недела, 22 ноември 2009

Секој меч треба да се победи!

Сер Алекс Фергусон изјави за медиумите дека секој нареден меч мора да се третира како меч на кој едноставно мора да се победи за да се наметне притисок на лидерите на табелата, Челзи.
Вчера, Јунајтед прикажа извонредна игра со која ги победи Евертон на Олд Трафорд комотно со 3-0, победа со која се искачи на втората позиција на табелата, но заостанува 5 бода пред Челзи.

Фергусон не сака никакви потпаѓања на Јунајтед во наредните недели за да тимот може да ја осигура својата позиција како фаворит за освојувања на ПЛ. „Мораме да ги победиме сите натпревари во наредните недели за да можеме да бидеме на врвот до Нова Година, на првата позиција или па со намалена предност наспрема Челзи. Потоа, во вториот дел од сезоната, можеме да си дадеме шанса за да ја освоиме ПЛ.“, изјави Сер Алекс.

Во врска со вчерашниот натпревар, Керик и Валенсија постигнаа погодок, но Дарен Флечер беше човекот кој што го отвори натпреварот. Голот на Флечер го изненадил Сер Алекс затоа што тој мисли дека Флечер е подобар во своите дефанзивни квалитети.
„Дарен е фудбалер кој постојано напредува. Секоја година ги гледаме неговите можности како се зголемуваат. Но морам да признаам дека таков гол не очекував. Беше навистина рај за очи.“

Што се однесува до одбраната, Фергусон е задоволен од фактот што Јунајтед не прими гол, иако во одбраната недостасуваа Фердинанд, О`Шеј и Невил. „Ова е можеби најважниот дел од нашата синоќешна победа. Кога се браниме како што треба и ги извршуваме задачите со ред, знаеме дека имаме голема шанса за освојување на ПЛ.“

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори