понеделник, 26 јули 2010

Pre-season: UNITED vs. Kansas City 1-2

Денес наутро се одигра и третиот меч од пред-сезоната на Јунајтед каде на мечот против екипата на Канзас Сити Визардс тимот го забележа првиот пораз на турнејата низ САД.


Тимот настапи во следниот состав:

Amos

Rafael Smalling Evans De Laet

Nani Scholes Gibson Giggs

Berbatov Diouf


Голман. Како што се очекуваше младиот Амос ја доби шансата на овој меч да застане помеѓу стаивите со надеж дека ќе покаже дел од својот талент и ќе ја оправда довербата од Ферги. Од тоа што го видов вчера Бен не ми остави некаков впечаток, често излетуваше на нафрлени топки, малку несигурен во интервенциите, рака на среце имаше неколку добри одбрани, но мислам дека сеуште е далеку и од борбата за втор голман со Кушчак. Времето работи за него, се надевам добро ќе го искористи.

Одбрана. Во одбраната ги видовме младите надежи и иднината на клубот во овој дел од тимот. Можам да кажам дека ниту овој дел од тимот не ме импресионираше. Рафаел одигра лошо прво полувреме, играчот на Канзас, Милер многу лесно поминуваше покрај него. Смолинг делуваше сигурен со мали грешки, се на се немаше лоѓ натпревар. Еванс стандардно добар, Де Лает имаше лошо прво и нешто подобро второ полувреме со само неколку добри пробиви по левата страна. Исто така ги видовме и Фабио кој одигра добра втора половина од вторите 45 минути.

Среден ред. Настапивме со силен среден ред, среден ред со кој понекогаш дури игравме и на мечевите од Премиер Лига. нани по повредата за прв пат настапи, немаше кјознае каков меч, но сепак ова му е прв настап, треба да влезе во форма, имаше неколку добри потези, се надевам ќе го видиме во подобро светло во следните мечеви. Сколс и посебно Гибсон имаа лоши мечеви, иако Сколси малку го поправи впечатокот, Гибсон не успеа и заслужено беше заменет во второто полувреме. Гигс исто така не одигра на ниво, помалку нервозен. Во второто полувреме влегоа Обертан и Клеверли кои според мене го поправија малку впечатокот, но недоволно за барем да се постигне израмнувачки гол.

Напад. Се надевав дека Берба и Диуф ќе се поврзат повоторно како на натпреварот со Селтик. Не беше така, напротив Диуф буквално се изгуби на теренот, не добиваше топки, лошо се движеше, можеби прв кандидат за замена во тимот. Бербатоов исто така не беше на ниво, постигна гол, но сепак се очекуваше да биде лидер на овој тим и да ја преземе одговорноста во свои раце. Во второто полувреме влегоа Македа и Велбек кој ја раздвижија играта и имаа неколку убави шанси, но за жал не постигнаа гол.

Единствениот гол за Јунајтед го постигна Бербатов од пенал.

Мора да се напомене и ужасното судење на арбитарот, тотално се изгуби на теренот, ужасни одлуки, даваше црвени и жолти картони за стартови кои воопшто не беа фаули и очигледни стартови кои воопшто не ги санкционираше, остави црна дамка на мечот.

Мило ми е што ваквите лоши игри се случуваат токму во овој дел од сезоната, грешки од кои се учи и кои не носат поголеми последици. Отрезнувачки пораз кој дојде во одлично време пред мечот со MLS All Stars. Се надеваме дека играчите ја научија лекцијата (и го слушнаа hairdryer-от на Ферги) и дека на следниот меч ќе го видиме вистинскиот Јунајтед.

Хајлајтс од натпреварот на следниот линк.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори