вторник, 30 март 2010

Фергусон се плаши од повредата на Руни

Англискиот напаѓач можно е да го пропушти Челзи и реваншот со Баерн,откако во катастрофалната последна минута од натпреварот се здоби со повреда на зглобот.


Ѕвездата на Јунајтед кој погоди во 1та минута за водство од 0-1 на Јунајтед на Алианц арената, замина од теренот со помош на лекарскиот тим, иако беше крај на натпреварот, каде што Баерн победија со 2-1 во последната минута.

"Доби удар во зглобот на ногата, ќе мора да почекаме до утре за да видиме колку е сериозно.Се надевам дека не е ништо сериозно.Можно е да биде неизвесен за со Челзи, но прерано е што било да се каже" - изјави Фергусон за Скајспортс.


Повредата на Руни

Тајната на Руни - боксерска вреќа

Вејн Руни ја откри тајната како "се смири" на фудбалските терени - со помош на боксерска вреќа.


Првокласниот напаѓач на Јунајтед не е веќе она дете бунтовник коешто пристигна од Евертон на само 16 години.Сега на 24 години, Руни се однесува многу повозрасно, не прави повеќе од оние негови препознатливи испади на фудбалските терени.Најголем придонес за тоа има што неговата бес ја исфрлал на боксерската вреќа.

"Како мал тренирав и бокс и фудбал.Тренирав секоја вечер и фудбал и бокс кога имав 15 години, но еден ден Евертон ми рекоа дека мора да престанам со боксот доколку сакам да имам успешна фудбалска кариера.Имав огромна шанса да стигнам до првиот тим па затоа прекинав со боксот.Сепак, сеуште обожавам бокс и редовно гледам.После тренинг многу често замавнувам кон боксерската вреќа со што се ослободувам од сиот бес и плус уживам во тоа" - изјави Руни.


Јунајтед во посета на САД и Канада летово

Манчестер Јунајтед ќе ги посети Соединетите Американски Држави и Канада летово за да ги одржи своите пред-сезонски подготовки и ќе изигра неколку натпревари меѓу кои и 1 против сите најдобри играчи од МЛС лигата.


Sports Business Journal изјавува дека Манчестер Јунајтед ќе имаат патување низ Северна Америка летово како би се подготвиле за следната сезона.Во неа ќе вклучуваат посети на Бостон,Филаделфија,Торонто и Хјустон кадешто ќе играат со најдобриот тим од американската МЛС лига во фудбал.

Со All-Star MLS тимот за 2010 ќе играат на 27 Јули во стадионот Reliant во Хјустон.Ова ќе биде трета посета на Јунајтед во Америка, откако веќе еднаш отидоа во 2003 и 2004та.

недела, 28 март 2010

"Ми се допаѓа играта на Рибери" - САФ

Сер Алекс признава дека е фан на играта на француското крило и дека најтешка мисија за натпреварот во вторник ќе му биде да го запре Рибери заедно со Арјен Робен.


Рибери уште одамна беше сметан за трансфер цел на Јунајтед, откако имаше многу шпекулации дека Јунајтед имале понуда од огромни 40 милиони фунти откако замина Кристијано Роналдо.Сега, тоа повторно се повторува гласејќи дека Јунајтед повторно истата цена ќе ја понудел по завршувањето на дуелот во ЛШ на Луис Ван Гал.

Фергусон изјавува дека е вистински фан на играта на французинот, но дека тој сепак е далеку од најдобрите играчи на светот според мене, Вејн Руни и Лео Меси.

"Робен и Рибери се главните играчи на Баерн и претставуваат вистинска опасност за Јунајтед.Многу добро комуницираат меѓусебно и многу често некој од нив двајца го спасува Баерн, па очигледно е дека тие претставуваат најголема опасност."

"Рибери е многу добар играч и многу ми се свиѓа неговата игра и професионалност.Не сум сигурен дека е горе со најдобрите на светот, како Меси и Вејн, но сепак тој е навистина добар играч.Робен е друга приказна, бевме многу блиску до неговиот потпис додека беше во ПСВ, но Челзи имаа посебна врска со нив бидејќи и Алекс беше кај нив неколку сезони пред да го купат, и затоа тој замина таму."

"Сепак, сметам дека моите бекови се доволно добри за да ги сопрат и двајцата, и ќе мора да играат на највисоко ниво против ваква класа на играчи.Не смееме да им дозволиме премногу простор" - изјави Фергусон.


Еванс сака повисока плата

Манчестер Јунајтед имаат проблеми со обновувањето на договорот на 22 годишниот дефанзивец Џони Еванс, поради тоа што Ирецот не бил задоволен од понудената плата.


Според најавите, Еванс ја одбил понудената плата од 40.000 фунти неделно и побарал да му биде зголемена на 60.000 фунти неделно од тимот.Иако Еванс нема намера да си оди од Олд Трафорд, тој верува дека таа е реалната плата којашто треба да ја добива, поготово по неговите префорамнси сезонава.

22 годишниот Ирец го имаше своето деби во Карлинг купот во 07-08 сезоната и Фергусон изјави дека во него го гледа заменикот на Рио Фердинанд на централната бековска позиција.

петок, 26 март 2010

Нани со нов договор до 2014

Потврдено денес и од официјалниот сајт е дека Луис Нани потпиша нов договор, со кој ќе остане во тимот најмалку до Јуни 2014 година.


Сер Алекс изјави

"Нани е огромен талент и неговиот напредок во Јунајтед е неверојатен.Ние сме пресреќни што се согласи да го потпише новиот договор и сигурен сум дека ќе има долга и успешна кариера во Јунајтед."

Нани дојде во Јули 2007 година од Спортинг Лисабон за manutd.com изјави:

"Многу сум се среќен што го потпишав договорот.Сонот ми се исполни, играм за Манчестер Јунајтед и само што потпишав нов 4 годишен договор, чувството е неверојатно.Менаџерот и тренерите ме научија толку многу за фудбалот што незнам како да им се заблагодарам.Играм покрај најдобрите играчи на светот, се надевам дека ќе освојуваме уште многу трофеи заедно" - заврши пресреќниот Нани.

четврток, 25 март 2010

Титулата е во наши раце - Флечер

Дарен Флечер верува дека Јунајтед нема да го испуштат првото место до крајот на сезоната и дека можеме да ја освоиме Премиер лигата 4та година по ред.


"Премиер лигата ни е најголема задача и вистински предизвик сезонава.Титулата е во наши раце и не смееме да ја испуштиме.Ако ги победиме сите натпревари до крај, што верувам дека можеме, тогаш повторно ќе бидеме шампиони.Сите свесни ме сме дека сега треба да играме најдобро од цела сезона, секогаш не потсетуваат на тоа менаџерот и некои од постарите играчи како Рио,Рајан,Пол и Гери."

"Фановите беа со нас цела сезона и исто како и минатите сезона знаат дека сега е потребна најголема поддржка за тимот и тие имаат истотака многу голема улога во овој период, од сега па до крајот на Мај.Јунајтед е тим којшто ги поставува стандардите и ги крши рекордите и верувам дека ќе можеме да освоиме 4та титула по ред и севкупно 19.Тоа ќе биде едно од најголемите остварувања во мојата кариера и во англиската историја." - изјави Флеч.

Клинсман типува на Руни за најдобар играч во Европа

Легендарниот германски напаѓач а воедно и поранешен менаџер на Баерн Минхен и Германската репрезентација, Јирген Клинсман, изјавува дека според него Руни ќе ја освои наградата за најдобар играч во Европа сезонава.


"Вејн има феноменална сезона.Неверојатно е тоа колку е гладен за голови и трофеи, и тоа го покажува на теренот.33 гола и уште не е готов, сеуште изгледа смирено и самоуверено.Ако продолжи вака, сигурен сум дека ќе биде најдобар играч на европа.Се надевам дека нема да има никакви проблеми со повредите."

"Има неверојатен инстинкт, ми се чини дека ја мириса топката, знае каде оди и секогаш се наоѓа на вистинското место во вистинското време.Многу трча, го има насекаде на теренот за цели 90 минути, дури и доаѓа во одбрана да му помогне на тимот.Живее во моментот и тоа е најважното нешто за секој фудбалер" - изјави Клинсман.

среда, 24 март 2010

Цената на билетите ќе остане иста и следната сезона

Иако имаше најави дека повторно ќе се зголемуваат цените на билетите за натпреварите на Олд Трафорд следната сезона, сепка, Јунајтед потврдува дека тие ќе останат непроменети.


Green and Gold кампањата почнува да добива на ефект кај Глејзерите коишто полека ја губат битката.Уште откако тие дојдоа, цената на билетите се зголемуваше секоја сезона и имаше шпекулации дека и следната сезона цената на билетите ќе се накачи.

Но, сепак, Глејзери попуштија и одлучија дека цената на билетите ќе остане од 27 до 49 фунти за возрасните, 10 за помладите фанови и 20 фунти за лицата над 65 години.

MUST вели дека членовите на организацијата се пресреќни што конечно почна да зема ефект и нивната работа.

вторник, 23 март 2010

Парк:Пиев сок од жаби и ги одбив Челзи

Откако го постигна победоносниот гол со Ливерпул минатиов викенд, Парк даде неколку интересни изјави.Една од нив е дека пиел сок од жаби пред натпреварот и дека ги одбил Челзи за да дојде во Јунајтед.


Парк дојде во Јунајтед од ПСВ во 2005 година, кога во тоа време на ПСВ менаџер беше Гус Хидинк.Тој изјавува дека Хидинк го терал да потпише за Челзи, но тој го одбил, следејќи го своето срце кое го носело во Манчестер.

"Кога го одбрав Манчестер мислам дека го изневерив Хидинк.Знам дека Хидинк сакаше да останам во ПСВ и подоцна заедно со него да заминам во Челзи, и ми беше многу тешко." - изјави Парк.

Освен што го одбил Челзи додека бил млад, тој вели дека изел и пиел неколку незамисливи работи за нормален човек пред натпреварот со Ливерпул.

"Ми рекоа дека ако јадам и пијам тоа што ќе ми го дадат ќе бидам во добра состојба и ќе имам повеќе енергија, па затоа јадев се што моите родители ќе ми дадеа.Татко ми има фарма за жаби и мајка ми ми направи сок и ми рече дека е здраво." - заврши Парк.

Руни ќе одмара против Болтон

Големи се шансите Вејн Руни да биде одморен на наредниот ПЛ дуел против Вест Хем поради повредата на коленото.



Повредата не е сериозна и Руни вели дека не му пречи да игра, но му предизвикува непријатности додека трае натпреварот. Напаѓачот, кој постигна 33 гола сезонава, ќе му биде потребен на Јунајтед за дуелот против Челзи на 3 април како и двомечот против Баерн Минхен во ЛШ и затоа Фергусон најверојатно ќе сака да го одмори против Болтон.

понеделник, 22 март 2010

Парк најавува уште голови

Репрезентативецот на Јужна Кореја по вчерашното дерби на Олд Трафорд најави дека во план му се уште голови за Јунајтед.




„Чувството беше прекрасно да се погоди против Ливерпул. Дерби мечевите се нешто фантастично а да постигнеш победнички гол на таков натпревар е повеќе од премија. Сакам да постигнам уште голови за Јунајтед, небитно против кого. Знам дека треба да постигнувам повеќе голови, се чувствувам одлично кога го правам тоа против големи тимови како Арсенал, Милан и Ливерпул, но сакам да го искусувам тоа почесто.“, изјави Парк Ји Сунг.


Момчињата се сега мажи

Сер Алекс Фергусон е уверен дека неговиот тим може да ја освои ЛШ.



Откако Јунајтед два пати по ред стигна до финалето на ЛШ, сега е во четвртфиналето и му претстои дуел со Баерн Минхен.

САФ изјави: „Го изгубивме Кристијано Роналдо и таа загуба би го погодила секој тим. Но тимот е созреан. Има огромен напредок кај играчите од минатата сезона па се` досега. Тоа најдобро ја покажува нашата форма на гости каде немаме пораз 16 меча по ред. Сега им е лесно на играчите, нема место за паника како кога беа млади. Сега се повеќе од искусни.“

За двомечот со Баерн, Фергусон додаде: „Ќе ни претстојат два фантастични натпревари кои ги играме против еден од најголемите тимови. Се надевам дека ќе ги имам сите фудбалери на располагање за да имаме и повеќе од изгледни шанси.“

сабота, 20 март 2010

Ферги со пофалби кон Нани

Португалското крило пристигна на Олд Трафорд за 17 милиони фунти но од пристигнувањето па досега не остави некој значителен белег со неговите перформанси на теренот. Но почнувајќи од јануари па досега, Нани едноставно брилјира на теренот и станува се` подобар и подобар.




За него, Фергусон изјави: „Нани е талентирано момче. Има огромна брзина и издржливост. На тренинг е одличен и цврст. Кај него дефинитивно гледаме огромен напредок во последниве недели, почнува да зрее и тоа е причината поради која му давам шанса во првиот состав.“

петок, 19 март 2010

Најава:Јунајтед v Ливерпул

Премиер лига, 31во коло|Недела, 21 Март 2010|Почеток: 14:30h
Стадион: Old Trafford, Manchester



Повторно доаѓа "оној" дел од сезоната, наречен Squaky bum time од Сер Алекс.Само 8 натпревари до крајот на сезоната во Премиер лигат, за Јунајтед ова време е времето кога треба да се игра перфектно, да се доаѓа да победа на каков било начин, само да се донесат 3 бода дома.За Ливерпул, борба за 4тото место.

Кон тензијата којашто доаѓа со завршувањето на сезоната, доаѓа и дербито со Ливерпул.Aha the big one.Знаеме сите дека не ни оди баш добро со Ливерпул во последниве неколку натпревари, последен е оној на Енфилд каде Торес и Нгог не решија, Видич доби црвен и ние повторно изгубивме од Ливерпул, и тоа ни беше првиот изгубен натпревар.Но, кога ќе се потсетам не ми се верува дека тоа се случило сезонава, кога Ливерпул се бори за 4тото место и губи од просечни екипи.Многу работи се сменети од тој Октомври до овој Март.

Ок, да видиме како стоиме моментално.Нашата форма во последните 5 натпревари во сите конкуренции е перфектна, 5 победи во 5 натпревари, а во Премиер лигата ни е 3 победи,1 нерешена и 1 пораз, но сепак, формата во Премиер лигата не не покажува во вистинското светло.Го прегазивме Милан со 4-0, го освоивме Карлинг купот што уште повеќе го крена моралот и желбата кај играчите за победа и нови трофеи и сметам дека овие 2 работи дојдоа во најдоброто можно време за да ја добијат потребната мотивација.

За формацијата, можно е да излеземе со 4-4-2 пак но јас би сакал да видам 4-3-3 како со Милан, со Валенсија и Нани/Гигс по крилата и Парк,Флечер и Сколси во средината.

Тајното оружје?

Наречете не Rooney fanatics.Како да не бидеме фанатици кога моментално момчето е најдобриот играч на свет, перфектен во секој поглед гледано, без ниедна мана.25 гола САМО во Премиер лигата, 32 во сите натпреварувања во 38 натпревари, кој фан не би го фатило Rooney fever.Да не почнувам да набројувам за во последните натпревари, 2 против Милан, двата против Фулам, 1 против Вила, а да, и оние двата против Вест Хем...да не продолжувам.

Сепак, не велам дека ќе ги победиме Ливерпул само поради тоа што го имаме Руни во топ форма.Далеку од тоа - се е можно.Ливерпул е тим којшто не смее да се потцени, тим против кој секогаш е неизвесно без разлика дали сме ние во четврта, тие во втора лига или што било.Сепак, доколку Вејн повторно изигра феноменално и покаже што може, ќе го видат Ливерпул она најдоброто од Јунајтед, па ако не победат, им симињам капа.

За Ливерпул нема ништо посебно да се каже.Во Премиер лигата изиграа фантастичен натпревар против мизерните Портсмут со победа од 4-1 и нивната форма е составена од 2 пораза, 2 победи и 1 нерешена.Последниот натпревар им е со Лил, кадешто победија со 3-0 и ја нулираа негативата од 1-0 којашто Лил ја направи во Франција, па во следната фаза играат со Бенфика.Торсе даде 2 а Џерард 1 гол, а и тоа се и нивните 2 најопасни играчи.Секако дека ќе имаат посебна мотивација за овој натпревар, и ќе гледаат на секој можен начин да му ги замрсат сметките на Јунајтед, дали со одземање бодови,црвени картони или некоја повреда, сепак ова е најголемото дерби во Англија и доколку Јунајтед ја освои титулата, ќе имаат една титула повеќе од историските 18 на Ливерпул.Дури 7 изгубени и само 4 победени натпревари сезонава во Премиер лигата на гости за англискиот гигант.

Можни состави:
VDS

Rafael - Vidic - Rio - Evra

Valencia - Fletcher - Park - Scholes - Nani

Rooney

V

Torres

Babel - Gerrard - Kuyt

Aquilani - Mascherano

Insua - Agger - Carragher - G.Johnson

Reina

Мој тип:
Или ќе биде многу неизвесно и еден гол ќе ја реши утакмицата, или ќе биде отворен натпревар со гол постигнат во првите минути.Верувам во моите момци, мораме да го победиме овој натпервар и да продолжиме кон освојување на круната.А да, и Видич да проба да не добие црвен.
Јунајтед 3-1 Ливерпул

Не одам никаде - Видич

Немања Видич денеска изјави за Manchester Evening News дека сите шпекулации не се вистинити и дека дефинитивно нема да го напушти тимот по своја волја во летниот преоден рок.


Српскиот интернационалец беше мета на медиумите откако се повреди па и сеуште е поврзуван со шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид, кои според најавите се спремни да дадат 20 милиони фунти за да довлечкаат Србинот во Шпанија.

"Среќен сум во Манчестер, во добар однос сум со сите во тимот и освојувам трофеи.Зашто некој фудбалер воопшто би заминал доколку го има ова?" - изјави Видич.

И покрај овие изјави, Фергусон е можно да го продаде Вида доколку се земе фактот дека веќе потроши 10 милиони за младиот играч на Фулам, Крис Смолинг кој се придружува со тимот во Јули.Истотака, Јунајтед е поврзуван со талентираниот дански дефанзивец кој игра за Палермо, Симон Кјаер, кој е мета и на Арсенал,Јувентус и Ливерпул.

Сепак, 28 годишниот Србин се враќа во формата којашто ја имаше пред да се повреди и конечно тимот игра со комплетна одбрана.Откако даде 7 милиони во 2006 Видич стануваше се подобар и подобар и стана стандарден играч во задната 4ка на Јунајтед.

Оваа изјава на Видич немора да значи ништо доколку Ферги се одлучи да го продаде, со оглед на подемот на Еванс и новиот играч Смолинг, заедно со финансиската криза создадена од Глејзери.

Ферги:Спремни сме за Ливерпул

Овој период минатата сезона, Ливерпул беа во слична борба за титулата со Јунајтед како што е сега Челзи, и тие играа фантастично докрајот на сезоната,дури и не победија 4-1 на Олд Трафорд, но пак завршија втори.Ферги ветува дека тоа нема никогаш веќе да се повтори.


Серијата од 3 натпревари по ред без победа против Ливерпул треба да биде доволен знак за Фергусон дека не смее да се потцени противникот.Тој самиот изјавува дека не очекувал Ливерпул да се наоѓа на таа позиција сезонава, без никаква шанса за титула.

"Мислам дека сите очекуваа Ливерпул да бидат подобри сезонава, но тоа не се случи и сега заедно со уште некои други тимови се борат за 4то место.Тоа место си е како посебна лига, кадешто тимот којшто е на 4тото место е шампионот, Евертон,Тотенхем,Астон Вила,Сити и сега Ливерпул."

"Натпреварот на Олд Трафорд минатата сезона беше целосна утка.Нема веќе никогаш да се случи, ви ветувам.Беше моја голема грешка во тактичката поставеност и слабата концентрација на играчите, но веќе одамна го надминавме тоа.Ни се подобри формата последниве неколку недели и ни се враќаат некои играчи, така да сметам дека имаме големи шанси за победа во недела и таа многу би значела." - изјави Ферги за manutd.com

Фергусон задоволен од ждрепката

Сер Алекс изјавува дека е спремен повторно да оди очи во очи против Германскиот гигант, потсетувајќи се на '99 и последниот натпревар во Ауди купот сезонава.



Манчестер Јунајтед во ждрепката за 1/4 финале се паднаа со Баерн Минхен, тим кој сигурно е многу познат на Фергусон а и тој им е многу познат на Баварците, заедно со Оле Солскјаер.

Последниот официјален натпревар е од 2001 година кога Баерн го победи Јунатјед во 1/8 финалето поради голот на гости на Олд трафорд.Како и да е, најзапамтениот и познат момент за двете страни е драматичното финале до 1999 кога Јунатјед во судиското надополнување успеа да го сврти натпреварот од 0-1 во 2-1 и со тоа ја дигна европската круна.

"Историјата во натпреварите со Баерн во Лигата на Шампионите покажува дека ќе биде многу тешко.Ќе има фантастична атмосфера, имаат прекрасен стадион и фанови, и феноменални играчи во тимот.Се надевам дека ќе го имам целиот состав на располагање во двата натпревари, бидејќи до сега повредите не уништија." - изјави Сер Алекс.

Триото Рафаел,Гигс и Еванс фит за Ливерпул

Сер Алекс Фергусон ќе може да смета на услугите на Рафаел,Гигс и Џони Еванс за престојниот дуел со Ливерпул во Премиер лигата, потврди самиот тој на неговата прес конференција денес.


"Сега сме во многу подобра позиција со повредите отколку минатата недела.Рафа,Рајан и Џони се вратија на тренинзите и се фит за во недела.Исто, многу ми е мило што конечно се врати Овен(Харгривс) за резервите вчера.Ова му значи многу на него, бидејќи немаше играно фудбал скоро 2 години и ссите сме пресреќни што се враќа."

"Мислам дека сеуште му треба време да се адаптира на активен фудбал, и ќе игра уште неколку натпревари за резервите, па од следната сезона ќе игра повторно за првиот тим.Вакво нешто му се случи и на Гери Невил и мора да се оди чекор по чекор, не смееме да дозволиме да се компликува повредата." - изјави Фергусон.

1/4 финале со Баерн, 1/2 со Лион или Бордо

Денеска во Лион,во 12 часот беше оддржана ждрепката за двојките 1/4 финалето и 1/2 финалето од Лигата на Шампионите, ние се паднавме со Баерн во 1/4 финале и со победникот од натпреварот помеѓу во 1/2 финалето меѓу Бордо и Лион.



Противникот со кој игравме во финалето во 1999 на Ноу Камп повторно ќе го видиме на Олд Трафорд.Гермнаскиот гигант е моментално една од најдобрите екипи во светот и ќе сигурно нема да биде лесно да се помине овој тим, со оглед на ѕвездите од ранкот на Робен,Рибери,Гомез,Олич и Лам.Истотака, со Баерн игравме и во Ауди Купот кадешто не победија во финалето на пенали.

Натпреварите од 1/4 финалето ќе се играат на 30 или 31 Март,вториот натпревар на 6 или 7 Април,а 1/2 финалето на 20 или 21 Април, додека вториот натпревар на 27 или 28 истиот месец.

четврток, 18 март 2010

Флечер:Не смееме да го потцениме Ливерпул

Дарен Флечер го предупредува Јунајтед дека не смее никако да биде потценет Ливерпул и дека сеуште ја чувствува болката од катастрофалниот пораз минатата сезона.


"Би било многу опасно доколку повторно го потцениме Ливерпул поради нивната форма и позиција на табелата.Ова се дерби натпревари, формата и позицијата на табелата не се гледа, сите тимови имаат посебна мотивација за овие натпревари и секако, тим како Ливерпул иако сезонава не игра на ниво, не смее да се отпишува уште од почеток."

"Го имаат скоро истиот уигран тим од минатата сезона.Но, сега ние знаеме на што се способни по поразот дома и оваа сезона од 2-0.Сеуште ја чувствувам болката од тој катастрофален пораз.Исто, на Ливерпул му требаат бодови бидејќи се бори за 4тото место и во вакво случај, тие се способни да победат било кој."

"Ако не сме 100% фокусирани на натпреварот и не дадеме 100% на теренот, ќе не снајде повоторно како минатата сезона бидејќи ако правиме грешки тие веднаш ќе не казнат.Јас сум многу изненаден што не успеаа сезонава да се држат со големата 4ка, но сепак, ќе имаат посебна мотивација кога ќе дојдат на Олд Трафорд" - изјави Флечер за следниот противник на Јунајтед.

среда, 17 март 2010

Велбек се враќа од позајмицата, оди на операција

Синот на Сер Алекс а воедно и менаџер на Престон, Дарен Фергусон денес потврди дека Велбек ќе мора да оди на операција за повреденото колено и ќе се врати во Јунајтед.



Дени постигна 2 гола за 8 натпревари откога пристигна во Престон и со повредата се здоби додека тренираше пред натпреварот со Кардиф и иако се мислеше дека нема да биде потребна операција и дека повредата не е толку сериозна, сепак испадна спротивното.

"Ќе мора да оди на операција, и затоа ќе се врати кај Алекс.Нема да ми треба друг напаѓач, доволни ми се овие 3 шо ми се на располагање." - изјави Фергусон по нерешниот резултат со Шефилд Венсдеј.

вторник, 16 март 2010

Гигси се враќа за да го уништи рекордот на Ливерпул

Најтрофејниот играч во лигата, Рајан Гигс дефинитивно се враќа за со Ливерпул во недела и самиот изјавува дека гори од желба сезонава да го уништи рекордот на Ливерпул од 18 титули.



36 годишниот легендарен играч на Јунајтед случајно самиот се повреди во натпреварот со Астон Вила на Вила Парк и досега има пропуштено 7 натпревари и двата натпревари со Милан заедно со финалето од Карлинг купот.

Но, Гигси тренираше со првиот тим за првпат минатиот вторник и досега немало никакви проблеми и ги издржал сите сесии.Гибсот ќе му биде изваден утре најкасно.

Од повредата, Рајан тренираше различни спортови и вежби за да остане во форма бидејќи ќе се врати во најклучниот период од сезоната за Јунајтед.

Кол: Вејн може да го надмине Роналдо

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Ендру Кол мисли дека Вејн Руни има многу големи шанси да го надмине рекордот на Кристијано Роналдо од 42 гола.



На последниот дуел против Фулам, Руни го постигна својот 32 гол во сезоната и има уште можни 13 меча кои го чекаат на кои мора да постигне 10 гола.

„Приоритетот на Вејн ќе биде да го одведе Јунајтед до уште една ПЛ титула и титула во ЛШ, така да бркањето на овој рекорд ќе биде во заден план. Но има уште 8 лигашки игри до крајот и ако продолжи да дава голови со тоа темпо, рекордот е блиску. Тој е играч со одлична игра и е секогаш на стандардно ниво, дава се` од себе. Неуморлив е.“

Кол додаде: „Играчите на Јунајтед не знаат што е тоа притисок. Играат како тоа да е најлесната работа на светот. Затоа и играат во Јунајтед.“

недела, 14 март 2010

Најава:Јунајтед v Фулам

Премиер лига, 30 коло|Недела, 14 Март 2010|Почеток: 14:30h
Стадион: Old Trafford, Manchester

По уништувањето на Милан на Олд Трафорд се враќање во Премиерлигата во борба за освојување на четвратата титула по ред, овој пат на патот ни стои Фулам, тимот што не уништи на Кревен Котиџ со 3-0.

За нас сите натпревари до крај се must win, и доколку не победуваме дома на вакви натпревари не ни заслужуваме да ја освоиме титулата.Тоа што не победија 3-0 на Кревен Котиџ не значи дека се нешто посебно или посилен тим од претходно.Имаат многу различен скор дома и на гости, на гости немаат победа на Олд Трафорд 47 години, т.е во последните 14 натпревари.Моментално сме во одлична форма, Руни е феноменален, Флечер истотака и одбраната ни е скоро комплетна.Повредени ни се Андерсон,Ошеј,Овен,Харгривс,Де Лает,Браун и Гигс кој се враќа за следниот натпревар со Ливерпул.Со победа пак ќе се искачиме на првото место со 2 бода пред Челзи, барем до следниот викенд.

Фулам имаат многу лош рекорд со Јунајтед на дуелите на Олд Трафорд, немаат победи 47 години и немаат земено ниту бод на последните 6 натпревари на Олд Трафорд.Минатиот натпревар изиграа 0-0 со Сандерленд на гости и моментално се на 10тото место во Премиер лигата, Боби Замора е играчот на кој што треба најмногу да внимаваме, впрочем тој е и првиот стрелец на тимот со 8 гола.Нема да им играат Пентстил и Џонсон поради повреди на колената.Рој Хоџсон е еден од подобрите менаџери во лигата според мене, со одличната трансфер политика и тактичка поставеност на играчите, го направи тимот да се бори за место во Европа.Исто, од Боби Замора направи играч кој заслужува да игра за Англиската репрезентација според настапите сезонава.Истотака, Крис Смалинг, играчот којшто ќе ни се приклучи на крај на сезоната, нема право на настап денес.

Можни состави:
VDS

Rafael - Vidic - Rio - Evra

Valencia - Fletcher - Carrick - Nani

Rooney - Berbatov

V

Zamora - Okaka

Duff - Davies - Murphy - Gera

Shorey - Konchesky - Hangeland - Hughes

Schwarzer

Мој тип:
Како што кажав, секој натпревар мора да е победа до крај на сезоната ако сакаме да освоиме.
Јунајтед 2-0 Фулам.

сабота, 13 март 2010

Конечно добри вести: Гигси се враќа, нема нови повреди

Конечно добри вести за тимот во врска со повредите, во изјавата на Сер Алекс сабајлево стеоеш дека од 14 играчи што играле против Милан немало повредени и дека Гигс ќе се врати за со Ливерпул следниот викенд.


"Рајан тренираше добро до сега, повредата брзо му зараснува.Следната недела ќе имаме нов,свеж играч.Со недели се обидувавме да определиме кои натпревари би требало тој да ги игра за да остане неповреден и да игра во најдобра форма до крајот на сезоната.Но, сега е одморен веќе месец дена, спремен и одморен за враќање" - изјави Сер Алекс.

Единствениот проблем е повредата на Ричи Де Лает во резервниот натпревар против Сити.Тој изигра 6 натпревари за првиот тим, и најверојатно ќе биде во аут неколку недели.За Харгривс информацијата е веќе напишана.

Сер Алекс изјави дека е пресреќен што конечно ги гледа Рио и Немања во првиот состав, а ќе го има и Мајкл Керик за со Фулам, кој имаше забрана за играње против Милан во ЛШ поради црвениот картон.


петок, 12 март 2010

Фергусон: Харгривс е спремен за враќање!

Сер Алекс ги негираше сите гласини дека со Овен Харгривс се` е завршено и дека ќе почне да игра следниот натпревар за резервите.


„Харгривс е спремен и ќе игра. Мора да игра затоа што веќе сите проблеми се надминати. Не играше за резервите во четвртокот затоа што решивме дека е подобро уште еднаш да се посоветуваме со специјалистот. Затоа што беше на посета кај специјалист, немаше кога да игра. Но следниот натпревар ќе игра, ве уверувам во тоа.“, изјави Сер Алекс.

Наредниот натпревар на резервите е против Барнли во четврток.

Фергусон: 40 се доста, Вејн!

Сер Алекс Фергусон изјави дека не е алчен и нема да бара од својот најдобар голгетер Вејн Руни да го надмине рекордот на Кристијано Роналдо од 42 постигнати гола во една сезона.



„Пресреќен сум што постигна 30 гола. Тоа е се` што сакав од него. Сега му преостануваат уште 9 лигашки натпревари и да се надеваме уште 5 меча во ЛШ. Тоа се 14 меча и ако постигне барем по еден гол на сите нив, ќе го собори рекордот. Но не го барам тоа од него. Би бил пресреќен ако стигне и до 40.“, изјави Сер Алекс Фергусон.

Во врска со моменталните постигнувања и Вејн Руни излезе со своја изјава: „Пресреќен сум со постигнатото во моментов. Животот со Јунајтед ми е одличен. Кога си замина Роналдо сите очекуваа многу од мене и ги исполнив нивните очекувања. Среќен сум што сме во четвртфиналето. Сепак, ќе му се јавам на Роналдо да го прашам како му е.“

среда, 10 март 2010

Најава:Јунајтед v Милан

Лига на Шампиони, 1/8 финале|Среда, 10 Март 2010|Почеток: 20:45h
Стадион: Old Trafford, Manchester


Битката продолжува меѓу двата европски гигнати.Првиот натпревар заврши со победа на Ѓаволите со 2-3 на Сан Сиро со што значи дека Јунајтед одат во овој натпревар со голема предност, да не речам недостижна.Решавачкиот ден дојде, Олд Трафорд е стадионот, дали Милан ќе успее да ја стигне предноста којашто ја направија Јунајтед и ќе успеат повторно да го елиминраат Јунајтед или пак Ѓаволите ќе ја искористат предноста од првиот натпреар и ќе поминат во 1/4 финалето.

The Red Devils

Мисија: Не смееме да го потцениме противникот по никоја мера.Иако имаме многу добар и поволен резултат, играме против тим како Милан, кај кој кога се работи во ЛШ никогаш, ништо не е сигурно.Мораме да играме напаѓачки, да не се браниме и да ја контролираме средината.Додека средината им ја чуваме добро, на чело со Роналдињо, не би требало да имаме проблеми.Еден гол би значел крај на надежите на Милан и 99% поминуваме, но дококлу се случи спротивното ние ќе треба да му ја мислиме.Рио и Вида се назад, не смее да имаме грешки, бидејќи секоја од нив можа да испадне фатална.

Тимската игра се покажа клучна на Сан Сиро

Форма:Солидна форма според мене, ги победивме Волфс,Астон Вила,Вест Хем и Милан а изгубивме само од Евертон.Најдоброто нешто за нас е тоа што Вејн Руни се враќа во составот по повредата која ја доби на репрезентативен план со Англија и дефинитивно ќе игра денес.Покрај нашиот најдобар напаѓач, тука е и Валенсија, кој влегува во доста добра форма, па би требало да биде во првиот состав денес и да продолжи со фантастичните нафрлувања.

Фит и спремен за шоу - Вејн Руни

Заклучок:Како што веќе спомнав, дефанзивна игра да не доаѓа во предвид.Мора да се игра напаѓачки како до сега, имаме предност од 3-2, играме на Олд Трафорд и го имаме назад Руни.Имаме и скоро целосна задна 4ка, со Рио,Вида,Евра и Рафаел фит заедно со ВДС, Валенсија е во форма, за Руни нема потреба од коментар.Да се држат играчите на Милан на дистанца од голот, да се држи средината, да се онеспособат Роналдињо и Хунтелар.Ќе типувам на минимална победа и овој пат, Јунајтед 1-0 Милан.Glory Glory Man United!





Il Diavolo


Misija: Milan go ~eka edno od najte{kite gostuvawa i seriozen ispit za nivnata silina sezonava. Dobro ni e poznato deka ekipata na Milan ima posebna magija i poseben motiv koga igra vo L[ kade {to vo poslednava decenija bea daleku uspe{ni za razlika od doma{noto prvenstvo.

Tuka gi ~eka silniot Man~ester Junajted koj {to igra vo dobra forma poslednite nekolku natprevari osobeno pred doma{nata publika i pekolniot Old Traford. Koj ke bide pouspe{en ostanuva da vidime vo sreda na Teatarot na soni{tata kade {to za prvpat od koga go napu{ti Junajted ke se vrati legendarniot Dejdiv Bekam da igra protiv svojot porane{en klub. Seto ova ni vetuva `e{ka atmosfera i odli~en natprevar me|u ovie giganti.

Forma: Posle porazot od prviot natprevar vo Milano, rosonerite se vo dobra serija od 4 me~a bez poraz vo koi {to izvojuvaa 3 pobedi protiv Fiorentina, Bari i Atalanta i remi so lutiot rival za titulata Roma. No toa {to najve}e gi zagri`uva rosonerite e sostojbata so povredata na mladata superyvezda Pato koj {to se povredi na me~ot so Atalanta i go propu{ti me~ot so Roma za da bide spremen za utre{niot duel protiv Crvenite \avoli. Poslednite informaci se deka Pato ke bide osposoben da igra samo ostanuva da vidime dali toa ke bide od po~etokot ili ke vleze kako xoker od klupata.

Zaklu~ok: Ekipata na Milan ke mora da igra mudro od samiot po~etok i da ja kontrolira igrata na sredinata od terenot kade {to se o~ekuva golema bitka za sekoja peda od terenot. Igrata na Ronaldiwo i Pato preku nivnata brzina i ekspozivnost treba da bide najsilnoto oru`je na Milan protiv ranlivata desna bekovska pozicija kade {to najverojatno ke igra mladiot Rafael koj {to ne uspea da go zadr`i Ronaldiwo vo prviot duek i pove}eto od napadite vo prviot me~ dojdoa od taa leva strana i levata bekovska pozicija kade {to igra ofanzivno nastroeniot Patris Evra. Topkite na Bekam kon napadot ke bidat i toa kako potrebni kade {to Borielo i Huntelar ke moraat da bidat da bidat daleku poprecizni i da gi iskoristat svoite {ansi. Momentalno najsilniot centralen tandem vo Evropa se Nesta i T. Silva i tie verojatno ke ja imaat najte{kata rabota da se spravat so napadite na Junajted, a osobeno ke mora da go ~uvaat dobro Vejn Runi ne{to {to ne im uspea vo prviot duel.

Komentar: Milan sekoga{ bil najsilen koga e najpotrebno isto taka i iskustvoto e na nivnata strana. Od druga strana prednosta e kaj Junajted i tie ke se obidat preku kontra napadi da go zagrozat golot na Abiati. Nesta i Silva ke mora dobro da go ~uvaat Runi od kade {to doa|a najgolemata opasnost, a vo isto vreme da ne zaboravat na Valensija koj {to poleka no sigurno ja popolnuva prazninata po desnata strana so zaminuvaweto na K. Ronaldo. Milan mora da ja ima kontrolata na sredinata i da postigne rano gol za da mo`e da go kontrolira tempoto na natprevarot dokolku saka da se plasira ponatamu. Isto taka takti~kata postavenost na neiskusniot Leonardo ke bide od golemo zna~ewe zatoa {to sepak znaeme koj e Ser Aleks Ferguson ili so drugi zborovi rosonerite ke mora da go dadat svojot maksimalen pridones i da izvojuvaat golema pobeda. Mojot tip e deka ke gledame otvoren natprevar so mnogu {ansi kade {to pobednik ke bide toj {to ke gi iskoristi poubavo {ansite. Kone~en tip Man~ester J.- Milan 1:3. Forzza Rossoneri





вторник, 9 март 2010

Ферги:Руни е фит

Најдобриот напаѓач на ѓаволите се враќа за натпреварот со Милан, потврди Сер Алекс.


До пред 2 дена се мислеше дека Руни се повредил на натпреварот со Египет за Англија и дека најверојатно нема да настапи со Милан, но Сер Алекс го демантираше тоа на денешниот прес.

Човекот што постигна 28 гола досега и 2 токму против Милан, се враќа во акција против Милан на Олд Трафорд и ќе игра против поранешниот колега Дејвид Бекам, кој патем нема стапнато на Олд Трафорд веќе 7 години.

Руни денеска се врати на тренинзите откако лекарите му дадоа позитивен знак на вчерашниот преглед.

"Ќе потврдам и официјално дека Руни е фит, и многу ми е мило.Покажа неверојатен напредок во повредата од саботата до сега и на почетокот мислевме дека нема да игра, но сега се врати и е спремен за игра" - изјави Фергусон.

Меѓу другото Сер Алекс изјави и дека Вес Браун ќе биде во аут од 4 до 6 недели.

недела, 7 март 2010

Кушчак:Сакам да сум прв избор, или си одам

Голманот на Јунајтед после 4 години почнува да реагира, "Сакам да бидам бр.1 во Јунајтед, или ќе си одам" гласеше изјавата на пољакот за The People.



По се изгледа на Томаш му е смачено од греење на клупата веќе 4 години во Јунатјед и со продолжувањето на договорот на Ван Дер Сар, по се изгледа ќе биде 2 избор и следната сезона.

Тој во изјавата за The People рече:

"Незнам уште колку долго ќе издржам да бидам на клупата.Чекав 4 години и уживав додека бев, но можеби треба да ја сменам средината.Сакам да останам со Сер Алекс дека е многу добар менаџер и се надевам дека ќе најдеме решение бидејќи не сум среќен што седам на клупа."

"Сум рекол повеќе пати, ако сметам дека не се развивам и не игра доволно би требало да го сменам тимот, и тоа ми се случува токму сега.Сакам да освојувам титули и мислам дека се докажав доволно за да бидам број 1 во Јунајтед." - заврши Кушчак.

Андерсон се чувствува добро по операцијата

Бразилецот во Манчестер Јунајтед, Андерсон беше опериран во Португалија во петокот поради повредата со којашто се здоби во натпреварот со Вест Хем и ќе почне со третман од понеделник.


Андо го повреди лигаментот кај коленото и беше опериран во петокот кај еден од најпознатите доктори и специјалисти кога се работа за колената, Хозе Карлос Нороња.Операцијата беше извршена во болница во Порто, Португалија.

Андерсон самиот си одбра дека сака да биде опериран од Нороња, кој го знае многу добро од времето кога беше во Порто, и тогаш бил опериран токму од него.Неколку познати и големи атлети барале да бидат оперирани токму кај него.

"Уште кога дознав дека ќе мора да правам операција, побарав од тимот да бидам опериран и лекуван од Нороња.Токму овој лекар кој ме лечеше од повредата додека бев со Порто против Бенфика и мислам дека тој е вистинскиот човек кој ќе ме излечи" - изјави Андерсон пред операцијата за Globoesporte.

Операцијата траела околу еден час и сега Андерсон ќе се одмара 2 дена и недели ќе има посебна терапија во друга болница, каде што има изработено посебен план за вакви повреди.

"Се помина добро.Повредата е многу слична како што имаше Пепе од Реал Мадрид и ако се помине како што треба, за 6 месеци би требало да се врати на терените" - изјави Нороња.

сабота, 6 март 2010

Најава:Волфс v Јунајтед

Премиер лига, 29то коло|Сабота, 6 Март 2010|Почеток: 18:30h
Стадион: Molineux Stadium, Wolverhampton


По освојувањето на Карлинг купот и завршувањето на интернационалните настапи на играчите, се враќаме повторно во Премиер лигата.

Ситуацијата, позната уште од пред 1 недела, 60 бода имаме и само 1 позади Челзи, а позади нас се Арсенал со само 2 поени разлика.Не смееме да дозволиме да паднеме на второ место и да не победиме денес, ем притискот ќе биде врз Челзи, кој нема да игра овој викенд поради што игра во ФА Купот, ем нема да му ја мислиме ако Арсенал победи против Барнли.Досега, Волфс сме ги тепале 2 пати, еднаш во Карлинг купот и еднаш во Премиер лигата, двапати на Олд Трафорд и тие не успеаа да ни дадат гол и во двата натпревара.Интересно е тоа што Волфс имаат дадено само еден гол во последните 5 натпревари дома, а имаат само 1 победа и 1 нерешена, заедно со 3 порази, така да се освен победа би било неуспех.Можно е Руни да не започне поради измореност од натпреварот со Египет и играме со Милан веќе во среда, од останатите, Рафаел,Андерсон,Гигс,О Шеј,Харгривс и Овен.

Волфс се борат за опстанок сезонава, и се ближи крајот па сигурно ќе бидат мотивирани дома против Шампионот да направат изненадување и да го спречат во освојување на титулата и оваа сезона.Уште помотивирачки ќе им делува и фактот дека Јунајтед имаат победено само 1 од последените 4 натпревари на гости во Премиер лигата.Сепак, статистиката е на страната на Јунајтед, со 13 победи 1 нерешена и само 1 пораз во 15 натпревари со екипите под 10то место.

Можни состави:
Hahnemann

Zubar - Berra - Foley - Craddock

Jarvis - Jones - Henry - Guedioura

Ward - Doyle

V

Berbatov - Diouf

Nani - Carrick - Scholes - Gibson

Evra - Evans - Vidic - Neville

VDS

Мој тип:
Мораме да ги користиме ваквите шанси со помалите тимови и не смееме да си дозволиме киксови, да се искачиме на првото место и нека му ја мислат Челзи после.
Волфс 1 - 3 Јунајтед.

Посетители

Администратори