вторник, 28 септември 2010

Руни во аут 3 недели, Сколс надвор 10-тина дена

Вејн Руни ќе биде во аут во следните 3 недели. Тоа го изјави Сер Алекс на денешната прес конференција пред натпреварот со Ваенсија од ЛШ.

По повредата здобиена на натпреварот со Болтон, Руни го пропушта утрешниот дуел со Валенсија и следниот натпревр на клубот во Премиер Лигата против екипата на Сандерленд.

''Руни најверојатно ќе биде аут 2-3 недели. Тој е силно момче и секогаш брзо заздравувал од повредите во минатото. Пол би требало да биде надвор од терените околу 10-тина дена.''

''Никој не сака да биде повреден. Знам дека Вејн гори од желба да игра за клубот, но за жал ќе биде спречен во тоа во следниот период'' - изјави Сер Алекс.

Ферги - Не чека тежок тест

Менаџерот на Јунајтед вели дека би било глупаво утрешниот меч со Валенсија да бие сметан како лесна задача за тимот.

Валенсија моментално е на првото место во Шпанија и нема домашен пораз на последните 11 натпревари, додека пак Јунајтед победил на само еден натпревар во последните 18 гостувања во Шпанија.

''Домашниот скор на Валенсија во Евро-куповите е доста добар. Би било глупаво тие да не ја добијат потребната почит. Шпанија отсекогаш имала екипа кои ги освојувале најсилните европски натпреварувања. Токму затоа е многу тешко да се на гостински терен против таквите екипи.'' - изјави Ферги.

Тој беше присутен на мечот кој Валенсија го одигра со Атлетико Мадрид минатата недела.

''Видов многу силен тим минатата недела. Очекуваме тежок меч, тие се први во групата и играат многу добро.''

Јунајтед во овој дуел влегува со еден поен на своето конто по ремито со Ренџерс, но менаџерот е убеден дека Јунајтед ќе се квалификува за нокаут фазата.

''Резултатот со Ренџерс беше разочарувачки, но сепак ние имаме уште 5 други натпревари во групата и треба тие да се искористат. Утрешниот меч е тежок, ама токму тие натпревари ја прават интересна Лигата на Шампиони - морате да играте со најсилните екипи од Италија, Шпанија и Германија. Тоа го прави ова натпреварување нешто посебно'' - заврши Ферги.


понеделник, 27 септември 2010

Right back...options, crticism, who's right?

Едно од главните оружја минатите сезони беше одбраната и сигурноста која таа ја даваше на целата екипа. Иако оваа година таа позиција во тимот до сега малку потфрли, сепак во овој пост би сакал да се осврнам на позицијата десен бек.

Секој фан на Јунајтед кој поблиску го следи тимот во последно време најчесто дебатира околу позицијата десен бек и слабостите кои помалку или повеќе влијаат на резултатите на клубот.

Најпрво, ќе започнам со сите опции кои ги имаме на располагање на таа позиција и нивното учество во тимот во досегашната сезона. Досега О'Шеј одигра 5 од вкупно 6-те натпревари во Премиер Лигата, а Џон го замени Невил на натпреварот со Евертон. Браун ги одигра (не баш најуспешно) двата Куп натпревари, а тоа значи дека останува уште еден играч кој воопшто не доби шанса во тој дел од тимот, а тоа е негова природна и преферирана позиција, а воедно и моментален фаворит меѓу навивачите за десен бек - Рафаел да Силва.

Досега Рафаел имаше само еден настап за тимот, но како лев бек, каде го замени неговиот брат Фабио кој тогаш беше повреден и со право секој ќе праша, дали доколку Фабио беше фит, Рафаел воопшто и ќе настапеше, бидејќи до сега наместо Евра во два наврати како лев бек играше токму Фабио. Најверојатно сликите од црвениот картон добиен со Баерн и наивноста која ја покажа Рафаел на тој натпревар се сеуште свежи кај Ферги и тренерскиот тим на Јунајтед.

Во овој дел сакам да направам мала анализа на играта на Рафаел и повторно да се навратам на некои негови грешки. Рафаел е десен бек кој има примарна задача да ги сопира налетите на крилата и да прави мали излети на противничката половина, а притоа да не заборави на дефанзивните задачи. Тој е млад, исклучително брз и талентиран играч кој секогаш играл онака како што ќе добие инструкции од Ферги. Иако понекогаш покажува мала незрелост во играта како оној фаул врз Белами од минатогодишното полуфинале во Карлинг купот, сепак тоа е резултат на неговите години и искуството кое допрва треба да го добие, секако со играње во првиот тим. Главна задача на еден десен бек е кога некој од противничките играчи ќе го мине тој веднаш да се врати и да помага на своите колеги од одбраната, за разлика од Рафаел кој тоа го сфаќа премногу лично и многу често добива жолти картони кога тоа се случува. Како и да е фановите сеуште многу го сакаат, а и јас спаѓам во тој процент. Ова се моите согледувања за неговите недостатоци кои со тек на време сум сигурен дека ќе ги надмине.

Ај сега да фрлиме ден look on the bright side. Сите знаеме и ги сакаме излетите на Рафаел на противничката половина, каде со неговата брзина и техника делува како крило, што е од особена корист при брзите контра-напади. Истото важи и за неговите игри во одбрана и стартовите кои ги прави што многу потсеќаат на оние на Сколс, што кога ќе бидат направени успешно изгледаат прекрасно. Повеќе од јасно е дека Рафаел има уште многу да учи, а тоа може да се случи само редовно играње во првиот тим, а Рафаел не игра токму затоа што тренерскиот тим смета дека треба да учи и токму вака се создава тој магичен круг од кој никој нема корист. Ако сакаме играчот позитивно да се развива и повторно да го видиме како дел од репрезентацијата на Бразил ќе мора да игра далеку повеќе и поредовно, инаку повторно на десната бековска позиција ќе ги гледаме О'Шеј, Браун и Невил, а доколку истите не се подобрат оваа сезона, желбите за да му се даде шанса на Рафаел ќе бидат се погласни и погласни.

Видиќ - Одбраната мора да се подобри

Немања Видиќ призна дека е загрижен по новите два гола кои клубот ги прими на гостувањето кај Болотон.

Иако Јунајтед замина со бод од Рибок стадионот, сепак загрижува играта во одбраната која сега има примено 9 гола на 6 натпревари.

''Да, загрижени сме. Минатите сезони не примавме многу. Секогаш игравме силно и не остававме многу простор на противничките играчи. Но, на последните неколку натпревари клубот прими гол на секој од нив, што е разочарувачко''

''Резултатите од саботата ни одеа во прилог, но не победивме вчера и ја пропуштивме шансата. Ова беше натпревар кој сакавме да го добиеме и доколку се споменеше реми пред почетокот воопшто немаше да прифатиме'' - изјави Видиќ за MUTV.

недела, 26 септември 2010

Керингтон со нов лик

Манчестер Јунајтед доби зелено светло за реновирање на Керингтон тренинг центарот кое ќе чини 11.5 милиони фунти.

Објектот ќе има вклучено и оддел за спортско истражување кое е окарактеризирано како 'да имаш сопствена медицинска лабораторија'.

Исто така во следните 3 години, колку што ќе трае целиот проект, Крингтон ќе добие нов фитнес и центар за рехабилитација на повредените играчи, нова просторија за прес-конференции и повеќе фудбалски терени за Академијата.

''Важно е да се има постојан напредок и визија како да се подобруваат работите'' - изјави Сер Алекс во врска со споменатото реновирање на тренинг центарот.

сабота, 25 септември 2010

Фергусон се приклучува на кампањата за Сер Рајан Гигс

Сер Алекс призна дека би сакал Гигс да добие титула Сер исто како што ја има и тој.


„Рајан нема освоено само една награда досега иако верувам дека е само прашање на време кога тој ќе ја добие. Премногу би сакал да ја украсам листата на моите првотимци со Сер Рајан Гигс.“ - овие зборови ги напиша Фергусон во предговорот на новата книга на Рајан Гигс  со име „Мојот живот - мојата приказна“.

Сер Алекс напомена дека англискиот рагбист Клив Вудвард ја доби оваа награда со само три победи на СП2003 во рагби. „Не мислам да дискутирам за таа титула на Клив ни па да велам дека е не заслужена, но, по одиграни над 800 натпревари и поголем дел од нив натпревари со висок притисок мислам дека и Рајан заслужува вакво нешто.“, додаде Фергусон.

Рајан Гигс целата своја кариера ја има поминато во Манчестер Јунајтед и е играчот со најмногу титули во целата Премиерлига. Исто така тој е единствениот играч кој има 11 ПЛ титули и единствениот играч кој има играно и постигнато погодок во Премиерлигата од нејзиното формирање во новиот формат.

Фергусон не заборави да спомене и дека огромна желба му е Гери Невил, Сколс и Гигс да останат во тимот како тренери по завршувањето на нивните играчки кариери.

Де Лает на позајмица во Шефилд Јунајтед

Шефилд Јунајтед ја добија битката за да го позајмат одбрамбениот играч на Јунајтед, Ричи де Лает.

Де Лает ќе претставува големо засилување за одбраната на Шефилд и се очекува да го има своето деби како позајмен играч веќе денес против екипата на Лидс Јунајтед.

Ферги верува Де Лает може да стане ѕвезда во иднина, а времето минато на позајмица може само да влијае позитивно врз неговиот развој како играч.

Јунајтед го доби Вулверхемптон во 4-тата рунда од Карлинг купот

Денес беа извлечени двојките за 4-тата рунда на Карлинг Купот.

Јунајтед за противник го доби Вулверхемптон. Натпреварот ќе се одигра на 25 октомври на Олд Трафорд.

Останатите двојки се следните:

Newcastle v Arsenal
Birmingham v Brentford
Wigan v Swansea
Aston Villa v Burnley
Leicester v West Brom
West Ham v Stoke City
Ipswich v Northampton

Preview - Bolton vs. MANCHESTER UNITED

Следниот противник на Јунјатед е тимот на Болтон, со кој играме на Рибок стадионот во недела од 13.00 часот.

Своевидно локално дерби, можеби не толку за клубовите, колку за навивачите, главно поради блискоста на двата града.

БОЛТОН

Болтон е цврста екипа која преферира класичен островски фудбал. Високи топки, имаат силни играчи како во нападот така и во одбраната. Болтон ира добро на свој терен и секогаш мора сериозно да се влезе во натпреварот со нив.

Од клупските вести за Болтон би издвоил дека за овој меч се враќаат Јаскелаинен и Кевин Дејвис кој ја одлежаа суспензијата, а во нивниот тим ќе недостигаат подолго отсутните Енди О'Брајан, Џои О'Брајан и Шон Дејвис, додека Гери Кејхил е суспендиран за овој меч.

Од формациски аспект и играчите кои ги имаат Болтон на располагање во моментов за очекување е дека Овен Којл ќе игра нешто како дијамант, каде Холден ќе игра пред Муамба, а Петров и Ли ќе играат и како крила и ќе го затвораат просторот во средината кој ќе остане поради таа формација, а и ќе можат да помагаат на нивните бекови.

Јунајтед посебно внимание ќе мора да обрне на Кевин Дејвис од кого доаѓа најголемата опасност. Ќе мора да се запре и Мартин Петров кој добро додава и секако да се внимава и на Елмандер кој добро ја започна оваа сезона.

ЈУНАЈТЕД

Кај Јунајтед конечно пристигнаа малку добри вести, особено по веста дека Керик и Харгривс е вратија на тренинзи, а Андерсон и Фердинанд успешно го минаа фитнес тестот на натпреаврот за Резервите. Ова ни е трето гостување оваа сезона и се надевам конечно на прва победа во гости сезонава. Се надевам играчите ја научија лекцијата од Фулам и Евертон и дека такви грешки нема да гледаме во иднина.

Од клупските вести немаме нови повредени ниту казнети играчи. Формацијски мислам дека Ферги ќе се задржи на 4-4-2 формацијата иако знае да извади и формација 4-5-1 кога играме на гостински терен, сепак мислам дека тоа нема да го стори на овој меч.

Од тимската селекција, не би требало да има големи дилеми околу голманската позиција, во одбраната очекувам да играат Рафаел и Евра како бекови, и Видиќ и Еванс како централни дефанзивци. Сметам дека Рио ќе биде сочуван за тешкото гостување против Валенсија од ЛШ следната среда. Средниот ред би бил составен од Сколс и Флечер во централниот дел и Нани и Гигс по крилата. Му давам предност на Гигси пред Парк само заради тоа што Парк ќе биде и тоа како потребен на формацијата која ќе се игра во Шпанија, па мислам дека ќе влезе во игра со Болтон во случај на потреба. Нападот би требал да биде составен од Бербатов и Руни, кој сите очекуваме повторно да постигнува голови.

Од нашата формација и стилот на игра кој би можеле да го практикуваме, повторно се издвојуваат Сколс, Нани, Гигс и Бербатов, Пол и Берба за успешно поврзување на средниот ред и нападот, додека пак крилата мора да добиваат топки, да влегуваат во опасната зона крилно и да ги пласираат во срцето на шеснаесетникот, тактика која ни донесе 3 гола против Ливерпул минатото коло, посебно ако Болтон настапи со Стеинсон и Робинсон како странични бекови.

СОСТАВИ


Jaaskelainen

Steinsson Ricketts Knight Robinson

Muamba

Petrov Lee

Holden

Elmander Davies


Rooney Berbatov

Giggs Scholes Fletcher Nani

Evra Vidic Evans Rafael

VDS



петок, 24 септември 2010

Харгривс назад на тренинг

Овен Харгривс вчера се врати на тренинг со првиот тим со надеж дека ова ќе е последна повреда која го одалечува од терените.

Ферги во ексклузивно интервју за MUTV изјави: ''Овен Харгривс се врати во тимот и вчера имаше тренинг со остатокот на тимот. Делуваше доста добро. Дури и јас бев изненаден од тоа како изгледаше на тренингот.''

''Ќе трерба внимателно да го мониторираме Харгривс поради неговото долго отсуство. Сепак добро е да се види Овен назад со екипата. Гледајќи го вчера на тренинг, со неговата желба и залагање ќе имам вистинска 'главоболка' при селекцијата на играчи за првиот тим.'' - изјави Ферги за MUTV.

Исто така, на тренинг се врати и Мајкл Керик по залечувањето на неговата повреда.



четврток, 23 септември 2010

Ферги: Клучни ќе бидат дуелите со Челзи

Ферги вели дека победникот на дуелите меѓу Јунајтед и Челзи ќе биде крунисан за шампион на Англија.

Ланската сезона Јунајтед заврши 1 поен зад Челзи во борбата за титулата, притоа губејќи ги двата меѓусебни дуели со нив. И покрај многуте засилувања на Сити и секогаш присутната закана од Арсенал, сепак Ферги смета дека и оваа година главниот збор за титулата ќе го имаат Јунајтед и Челзи.

'Премиер Лигата е многу тешка. Јас секогаш поблиску го следам тимот што ја освоил Лигата претходната сезона. На нас и на останатите е да играме и да ја одземеме титулата од нив. Челзи ја започнаа сезоната доста добро и ги метам за најголема опасност.'

'Најважните натпревари најверојтно ќе бидат оние на кои ќе играат двата клуба. Ланската сезона ги загубивме и двата меча од нив, што беше одлучувачко на крајот' - изјави Ферги.

среда, 22 септември 2010

Бебе: Ќе успеам во Јунајтед

Бебе треба да го има официјалното деби за првиот тим на Јунајтед на денешниот натпревар од Карлинг купот против екипата на Сканторп.



По трансферот кој го направи играчот во клубот тој досега го одигра само еден натпревар за Резервите на клубот минатата недела против Стокпорт. Тој денес најверојатно ќе го има своето деби за клубот, без разлика дали како дел од првите 11-мина или од клупата.

'Ќе успеам во клубот. Сер Алекс ми кажа дека е задоволен од мене и од досегашните мои залагања и сака да тренирам уште понапорно за да ја добијам мојата шанса и во првиот тим. Не знам кога ќе бидам целосно подготвен, сепак многу од тоа зависи и кога ќе бидам повикан да играм од страна на менаџерот.' - изјави Бебе.

вторник, 21 септември 2010

Ферги: Карлинг купот е шанса за младите

Со многуте млади таленто кои клубот ги има во своите редови, патувањето кај Сканторп во Карлинг Купот ќе претставува 'главоболка' за Ферги.

Ова е шанса за сите млади и играчи кои не добија шанса до сега во натпреварувањето кое Јунајтед го освојува последователно во изминатите две години.

'Играв со многу млади играчи минатата година и сите тие се покажаа добро. Ист ќе биде случајот и утре кај Сканторп. Многу од младите играчи ќе добијат шанса. Бебе тренира одлично, ќе добие шанса на утрешниот натпревар. Истото важи и за Федерико Македа.'

'Карлинг купот е одлична шанса за играчите. Желбата за да се игра на Вембли и можноста да се освои пехар е голем поттик за младите играчи.' - изјави Ферги за MUTV.


Вејн Руни го тужи Daily Mirror

Вејн Руни покрена тужба против Daily Mirror поради тоа што медиумот објавуваше стории од неговиот приватен живот.



Вејн Руни не ги тужи Sunday Mirror и News of the world кои исто така на 5ти септември ја објавија веста за проститутката, туку ги тужи Daily Mirror за објавените приказни од приватниот живот недела дена подоцна. Тужбата која ја поднесува Руни е поради нарушување на приватноста.

Ова не е прва ваква тужба од англиските фудбалери кон англиските медиуми. Најпрвин Руни ги тужеше The Sun поради тоа што изјавија дека тој си резервирал одмор на Барбадос уште додека беше во ЈАР со репрезентацијата на Англија затоа што наводно сфатил дека Англија ќе биде исфрлена. 
Минатата недела Питер Крауч поднесе тужба против The Sun поради објавување вести дека неговата девојка е бремена. 

недела, 19 септември 2010

Ферги презадоволен од Бербатов

Бербатов во извонреден стил го одигра денешниот натпревар со Ливерпул, постигнувајќи го својот прв хет-трик за клубот, прв во натпреварите со лутиот ривал по 1964 година кое тогаш му успеа на Стен Пирсон.


'Дознав дека ова е прв хет-трик за клубот постигнат против Ливерпул по повеќе од 60 години. Тоа покажува какво одлично постигнување е тоа за играчот. Презадоволен сум од Бербатов, тој е во одлична форма ова сезона.'

'Бербатов беше на мета од страна на медиумите минатата сезона. Тоа секогаш се случува кога ќе потрошите поголема сума на пари на еден играч, а тој нема да постигнува по 3 гола на секој меч. Тоа им се случува на многу играчи. Оваа сезона Бербатов ја почна на вистински начин. Имаше добра пред-сезона и сега таа форма ја пренесува и во лигата. Никогаш не сум се сомневал во неговиот квалитет, тој секогаш бил тука. Тој тоа денес најдобро го потврди на теренот.'

'Кога некој играч ќе се обиде да направи 'ножички', најчесто тој обид завршува со неуспех. Но, денес тоа не беше случајот. Беше прекрасен обид и удар на Бербатов.' - изјави Ферги за MUTV и Sky Sports.

Сколс - Мораме да ги победиме Ливерпул

Пол Сколс вели дека победа против Ливерпул секогаш била неопходна и слатка, но би била многу послатка доколку се случи тоа денеска, најмногу поради не така добриот старт на сезоната на Јунајтед.


Јунајтед веќе изгубија "сигурни" бодови на Кревин Котиџ и Гудисон Парк, против Фулам односно Евертон но Сколс вели дека сега се спремни да се вратат во акција и да го добијат вистинскиот резултат против Ливерпул.

"Кога и да играме против Ливерпул е посебно.Ова е едно од најголемите дербиња во светот и двата тима даваат се од себе за да победат и мислам дека тоа никогаш нема да се смени.Баш поради секогаш чувството е специјално кога ќе ги победиме.Но, овој натпревар е поважен од многу други досега вакви средби, поради разочарувањата од минатите две недели каде што изгубивме 4 бода." - изјави Сколс за BBC Radio Manchester.

сабота, 18 септември 2010

Видич е новиот капитен

Сер Алекс Фергусон изјави дека Немања Видич ќе биде новиот капитен на Јунајтед, заменувајќи го Рио Фердинанд, барем до крајот на оваа сезона, почнувајќи од утрешното дерби со Ливерпул


Претходно неделава, Фергусон изјави дека на Гери Невил му е одземена капитенската лента, и истотака дека и Рајан Гигс не би можел да го одбере за капитен поради тоа што му е потребен некој што може да игра секое коло.

Рио Фердинанд, кој ќе треба да се бори и за капитенската лента на Англија со Стивен Џерард, поради тоа што го пропушти светското првенство, очигледно ќе треба да почне да дава повеќе од просечни преформанси и на клубски план.Тој беше капитен на тимот којшто играше против Ренџерс, кадешто беа одморени голем број првотимци за дербито утре.

"Како што кажав и порано, потребен ни е играч којшто може да игра константно од коло во коло.Немања Видич е еден од тие играчи.Тој е фит поголемиот дел од сезоната и секогаш би се нашол во првиот тим, доколку не е повреден или го одмарам пред поважни натпревари.Ја започна сезоанта како капитен против Челзи, и така и ќе остане." - изјави Фергусон за MUTV.

Видиќ потпиша нов 4 годишен договор летово и досега ги започна сите 4 натпревари во Премиер лигата за Јунајтед.

"Ова е голем успех за мене.Неможе секој да се пофали дека е капитен на Манчестер Јунајтед и сум пресреќен што сум еден од тие.Ова е огромна одговорност за мене, што секогаш сум посакувал.Но, сите ги знаеме вистнските капитени на тимот, Гери Невил,Рио Фердинанд,Пол Сколс и Рајан Гигс.Тие се вистинските лидери, сите играчи пробуваат да одат под нивните стапки" - изјави 28 годишниот Видич.

четврток, 16 септември 2010

Валенсија успешно опериран

Денес Манчестер Јунајтед потврди дека операцијата на зглобот на Антонио Валенсија поминала успешно.



Валенсија тешката повреда ја доби на мечот против Ренџерс од Лигата на Шампионите кога го дислоцира и скрши зглобот на левата нога. Се очекува играчот да паузира одреден период.

'Операцијата мина добро. Посебен метален диск беше вметнат за да се стабилизира скршеницата, како и тешкото оштетување на лигаментите како резултат на дислоцирањето што секако ќе го одалечи играчот од терените во добар дел од сезоната.

Антонио останува позитивен и одлучен околу целата оваа работа'. - изјави претставник на клубот за официјалниот клупски сајт.



понеделник, 13 септември 2010

Гери Невил не е повеќе капитен на Манчестер Јунајтед

На денешната прес-конференција, Сер Алекс изјави дека Гери нема повеќе да ја носи капитенската лента на Манчестер Јунајтед.





Гери ја наследи капитенската лента од Рој Кин во 2005та, но последните три сезона кариерата на Гери беше многупати прекинувана од повреди. Како што е редот, негов заменик е Рајан Гигс но Немања Видиќ ја носеше капитенската лента во саботата иако Гери беше во тимот.

„Гери се` уште е капитен на клубот на некој начин со неговото искуство и влијание, но, барав да е капитен некој што е константен. Последниве три години често капитенската лента шеташе помеѓу неколку играчи, но јас сакам да имаме константен капитен што ќе игра секоја недела. Ако тој беше константен ќе останеше капитен и ќе беше во саботата. Но морам да земам во предвид многу работи.“, изјави Сер Алекс.

Исто така додаде: „Со целосна почит кон Гери и неговото време во Јунајтед, тој знае и јас знам дека не игра секоја недела а јас барам некој што го прави тоа.“

Како голем фан на Јунајтед а воедно и играч, ова не беше баш лесно прифатена одлука од Гери, но сепак тој изјави: „Не можам да кажам дека ова не ме погодува но има и за мене поголеми приоритети од капитенската лента. И така не можев да бидам константен со настапите. Но јас ќе продолжам да го давам за Јунајтед мојот максимум. Една лента на раката не ја завршува мојата љубов.“

сабота, 11 септември 2010

Харгривс се враќа во Манчестер за две недели

Овен Харгривс се враќа во Манчестер Јунајтед за две недели, но сеуште е непознаница кога тој ќе биде доволно фит за повторно да заигра.

Харго беше повторно вратен во специјалната клиника во САД каде се опоравуваше со помош на специјалистот Ричард Стедман, со надеж дека проблемите со колената конечно ќе исчезнат.

Ферги потврди дека за 14 дена играчот треба да се врати во клубот, но ни самиот тој не знае кога фитнесот на играчот ќе биде доволен за тој да го направи своето деби во оваа сезона.

'Овен има добар напредок и се надевам дека во следните две недели ќе го видиме назад во клубот. Но кога повторно ќе биде спремен да игра по неговото враќање? Тоа допрво ќе го дознаеме' - изјави Ферги.

Тој додаде дека различни критериуми влијаеле за Овен да биде дел од 25-те играчи кои ќе настапат во Премиер Лигата, но не и дел од тимот за групната фаза од Лигата на Шампиони.

'Не би било логично да го вметнам во составот кога тој сеуште не е вратен. Имаме право на измена во составот во јануари, па ако дотогаш е спремен ќе може да биде пријавен' - заврши Ферги.

петок, 10 септември 2010

О'Шеј со пофалби за Бебе

Џон О'Шеј верува дека новото засилување Бебе веќе почнал да покажува знаци на напредок на тренинзите. Џон признава дека не видел многу од него, но од последните неколку тренинзи во клубот смета дека е направен правилен избор.


Одбранбениот играч на Јунајтед ја даде следнава изјава за ESPN: 'Перформансите на сите тројца нови играчи во клубот се доста охрабрувачки. Бебе дојде пред неколку недели во клубот и немав доволно шанса да го гледам на тренинзите, но од тоа што можев да го видам се работи за квалитетен финишер'.

О'Шеј смета дека сите три засилувања имаат добра шанса да се појават во првиот тим оваа сезона.

'Сигурен сум дека тие се подготвени за настап во првиот тим, а менаџерот е убеден дека ќе ја добијат својата шанса' - заврши О'Шеј.


Гери Невил : Сега го мразам Сити повеќе од Ливерпул

Одбрамбениот играч, а воедно и капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил изјави дека повеќе го мрази Сити него Ливерпул.


Невил кој е омилен кај фановите поради нескриената омраза кон Ливерпул, зборувајќи за дуелот помеѓу Јунајтед и Ливерпул на Олд Трафорд наредната недела посочи колку Сити го иритираат од кога почнаа да трошат голема сума на пари изминативе две години.

"Кога бев помлад немаше сомнеж околу тоа, бев фан на Јунајтед, но Ливерпул освојуваше многу трофеи. Тоа беше ужасен период за фановите на Јунајтед. Љубомора, омраза, страст кон својот омилен тим, едноставно не сакаш да гледаш како најголемиот ривал освојува трофеи."

Ривалството помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул се уште е големо и покрај фактот што Ливерпул изминативе две децении е далеку од успесите на Јунајтед.

Како и да е градскиот ривал Манчестер Сити покажува желба за висок пласман во Премиер лигата, но со купување на звучни имиња и трошење на многу пари, кое посебно го навлекува гневот на Невил и фановите на Јунајтед.

Исто така Невил прокоментира околу крајот на неговата професионална фудбалска кариера.
"Премногу сум емоционално поврзан со клубот. Не сум сигурен дека можам тоа да го направам, иако мислам дека Гигс и Сколс би можеле. Ќе бидам трпелив, не сум засега сигурен дека можам да ја завршам кариерата," заврши легендата на Јунајтед, кој се мачи со повреди изминативе неколку сезони.

Керик во аут 3 недели

Играчот од средниот ред на Јунајтед, Мајкл Керик ќе мора да паузира 3 недели поради повреда на ахиловата тетива.


Мајкл Керик во следните 3-4 недели ќе мора да одмора и да се опоравува од повредата. Со комплетирањето на тимот и со се помалку понови повреди клубот реши да го испрати Мајкл на специјалист за поточна дијагноза која за жал ќе го одалечи од терените одреден период.

'Тој има мал проблем со ахиловата тетива. Керик го имаше овој проблем во последните неколку недели и решивме да го пратиме на специјалист. Сметам дека ова е исправна одлука која целосно ќе му го реши проблемот на играчот, посебно што немаме нови повреди моментално' - изјави Ферги.

Уште еден играч кој нема да настапи во сабота е и Андерсон кој се здоби со мал удар во ногата и многу скоро треба да се врати во полн тренажен процес.

Менаџерот исто така изјави дека Рио е подготвен за игра и дека тој не играл на вчерашниот меч на Резервите против Стокпорт за да биде што е можно поспремен за следните 3 меча против Евертон, Ренџерс и Ливерпул кој се играат во временска рамка од 8 дена.

Подоцна во составот пристигнаа и Валенсија и Чичарито па најверојатно утре ќе бидат на клупата поради долгиот и исцрпувачки пат кој го имаа по нивните интернационални обврски.

За мечот со Евертон, Ферги го изјави следново: 'Ние сме во добра форма. Мечот со Фулам беше само трет за некои фудбалери кај нас, а мора да имате одиграно барем 5-6 натпревари за да влезете во форма', алудирајќи дека мечот со Евертон доаѓа малку подоцна кога играчите се поспремни отклоку на минатото гостување.

четврток, 9 септември 2010

Мајкл Овен : ќе играм еден ден повторно за Англија

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен е убеден дека еден ден повторно ќе го облече дресот на Англиската репрезентација.




Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен (30) не е повикан во репрезентацијата на Англија од селекторот Капело, уште од Март 2008та, но Овен кој досега има постигнато 40 голови за Англија, изјави :

"Имам 89 настапи за репрезентацијата, играв уште од мојата 18та година. Oдиграв на ниво последните две години, па се надевам дека еден ден повторно ќе заиграм за Англија, никогаш не се знае" додаде Овен.

среда, 8 септември 2010

Нани : го живеам сонот

Нани откри се околу неговата прва посета во соблекувалната на Јунајтед за весникот inside United.



"Дојдов со мој пријател во Манчестер и ги посетивме музејот и стадионот, се сеќавам кога влеговме во соблекувалната на играчите и восхитувајќи се гледавме каде седат Роналдо, Руни, Гигс", објаснува Нани за inside United.

"Седевме во соблекувалната и замислувавме какво би било чувството да сме дел од од неа еден ден ... и две години подоцна јас дојдов тука. Прекрасно се почувстував кога потпишав за Јунајтед".

"Животот овде е прекрасен, но за мене најважно е да можам да играм фудбал за Јунајтед и да имам шанса да освојувам трофеи за овој клуб", додаде Нани.

"Научив многу овде, постар сум, поискусен и имам повеќе самодоверба. Ова e моја четврта сезона во клубот и се осеќам како дома". заврши Нани.

понеделник, 6 септември 2010

Сколс избран за играч на месец август

Пол Сколс е овомесечниот најдобар играч на нашиот клуб, кој и повеќе од заслужено го доби ова признание.


Пол ја започна новата 2010/11 сезона како во најдобрите денови, водејќи го тимот до 2 победи и едно реми, постигнувајќи притоа 1 гол кој воедно му беше 150-ти во неговата кариера играјќи за клубот.

Сколс пружи одлични партии со Њукасл и Фулам, втората за жал не успеавме да ја победиме. Неговите асистенции и воедно целата игра беа од круцијално значење за перформансот на целиот тим изминатиот месец.

Пол исто така убедливо победи и на анкетата на официјалната страна каде собра пет од вкупно осумте илјади гласови, убедливо пласирајќи се на првото место пред Димитар Бербатов.

На Сколси му посакуваме уште многу вакви признанија во иднина.


недела, 5 септември 2010

Потврден составот за Лигата на Шампиони

Денес од клубот беа потврдени играчите кои ќе настапат за Јунајтед во овогодинешната групна фаза во Лигата на Шампиони.


Две од трите засилувања кои пристигнаа во клубот оваа година ќе играат во првата фаза. Тоа се Крис Смолинг и Хавиер Хернандез, но за жал Бебе не е меѓу оние играчи кои ќе направат деби во најсилното европско фудбалско натпреварување. Заедно со Бебе на списокот не се ставени имињата и на Ричи де Лает и Овен Харгривс, кои би можеле да бидат пријавени од февруари кога ќе започне втората нокаут фаза, секако доколку претходно успешно биде завршена првата.

Списокот од пријавени играчи се состои од 30 имиња кои ќе имаат право да настапат во Лигата на Шампионите од кои 24 играчи се од А, останатите 6 се од Б списокот.

Еве го полниот список на играчи кои се пријавени за настап: Ван дер Сар, Кушчак, Амос*, Невил, Евра, Џ. Еванс, Фердинанд, Браун, Смолинг, Видиќ, О'Шеј, Фабио*, Рафаел*, Гил*, Нани, Андерсон, Гигс, Парк, Керик, Сколс, Флечер, Валенсија, Гибсон, К. Еванс*, Бербатов, Руни, Хернандез, Овен, Обертан, Македа*.

*Играчи од Б списокот.

среда, 1 септември 2010

Кам-бек на Фердинанд

Рио Фердинанд го направи својот кам-бек на теренот по повредата која го одалечи од терените неколлку месеци.

Тој денеска настапи за Резервите на мечот против Олдам Атлетик. Ги одигра првите 45 минути од мечот и според извештаите за мечот тој се покажал доста добро.

На мечот исто така играше и Андерсон, за кого ова е втор меч после тешката повреда, одигрувајќи ги сите 90 минути со што покажува дека е на пат да достигне целосен фитнес во најскоро време.

Мечот заврши со победа на Резервите на Јунајтед од 2-1. Головите за нас ги постигнаа Македа и Ахосе.

Посетители

Администратори