер Алекс напомена дека англискиот рагбист Клив Вудвард ја доби оваа награда со само три победи на СП2003 во рагби. „Не мислам да дискутирам за таа титула на Клив ни па да велам дека е не заслужена, но, по одиграни над 800 натпревари и поголем дел од нив натпревари со висок притисок мислам дека и Рајан заслужува вакво нешто.“, додаде Фергусон.
Рајан Гигс целата своја кариера ја има поминато во Манчестер Јунајтед и е играчот со најмногу титули во целата Премиерлига. Исто така тој е единствениот играч кој има 11 ПЛ титули и единствениот играч кој има играно и постигнато погодок во Премиерлигата од нејзиното формирање во новиот формат.
Фергусон не заборави да спомене и дека огромна желба му е Гери Невил, Сколс и Гигс да останат во тимот како тренери по завршувањето на нивните играчки кариери.
0 коментари:
Објави коментар