
Крилото на Манчестер Јунајтед е најуспешниот играч во ПЛ, освојувајќи ја со Јунајтед таа лига дури 11 пати, како и со најмногу титули во ФА и Лига Купот.
Гигс, кој следниот месец ќе го прослави неговиот 36ти роденден, се` уште е важен играч во тимот на Сер Алекс Фергусон, но во својата репрезентативна кариера, не успеа со Велс да оствари пласман на некое СП или ЕП и сега е желен тоа да го направи како селектор на велшката репрезентација.
„Мислам дека ако сте настапувале за вашата земја и сакате по пензионирањето да станење менаџер или тренер, работењето со вашата селекција би била вашата наредна станица од кариерата.“, изјави Рајан Гигс.
0 коментари:
Објави коментар