понеделник, 30 ноември 2009 г.

Најава:Јунајтед v Тотенхем

Карлинг Куп, 1/4 Финале|Вторник, 1ви Декември 2009|Почеток: 21:00h
Стадион: Old Trafford, Manchester



Реприза на финалето во ова натпреварување ќе гледаме уште еднаш, но овој пат во четвртина финалето.Освојувачите и второ пласираните во Карлинг купот уште еднаш ќе играат против себе, со надеж за Хари Реднап дека нема да се повтори минатогодишното финале каде што изгубија на пенали.

Имам некое многу лошо чувство за натпреваров и мислам дека тука завршува нашата авантура во купов.Спарси ќе излезат со доста силен состав којшто според мене ќе биде посилен од мотивацијата и силата на нашите деца.Стадионот најверојатно нема да биде полн бидејќи никој не обрнува толку внимание на овие натпревари од купов.Единствено што може да се надеваме е дека и Спарси ќе искочат со деца, т.е со послаби и помлади играчи.Ленон и Дефо ако играат би биле премногу за нашите деца.

Можни состави:
Kuszczak

Rafael - Brown - Vidic - De Laet

Obertan - Gibson - Anderson - Welbeck

Owen - Macheda

V

Keane - Defoe

Bentley - Palacios - Jenas - Lennon

Bale - Dawson - Bassong - Corluka

Gomes

Мој Тип:
Како што кажав, сметам дека овој состав на Тотенхем ќе биде пресилен за нашиве деца.
Јунајтед 1 - 2 Тотенхем

недела, 29 ноември 2009 г.

Јунајтед против Лидс или Кетеринг во ФА купот

Јунајтед повторно ќе играат дома во третата рунда на ФА купот, но овој пат или против старите ривали Лидс Јунајтед или против Кетеринг Таун.


Кетеринг изненадувачки ги издржаа поранешните шампиони на Англија Лидс Јунајтед, кои моментално играат во 3тата Англиска лига, со 1-1, па ќе биде потребно да се преигра натпреварот на 8ми Декември за да се знае која екипа ќе патува на Олд Трафорд на 2 или 3 Јануари.

Јунатед до сега со Кетеринг има играно само 2 пати, и тоа во далечната 1896 и 1897 кога уште нашиот тим се нарекувал Newton Heath, и тогаш во Фа купот.Со Лидс пак, има голема историја зад ривалството меѓу овие 2 тима, иако Лидс ги нема во Премиер лигата уште од 2004та година.

Нани не е за продавање

Сер Алекс Фергусон изјави дека младиот Португалец не е за продавање и дека нема ни да биде.


23 годишниот играч на Манчестер Јунајтед во последно време се бори за своето место во тимот на Јунајтед, но наидува на потешкотии. Додека беше со португалската репрезентација, Нани изјави дека не е задоволен од начинот со кој Фергусон го третира него и дека Интер и Бенфика се заинтересирани за неговиот потпис.

Но Фергусон изјави: „Ако некој дојде по потписот на Нани во јануари, ќе му кажеме дека не е за продавање ни под точка разлог. Го сакаме тука.“


Њукасл заинтересирани за Клеверли

Њукасл во јануари планираат да испратат понуда до Манчестер Јунајтед за младата ѕвезда во подем, Том Клеверли, кој моментално е на позајмица во Вотфорд.
Заинтересираноста на Њукасл за Клеверли
е очекувана, со оглед на очигледно одличната форма на 20 годишниот играч, кој за Вотфорд досега има постигнато 6 гола и си го истрасира својот пат до англиската У21 репрезентација.

Во договорот за позајмица со Јунајтед, Њукасл може да ја продолжи позајмицата на Клеверли до крајот на сезоната и по се` изгледа и така ќе биде, со оглед на тоа дека играчот ужива на Викериџ Роуд.

Менаџерот на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, за Клеверли изјави дека е оптимист дека момчето може да стане ѕвезда на Олд Трафорд во иднината и не планира да го продава.

Фергусон задоволен од дисциплината на клубот

Алекс Фергусон ја пофали дисциплината и постојаноста на својот тим по победата од 1-4 на вчерашниот дуел со Портсмут на френетичниот Фратон Парк.


Менаџерот на Јунајтед натпреварот го проследи од трибините каде неговиот тим победи со 1-4 со трите гола на Руни и 100-тиот погодок на Гигс.

По слабото прво полувреме, Јунајтед заигра многу подобро во второто и токму тоа е причината за задоволство на Фергусон, пред се од покажаниот карактер и дисциплина.

''Тоа беше одличен резултат за нас. Да се победи во гости со таков резултат никогаш не е лесно. Одигравме добар меч, посебно сум задоволен од прикажаната дисциплина во нашата игра во текот на вторите 45 минути, ја задржавме топката во наш посед и на крај заслужено победивме.''

Посебни полемики отвори досудениот пенал по фаулот на Видиќ во шеснаесетникот. Фергусон за ова изјави дека е задоволен на начинот на кој тимот се справил после таа ситуација.

''Сметам дека помошникот создаде огромен притисок врз главниот судија. Тоа се дуели кои се случуваат на секој натпревар, но ретко кога се санкционираат со пенал. Помошникот го овозможи тоа. Не бевме среќни за примањето на токму таков гол. Паузата на полувреме беше добредојдена. Во второто полувреме беше важно да постигнеме втор гол, и токму тоа се случи. Во таков случај противничкиот тим ќе мора да се отвори што ви остава отворен простор на вас.''

Фергусон имаше посебни пофалби за Кушчак, кој на неколку пати со одлични одбрани го спаси својот гол.

''Портсмут создадоа неколку одлични шанси. Томаш имаше три одлични одбрани и со тоа многу влијаеше на конечниот резултат. Неговата изведба беше одлична, задоволни сме со прикажаното.''- заврши Фергусон за MUTV.


Руни среќен по постигнувањето на хет-трикот

Вејн Руни го постигна својот трет хет-трик за Јунајтед и дојде до двоцифрена бројка на постигнати голови за клубот оваа година, но сепак тој е концентриран на постигнување на уште повеќе голови и поставување на личен рекорд во постигнати голови за клубот во една сезона.

Како член на Јунајтед, Руни постигнува во просек по 20 голови во една сезона, а со 11 постигнати голови за сега тој се надева дека ќе го надмине својот рекорд од сезоната 2006/2007 год. кога имаше вкупно 23 постигнати голови.

''Секако дека со постигнување голови од пенали ќе влијае на бројот на головите. Многу сим среќен што денес постигнав два гола токму од пенал. Чувството да се постигне хет-трик е прекрасно.''

''Беше навистина тешко во првото полувреме. Менаџерот не беше среќен поради начинот на кој ја движемве топката по теренот и поради тоа што не создадовме доволно шанси за гол. Моравме повеќе да се потрудиме во второто полувреме и откога ги постигнавме головите беше полесно. Се на се ова беше тежок натпревар и ние сме задоволни со освоените три поени.''- заврши Руни.

Постигнати голови на играчот во досегашната негова кариера како член на Манчестер Јунајтед:

2004/05 - 17 гола
2005/06 - 19 гола
2006/07 - 23 гола
2007/08 - 18 гола
2008/09 - 20 гола

сабота, 28 ноември 2009 г.

Интерес за Гути?

Вториот капитен на Реал Мадрид, Гути, изјави дека зема часови по англиски јазик, откако била најавена битка на Јунајтед со Сити за неговиот потпис во јануари.

Шпанскиот репрезентативец е изоставен од составот на Реал Мадрид по караницата со Пелегрини и е поврзуван со трансфер во ПЛ. Реал за него бара 4 милиони фунти, прилично висока цена со оглед на неговите 33 години, но според тимот, спремни клубови да ја платат оваа сума и да додадат искуство во средниот ред се Јунајтед и Сити.

Летово Сити беа поврзувани со Гути, но според најнови вести, Фергусон бара некој креативец во средината да го заменува Сколс.

Фердинанд: Ќе ја освоиме 4-тата титула во серија

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд смета дека клубот ќе ја издржи и добие битката со Челзи и дека на крајот токму тие ќе се радуваат на 4-та титула во серија во Премиер Лигата.


"Треба само да ги погледнете играчите кои ги имаме на располагање за да видите зошто го говорам ова. Во моментот не би заменил ниеден играч од тимот. Во последните три години ние сме шампиони и мислам дека повторно ќе успееме да ја освоиме титулата и оваа година.''

Фердинанд одби да дава определен датум кога повторно би се вратил во акција. Тој само уште додаде дека мотивацијата на Овен се зголемила како резултат на Алекс Фергусон и неговата харизма.

Најава:Портсмут v Јунајтед




Премиер Лига, 14то коло|Сабота, 28 Ноември 2009|Почеток: 16:00h
Стадион: Fratton Park, Portsmouth


Тимот со само 2 победени натпревари и 10 порази зад себе, Портсмут, ќе биде домаќин на шампионот на Англија, и моментално второ-пласираниот на табелата, Манчестер Јунајтед.

Излезната врата од Фратон Парк му беше покажана на Пол Харт завчера, и на негово дојде не толку популарниот поранешен менаџер на Челзи, Аврам Грант.Пол Харт освои за тимот само 7 бода, одкои Сите 7 беа освоени во последните 6 натпревари, во кои тој имаше 2 победи и 1 нерешена, додека последните 2 му се изгубени од Блекбурн и Стоук.

Играчите на Ферги ќе се обидат да го игнорираат дербито во Лондон и да победат без посериозни проблеми и да се надеваат дека Арсен Венгер и неговиот тим ќе му обезбедат на Јунајтед само 2 поени разлика со Челзи.

Единствени добри вести за Сер Алекс се тоа што најверојатно Димитар Бербатов ќе се врати откако почна со тренинзи во Вторникот со првиот тим и се очекува дека е фит, иако не играше на натпреварот со Бешикташ.Од другите играчи, Рио Фердинанд и Џон О'Шеј се дефинитивно аут, Фабио и Џони Еванс е можно да се на клупата, но со формата на Браун не изгледа толку голем проблем одбраната.

Последно пласираниот Порстмут пак, имаат проблем со голманите, бидејќи Дејвид Џејмс се повреди минатата недела, најверојатно ќе брани Џејми Ешдаун, кој бранеше минатата недела, додека пак Грант го повика Асмир Бегович да се врати од позајмицата од Ипсвич.Многу добри вести за нас, знаејќи какви проблеми ни правел Џејмс во минатото.

Можни Состави

Ashdown

Wilson - Ben Haim - Kaboul - Hreidarsson

Smith - Mullins - Boateng - Brown - O'Hara

Dindane

V

Rooney - Berbatov

Giggs - Carrick - Fletcher - Valencia

Evra - Vidic - Brown - Rafael

Van Der Sar

Мој тип:
Дефинитивно задолжително победа, со оглед на дербито меѓу Арсенал и Челзи, мора да се искористи било каков кикс.
Портсмут 0 - 2 Јунајтед.

четврток, 26 ноември 2009 г.

Јунајтед заинтересирани за Гери Кејхил

Гери Кејхил деновиве е помеѓу главните имиња во британските весници откако се дојде до знаење дека Манчестер Јунајтед се заинтересирани за него.


Кејхил премина од редовите на Астон Вила во Болтон за 5 милиони фунти и оттогаш центархалфот навистина импресионира со неговите изведби, па дури и се верува дека ќе избори место во составот на Фабио Капело во англиската репрезентација на СП на лето.

Според Телеграф, Фергусон веќе подолго време го набљудува 23 годишниот играч на Болтон и најверојатно ќе испрати понуда до Болтон.

Јунајтед се откажува од Акинфеев

Сер Алекс тврди дека нема планови да прави понуда за Акинфеев во зимскиот трансфер период.


Иако се веруваше дека менаџерот на Манчестер Јунајтед е голем обожавател на првиот голман на Русија и на ЦСКА, тој изјавува дека нема да се откаже од 2та потенцијални наследници на бр.1 дресот на ВДС, Кушчак и Фостер.

"Неколку пати имам изјавено дека тој е најдобриот играч на ЦСКА и дека треба да се следи неговиот развиток.Добро е физички развиен,силен и добро проценува.Сепак, ова што го реков не значи дека сакаме да го донесеме на Олд Трафорд.Знам дека имаше шпекулации дека сме заинтересирани за него, но тоа не е точно."

"Тој е многу добар голман, но јас сум среќен со нашите играчи кои ги имаме на таа позиција, од највозрасните до оние кои што се борат уште од академијата за да стигнат до бр.1" - изјави Фергусон за United Review.

Во последните месеци имаше шпекулации дека Јунајтед се интересира за Акинфеев, поради изјавите дека Ван Дер Сар ќе се пензионирал на крај на сезоната и како Кушчак и Фостер се неповолни замени.

недела, 22 ноември 2009 г.

Секој меч треба да се победи!

Сер Алекс Фергусон изјави за медиумите дека секој нареден меч мора да се третира како меч на кој едноставно мора да се победи за да се наметне притисок на лидерите на табелата, Челзи.
Вчера, Јунајтед прикажа извонредна игра со која ги победи Евертон на Олд Трафорд комотно со 3-0, победа со која се искачи на втората позиција на табелата, но заостанува 5 бода пред Челзи.

Фергусон не сака никакви потпаѓања на Јунајтед во наредните недели за да тимот може да ја осигура својата позиција како фаворит за освојувања на ПЛ. „Мораме да ги победиме сите натпревари во наредните недели за да можеме да бидеме на врвот до Нова Година, на првата позиција или па со намалена предност наспрема Челзи. Потоа, во вториот дел од сезоната, можеме да си дадеме шанса за да ја освоиме ПЛ.“, изјави Сер Алекс.

Во врска со вчерашниот натпревар, Керик и Валенсија постигнаа погодок, но Дарен Флечер беше човекот кој што го отвори натпреварот. Голот на Флечер го изненадил Сер Алекс затоа што тој мисли дека Флечер е подобар во своите дефанзивни квалитети.
„Дарен е фудбалер кој постојано напредува. Секоја година ги гледаме неговите можности како се зголемуваат. Но морам да признаам дека таков гол не очекував. Беше навистина рај за очи.“

Што се однесува до одбраната, Фергусон е задоволен од фактот што Јунајтед не прими гол, иако во одбраната недостасуваа Фердинанд, О`Шеј и Невил. „Ова е можеби најважниот дел од нашата синоќешна победа. Кога се браниме како што треба и ги извршуваме задачите со ред, знаеме дека имаме голема шанса за освојување на ПЛ.“

"Нема да одам на шопинг во зима" - Сер Алекс

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, изјави дека најверојатно нема да купува нови играчи во зимскиот преоден рок.


Откако заврши летниот преоден рок, Сер Алекс и Јунајтед беа поврзани со многу играчи кои би можеле да се преселат на Олд Трафорд, од кои последен беше младиот талент на Евертон, Џек Родвел.

Сепак, Фергусон уште еднаш изјави дека не планира да троши повеќе од колку што вреди според него некој играч и доколку не најде некој таков, ќе си остане со сегашниот тим, барем до крај на сезоната.

"Во иста ситуација сум како и летото.Знаат дека имаме пари и дека сме Манчестер Јунајтед па секој играч го проценуваат на 50 милиони фунти, иако тој не вреди повеќе од 20.Со такви енормни цени, никогаш нема да ги продадат играчите." - изјави Ферги.

Овен ужива во престојот во Јунајтед

Мајкл Овен ужива во престојот во Манчестер Јунајтед по трансферот од Њукасл во англискиот шампион.


Овен досега има настапено на 7 од 20 натпревари за Јунајтед оваа сезона и има постигнато 4 гола Освен постигнувањето на голови за клубот втората цел на Овен е и враќање во англиската репрезентација.

''Пред да се преселам во Манчестер настапував во клуб кој се бореше за опстанок. Сакав да играм за победнички тим, па макар и да не стартувам во сите натпревари. Сега настапувам за квалитетен клуб, тренирам со одлични играчи секој ден и се тоа под водство на врвен менаџер.''

''Досега сум задоволен од минутите на кои настапив за Манчестер Јунајтед, и воопшто не приговарам од тој аспект. Мене не ме интересираат статистиките, туку само сум сконцентриран на постигнување на што е можно поголем број на голови.''-заврши Овен.

сабота, 21 ноември 2009 г.

Најава:Јунајтед v Евертон

Премиер Лига, 13то коло|Сабота, 21 Ноември 2009|Почеток: 18:30h
Стадион: Old Trafford, Manchester


После уште една интернационална недела поради баражите за СП 2010 во ЈАР, играчите на Јунајтед се враќаат во Премиер лигата, овој пат дома против Евертон, откако повеќе незаслужено изгубија против Челзи.

Јунајтед ќе има одбрабени проблеми и овој натпревар, како и оној со Челзи пред 2 недели.О'Шеј,Фабио и Рио се повредени, Невил е суспендиран поради црвениот картон, а Еванс е неизвесен.Сепак, и покрај повредите би имале солидна одбрана со Рафаел,Евра,Браун и Видич.Истотака, сметам дека Обертан би требало да стартува, откако барем мене ме импресионираше со неговите настапи сезонава, и би бил подобра опција од Нани.Флечер истотака според мене мора да игра, без него средината ни е катастрофа.

Но и Евертон не се којзнае колку подобри од нас, сметајќи дека играчи како Артета,Јагиелка,Пиенар,Фелаини,Фил Невил им се повредени и дефинитивно аут, немаат некои играчи коишто би можеле да направат "магија" на Олд Трафорд.Сепак, сеуште се тука Кејхил,Фелаини и поранешниот ѓавол Саха.Мојс е многу добар менаџер и не смее никако да се потценува, знаејќи дека минатата сезона едвај победивме на овој натпревар, и тоа преку пеналот на Роналдо.

Состави:

VDS

Rafael - Vidic - Brown - Evra

Valencia - Fletcher - Anderson - Obertan

Rooney - Berbatov

v

Saha

Cahill

Biyatedinov - Osman - Rodwell - Gosling

Baines - Distin - Heitinga - Hibbert


Мој тип:
Нема да биде лесно против Евертон, отсекогаш претставувале тежок противник за нас, но со повредите кои што ги имаат се многу ослабени така да верувам дека ќе можеме да ги земеме 3те поени без поголеми потешкотии.Би сакал Берба да го видам како постигнува некој гол, во чест на новиот рекрод и најважното - да не примиме гол!

петок, 20 ноември 2009 г.

Клеверли во Ватфорд до крајот на сезоната

Ватфорд ја продолжија позајмицата на младиот играч на Манчестер Јунајтед, Том Клеверли, до крајот на сезоната.


Клеверли ги импресионираше фановите и персоналот на Ватфорд со досегашните 6 гола во 13 натпревари во Чемпионшип дивизијата, откако пристигна од Јунајтед на позајмица во Август.Требаше да остане таму само до Јануари, но репрезентативецот на Англија под 21 година ќе остане на Викрејџ Роуд до крајот на сезоната, изјави менаџерот Malky Mackay на официјалната страна.

"Пресреќен сум што ги договоривме неговите услуги и што го продолживме договорот.Повтороно, како и минатиот пат, работата беше завршена многу брзо и професионално од Том,неговиот агент и Манчестер Јунајтед." - изјави Malky за Watfordfc.com

Истотака тој со новиот договор ќе може да игра во ФА купот, освен ако се паднат против неговиот домашен тим, Манчестер Јунајтед.

Повредата на Рио не толку сериозна, Еванс неизвесен за Евертон

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, е оптимист во врска со Рио Фердинанд, изјавувајќи дека повредата не е толку сериозна и можно е да биде аут неколку недели а не месеци.


Фердинанд ги пропушти последните 4 натпревари на Јунајтед поради наведената повредана коленото, што всушност откако беше испитано од стручњаци, се дојде до заклучок дека всушност неговата повреда е тесно поврзана со неговата многу долга повреда на грбот.

Рио дефинитивно нема да игра против Евертон во Сабота, но Фергусон верува дека 31-годишниот ќе биде вратен побрзо од очекуваното.

"Се е поврзано.Нема да кажувам точна дата, но ако минатиот пат ќе речев месеци, сега слободно можам да кажам дека се во прашање недели, и тоа само неколку." - изјави Сер Алекс.

Фергусон ќе има големи проблеми со одбраната, откако Еванс се пожали на повреда на мусклулот на ногата, додека играше за репрезентацијата на Северна Ирска.

"Се бориме со сите сили за Еванс да биде фит за во Сабота, но сеуште нема тренирано.Ќе видиме како ќе биде со него состојбата денес"

O'Шеј исто е повреден откако беше заменет во контроверзниот натпревар за Р.Ирска против репрезентацијата на Франција во баражот за Светското Првенство.

Од другите играчи, Гери Невил е суспендиран, Фабио е повреден, така да најверојатно Ферги ќе мора да искочи со Видич и Браун како стопери а Евра и Рафаел на бековските позиции.

понеделник, 16 ноември 2009 г.

И Бербатов се опорави од повредата

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов, потврди дека е целосно опоравен од ситната повреда која што ја имаше на коленото, која го оневозможи да игра на дербито со Челзи.


Бербатов ги пропушти 2та последни натпревари на Јунајтед, нерешениот натпревар 3-3 со ЦСКА дома и дербито со Челзи на Стемфорд Бриџ.28 годишниот напаѓач изјавува дека ситната повреда ја надминал и се надева дека ќе настапи за натпреварот со Малта за Бугарија.

"Добив удар на коленото за време на натпреварот со Блекбурн и ми требаше одмор и третман, но сега сум добар и мислам дека ќе можам да играм против Малта." - изјави Берба.

Ако настапи за Бугарија, Бербатов, ќе има шанса да се изедначи со рекордот на легендарниот Христо Стоичков, доколку постигне гол и стигне до бројката на 47 гола за својата репрезентација.

Фергусон заинтересиран за Џеко

Слободниот премиерлигашки викенд му даде време на Фергусон да ја среди листата на фудбалери кои ги посакува во неговиот состав.
Менаџерот на Јунајтед, се` уште го има босанскиот напаѓач Един Џеко прв на листата на фудбалери со кои сака да потпише. 23 годишниот Босанец беше внимателно набљудуван кога импресионираше на Олд Трафорд кога Јунајтед играше против Волфсбург и ќе биде повторно набљудуван кога Јунајтед ќе гостува во Германија.

Што се однесува до другите играчи, на ван дер Сар се очекува да му биде понуден уште еден договор од дванаесет месеци, додека иднината на Томас Кушчак е се` уште неизвесна и тој лесно би можел да го напушти Јунајтед во зимскиот трансфер период.

Во врска со зимскиот трансфер период, Фергусон изјави: „Би сакал да направам добар бизнис само ако цените се реални за фудбалерите кои сум заинтересиран - што може да се јави како проблем во јануари.“

Исто така, се верува дека мета на Јунајтед се и следниве фудбалери: Давид Виља (Валенсија), Маруан Чамак (Бордо) и Карлтон Кол (Вест Хем).

Јунајтед заинтересирани за Лукас Пиазон

Манчестер Јунајтед заедно со Арсенал и Челзи се верува дека се заинтересирани и водат битка за младиот петнаесетгодишен Бразилец, Лукас Пиазон кој е именуван со епитетот „новиот Кака`“.

Напаѓачот на Сао Паоло, кој моментално се наоѓа во Јужна Африка на СП за У15, за Бразил во 4 натпревари на ова СП постигна 8 гола.
Забележани се скаути на Челзи кои го следат Пиазон на ова СП, но, ќе треба да се помачат да дојдат до неговиот потпис затоа што Арсенал и Јунајтед се подготвени да се вмешаат.


Тевез: Руни е најдобриот играч со кој што имам играно

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Аргентинецот Карлос Тевез, изјави дека и покрај добрата конкуренција, Вејн Руни е најдобриот играч со кој тој некогаш играл.


"Сум имал чест да играм со многу добри играчи.Во Јунајтед играв со Кристијано, а за Аргентина играм со Меси, но никој од нив не е како Руни.Комплетен е во секој поглед, плус делиме слично минато иако тој порасна во Ливерпул а јас во Фуерте Апаче."

"Го памтам денот уште кога играв за Вест Хем и кога Руни ми го побара дресот на крајот на наптреварот.Имам добри пријатели во скоро сите тимови.Еднаш дури Анри ме повика да се придружам на Арсенал, додека играв за Вест Хем." - изјави Тевез

Иако можеби очекуваше регуларно место во првите 11мина во Сити, очигледно ќе мора да се бори за место во тимот, исто како што го направи тоа во Јунајтед.

"Навикнат сум да се борам за место во тимот, тоа воопшто не ми смета.Што потешко, тоа подобро, јас така го гледам тоа."

Рио нема никаков проблем со нозете

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, нема никакви проблеми со нозете, според неговиот агент.


Откако по неговото континуирано отсуство од тимот на Јунајтед, растеа шпекулации дека едната нога на Рио била помала во однос на другата, што било поврзано со долгата негова повреда на грбот.Неговиот агент Пини Захави ги негира сите вакви шпекулации.

"Ве уверувам дека нема никаква вистина во тоа.Кога му кажав на Рио незнаеше дали да се смее или да плаче.Ваквите приказни ќе ги има секогаш, па некогаш дури се и смешни." - изјави агентот.

Кога беше запрашан за моменталната состојба на Фердинанд, Захави одговори дека би бил фит за отприлика 3 недели.

"Рио моментално е под терпаија и само што почна со кратки тренинзи.Ако продолжи вака да се одвива опоравувањето, би требало да го видиме во првиот состав на Јунајтед за околу 3 недели." - заврши Захини.

Манчестер Јунајтед со понуда од 15мил за Лам

Манчестер Јунајтед припремаат понуда од 15мил за бекот на Баерн Минхен, младиот германец Филип Лам, според Sunday Mirror.


"Манчестер Јунајтед ќе понудат 15 милиони за Лам во зимскиот трансфер период.Сер Алекс Фергусон е загрижен поради годините и состојбата на одбраната на неговиот тим, со оглед на годините на Гери Невил и повредата со која што се соочува Рио Фердинанд."

"Рафаел сите го гледаат како наследник на Гери, но Фергусон го гледа 26 годишниот Лам како потенцијален ментор и играч кој може многу да придонесе кон тимот, поради неговата разновидност на позициите кои што може да ги игра." - пишува Ентони Келвејн за Sunday Mirror.

Иднината на Лам во Баерн Минхен станува се понеизвесна, откако имаше изјави како го критикува Луис Ван Гал, велејќи дека не е достоен да биде тренер на тим како Баерн.Неговиот договор истекува во 2012 и досега има 54 настапи за својата репрезентација и се смета за еден од најдобрите на неговата позиција во светот.

недела, 15 ноември 2009 г.

Фостер фрустриран со животот во Јунајтед

Голманот на Манчестер Јунајтед, Бен Фостер, признава дека животот на Олд Трафорд му станува се` потежок и потежок.


Фостер, ја доби и не ја искористи доволно шансата која што ја имаше на почетокот на сезоната, додека Ван Дер Сар беше надвор од терените поради скршеницата на прстот.По катастрофалните настапи проследени со многу киксови и само 1 натпревар без примен гол, Фостер веќе не се наоѓа ниту во резервната голманска позиција, која што во последните 5 натпревари му припадна на Кушчак.

За разлика од Сер Алекс, Фабио Капело го бираше Фостер како прв избор во последните 2 натпревари за Англија, и тој смета дека еден голман кој е прв избор на репрезентација како Англија не треба да биде 3 избор во својот тим, иако се работи за тим како Манчестер Јунајтед.

"Чудно е.Трет голман сум во Манчестер Јунајтед, а моментално играм во првиот состав на Англија.Многу сум разорачан, дури и фрустиран што неможам ниту да бидам на клупата на Јунајтед."

"Едвин дефинитивно е еден од најдобрите голмани во светот, така да немам за што да се бунам, бидејќи навистина заслужува да биде 1 избор, без оглед на годините."

"Мислам дека на почетокот започнав добро, но потоа имаше серија од 2-3 натпревари каде што направив по неколку грешки.Тие беа единствените кои што ги направив и многу сум разочаран што не сум во тимот" - изјави Фостер.

Фостер неколку пати изјави дека сака да остане во Јунајтед, најмногу поради желбата да дознае што се е потребно за да бидеш голман во првиот тим на еден од најголемите европски тимови.

петок, 13 ноември 2009 г.

Руни сака нов договор

Вејн Руни,напаѓачот на Манчестер Јунајтед, очекува да му биде понуден нов договор од Јунајтед во следните неколку месеци.


Руни докажа дека е дефинитивно еден од најдобрите на неговата позиција, со неговите настапи уште од првиот ден кога дојде во Манчестер Јунајтед, кога го постигна оној хет трик на дебито против Фенербахче.

Како и да е, шпекулациите се зголемуваа дека Барселона и Реал Мадрид се интересирани за услугите на Вејн, кој тој самиот ги отфрли со изјавата дека никогаш не сака да го напушти тимот на неговите соништа.

24 годишниот кој моментално се спрема за пријателскиот натпревар на Англија со Бразил во Сабота, повторно изјави дека нема никаква намера да го напушти тимот, токму спротивното, сака да си ја осигура иднината со подолг договор.

"Среќен сум тука, навивачите ме сакаат, со сите согирачи стојам супер, не гледам причина да не останам тука.Се разбира, ако некој од тимот и од раководителите на тимот не ме посакува, ќе ја почитувам нивната желба, но сега за сега, со сите стојам во најдобар однос."

"Имам уште 2 години на мојот стар договор откакот ќе заврши сезонава, и сигурен сум дека со Сер Алекс ќе приговараме за нов договор во следните неколку месеци."

"Го обожавам животот тука.Олд Трафорд ми е на 30 минути од дома и целата моја фамилија и имам поголема шанса да освојувам трофеи од било кој друг тим." - изјави Руни

четврток, 12 ноември 2009 г.

Ферги денес се соочува со ФА

Сер Алекс денес треба да истапи пред дисциплинската комисија на ФА и со тоа да се обиде да докаже дека критиката на фитнесот на судиите била оправдана.


Ферги денес ќе настапи пред четиричлена комисија на Вембли за да се изјасни по инцидентот со судијата Вајли минатиот месец. Иако Ферги жали за личната навреда на судијата и двете извинувања кои судијата ги доби од Шкотот, сепак Ферги цврсто стои на ставот дека фитнесот на судиите мора да се подобри и тој тоа денес ќе се обиде да го докаже.

Фергусон се надева дека ќе избегне казна која би можела да значи и забрана да биде на клупата на Јунајтед на неколку натпревари. Се останува во рацете на ФА, односно дали тие ќе сакаат да направат пример од Ферги за тоа како ќе бидат тртирани сите менаџери кои така ќе се днесуваат кон судиите.

Парк се опорави од повредата

Капитенот на Јужна Кореја, Парк Џи Сунг, вели дека е целосно опоравен од повредата и дека ќе изигра на двата натпревари за неговиот национален тим, против Данска и Србија.


28 годишниот играч од средината, пропушти 11 натпревари по ред за Јунајтед поради повреда на коленото, но вели дека сега е комплетно опоравен и се надева дека Сер Алекс ќе го пушти да игра за својата репрезентација.

"Се опоравив од повредата и можам да изиграм 90 минути на 2та пријателски натпревари.Јунајтед испрати физиотерпавт за да ја потврди мојата состојба, и Сер Алекс ми рече дека ако сум фит ќе можам да играм." - изјави Парк за The Korea Times.

вторник, 10 ноември 2009 г.

Фергусон задоволен од Валенсија

Антонио Валенсија деновиве е цел на пофалби од страната на Сер Алекс Фергусон за начинот на кој брзо се приспособи на играта на Јунајтед.
Да се преземе улогата на Кристијано Роналдо по десната страна не е мала работа, има различни играчи, но Еквадорецот одлично ги прикажа неговите низ игрите што изминаа. Додека играше Кристијано, неговите цели беа да постигне гол, додека Валенсија е посконцентриран на пробиви, дриблизни и организирање шанси за напаѓачите. Иако Валенсија потврди и дека знае многу добро да дава голови, сепак Фергусон изјавува дека е задоволен од тоа што го прикажува крилото.

„Тој дрибла со топката многу добро. често стигнува и до шеснаесетникот и неговиот удар ретко кога е изблокиран. “, изјави Фергусон.

недела, 8 ноември 2009 г.

Еванс ја започна битката:"Торес е подобар од Дрогба"

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Џони Еванс, тврди дека напаѓачот на Ливерпул, Фернандо Торес, е многу подобар од Дидиер Дрогба.


Еванс, денеска најверојатно ќе биде стартер за натпреварот со Челзи бидејќи Рио Фердинанд е повреден, и ќе има задача да го чува Дрогба.Тој вели дека иако и Дрогба е добар, Торес е многу поквалитетен напаѓач од него.

"Имам играно неколку пати против Дрогба и секогаш ми се допаѓал предизвикот да играм против играч од негова класа.Има од се по нешто,брзина,сила,шут и мора цело време да бидеш претпазлив.Но, за разлика од него, Торес е повисока класа.Тоа што му го направи на Рио можеше да му го направи на кој било друг одбрабен играч во светот." - изјави Еванс за SkySports.

сабота, 7 ноември 2009 г.

Фергусон - можеме да победиме со Челзи

Сер Алекс Фергусон смета дека Манчестер Јунајтед мораат да покажат повеќе ако сакаат да победат и да го прекинат шестгодишниот пост без победа на Стемфорд Бриџ.


Јунајтед во недела го игра натпреварот со Челзи каде со евентуална победа повторно ќе се искачи на врвот на табелата во Премиер Лигата.

Иако клубот е без победа на гостински терен кај Челзи од 2002 година, менаџерот на Јунајтед смета дека играчите се способни за да ја прекинат оваа лоша серија, бидејќи во спротивно ќе заостануваат пет поени зад моменталниот лидер.

''Ние имаме квалитет да победиме на неделниот натпревар. До пред 6 години нашиот биланс таму беше добар се до 2002 од кога играме лошо во Лондон, но не смееме да дозволиме оваа серија да продолжи. Ќе биде тешко за двата клуба''.

''На моменти натпреварот ќе биде напнат, но во двата тима има играчи од кои може да се очекува многу на теренот''. - изјави Фергусон.

Јунајтед имаат дефанзивни проблеми особено со повредата на Фердинанд и сеуште недоволно залечениот Видиќ, Фергусон смета дека одбраната на клубот ќе се прикаже во подобро светло за разлика од мечот со ЦСКА од ЛШ.

Иако Дидие Дрогба е во одлична форма, Ферги вели дека не тој туку Франк Лампард е играчот на кој треба да се фокусираат и да се обидат да го сопрат.

''Лампард поседува неверојатна енергија. Тој е од голема важност за Челзи како и сите нивни останати играчи кои имаат многу искуство''. - продолжи Ферги.

Иако на големата четворка и се закануваат клубови како Сити, Астон Вила и Тотенхем тој вели дека табелата ќе го добие вистинскиот лик после паузата за меѓународни натпревари.

''Кога паузата за тие натпревари ќе заврши табелата ќе добие нов, вистински израз''. - заврши Ферги.

петок, 6 ноември 2009 г.

Харгривс близу до враќање

Овен Харгривс е близу до враќање на целосните тренинзи со тимот откако неговото закрепнување малку се оддолжи откако полесно го повреди мусклулот на ногата.


Откако Харгривс беше на операција на коленото во САД и отсуствуваше цела сезона од тимот на Јунајтед, минатиот месец се врати на тренинг и се очекуваше да биде спремен на почетокот на ноември. Но, англискиот репрезентативец се префорсира на еден од тренинзите и го истегна мускулот на ногата но Сер Алекс изјави дека верува дека Харгривс ќе биде спремен за настап за 10тина дена.

„На Овен му оди доста добро. Ја повреди малку ногата при што му беа дадени 3 дена одмор, но за 10тина дена повторно ќе се приклучи на тренинзите на првиот тим и ќе биде спремен за настап. Но како што кажав, нема да го форсирам премногу бидејќи имам во предвид колку време тој беше отсутен од терените.“, изјави Фергусон.

Откако Јунајтед се пласираше во осмина-финалето во ЛШ по ремито со ЦСКА, се очекува Харгривс да се врати на мечот со Бешикташ на 25 ноември.

Сер Алекс спремен за Челзи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Феругсон, инсистира дека неговиот ќе изигра многу подобро на Стемфорд Бриџ одошто што изигра на Енфилд.



Јунајтед минатиот месец изгубија со 2-0 на Енфилд од Ливерпул, но сега се спремаат за епска битка на Стемфорд Бриџ меѓу првите 2 тима на табелата и најголемите конкуренти за титулата сезонава, а Сер Алекс инсистира дека Јунајтед ќе изигра подобро одколку што изигра на Енфилд.

"Секогаш е тешко кога се игра против Челзи, но верувам дека ќе изиграме подобро одошто изигравме на Енфилд.Многу беше тешко.Требаше да се има победнички менталитет а кај нас токму тоа фалеше." - изјави Сер Алекс.

Желбата на Руни

Вејн Руни, по којзнае и кој пат изјавува дека сака остатокот од својата кариера да го помине во Манчестер Јунајтед, но овој изјавува и дека сака да ги израмни рекордите кои ги има поставено неговиот идол, Рајан Гигс.


За Руни ова ќе биде 6та сезона откако премина од Евертон во Јунајтед, но вели дека ќе треба да прави многу повеќе за да си ја оствари својата желба, да го достигне Рајан Гигс.

Гигс има рекорд од 815 натпревари за Ѓаволите,11 титули во ПЛ и 2 во ЛШ, додека Руни сега за сега има 252 натпревара,3 титули во ПЛ и 1 во ЛШ.

Поранешниот соиграч, Кристијано Роналдо според медиумите имаше изјава како го повикува Руни да се придружи во Реал Мадрид, но Руни уште еднаш потврдува дека никогаш не би го напуштил Театарот на Соништата.

"Сум кажал многу пати, ќе кажам и сега, сакам да ја завршам мојата кариера на Олд Трафорд.Ако можам да дојдам барем блиску до Рајан ќе биде фантастично достигнување за мене, бидејќи тој за мене претставува животен идол." - изјави Руни за MUTV.

Рио во аут 3 недели

Рио Фердинанд дефинитивно е во аут за натпреварот со Челзи на Стемфрод Бриџ, откако не успеа да се опорави од повредата на ногата.


Одбранбениот играч на Ѓаволите, Рио Фердинанд, ги пропушти последните 3 натпревари на Јунајтед, откако се повреди на натпреварот со Ливерпул.

Откако не покажа никакви знаци на подобрување, Сер Алекс одлучи да го изостави од составот што отпатува за Лондон, и да остави на медицинскиот тим да види дали повторно и оваа повреда има некаква врска со онаа на грбот, што го мачи подолго време 31 годишниот Англичанец.Вес Браун тврди дека Рио тренирал и играл со повреда на грбот подолго време, бидејќи не сакал да оди на операција.

"Немаше никакво подобрување во повредата.Обично, една повреда на мусклулот на ногата трае околу 2 до 3 недели, па затоа се посомневам дека има и некаква врска со повредата на грбот која ја има одамна" - изјави Сер Алекс Фергусон.

четврток, 5 ноември 2009 г.

Најава:Челзи v Манчестер Јунајтед

Премиер Лига, 12то коло|Недела, 8 Ноември 2009|Почеток: 17:00h
Стадион:Stamford Bridge, London



Дуелот на првите 2 екипи на табелата, и реално најголемити фаворити за освојување на Премиер лигата годинава, конечно пристигнува.Многу значаен натпревар и за двете страни.За Челзи ова би можело да значи големо оддалечување на првата позиција со 5 бода предност, додека па за Јунајтед тоа што не смеат да си дозволат уште еден изгубен натпревар и дефинитивно не сакаме да бидеме 5 бода во минус на тим со форма како што моментално ја има Челзи, иако поминаа само 4 месеци од почетокот на сезоната.

Анчелоти не отиде со најдобар состав против Атлетико, во Мадрид и сепак успеаа да освојат бод.Го демолираа Болтон минатото коло во ПЛ, и Анчелоти треба да биде многу среќен со тоа како неговиот тим игра.Годинава со Diamond формацијата му оди многу добро, за тоа покажува и скорот од 17:0 за последните четири натпревари во Премиер лигата.Оби Микел,Џо Кол и Малуда дефинитивно се спремни за овој наптервар а неизвесен е само Босингва.

Никогаш неможе да се определи точниот состав со кој би искочил САФ за вакви и било кои други натпревари, секој играч е ротиран и секој е можно да игра.Видич,Гигс и Бербатов се низвесни за овој дуел, што е можно да има огромен ефект на целиот натпревар.Отприлика голманската позиција,одбраната и нападот се знае кои се, средината е таа што ги прави најголемите дилеми.Против Ливерпул не изиграа добро Гигс,Керик и Сколс, затоа ни требаат борбени играчи кои ќе играат на средината на теренот, кои ќе се борат за секоја топка и ќе дадат енергија во тимот, посебно кога ќе играат против Лампард,Деко,Балак итн.Флечер и Андерсон според мене би биле перфектни, заедно со Гигс и Валенсија на крилата, што дефинитивно би било напаѓачка формација со која можеме да очекуваме добар резултат на Стемфорд Бриџ.Бербатов и Руни во нападот се стандардно, во одбраната без Рио овој пат, би требало да се Видич,О'Ши,Браун и Евра.

Можни состави:
Cech

Ivanovic - Terry - Carvalho - A.Cole

Essien
Ballack - Deco
Lampard

Anelka - Drogba
Berbatov - Rooney

Giggs - Fletcher - Anderson - Valencia

Evra - Vidic - O'Shea - Brown

Van Der Sar

Мој тип:
Ќе биде тешко да извлече резултат на Стемфорд, поготово поради добрата форма на Челзи, али иам некое чувство дека ќе ги здробиме

Челзи 1-2 Јунајтед

Viva John Terry!



Посетители

Администратори