недела, 29 ноември 2009

Фергусон задоволен од дисциплината на клубот

Алекс Фергусон ја пофали дисциплината и постојаноста на својот тим по победата од 1-4 на вчерашниот дуел со Портсмут на френетичниот Фратон Парк.


Менаџерот на Јунајтед натпреварот го проследи од трибините каде неговиот тим победи со 1-4 со трите гола на Руни и 100-тиот погодок на Гигс.

По слабото прво полувреме, Јунајтед заигра многу подобро во второто и токму тоа е причината за задоволство на Фергусон, пред се од покажаниот карактер и дисциплина.

''Тоа беше одличен резултат за нас. Да се победи во гости со таков резултат никогаш не е лесно. Одигравме добар меч, посебно сум задоволен од прикажаната дисциплина во нашата игра во текот на вторите 45 минути, ја задржавме топката во наш посед и на крај заслужено победивме.''

Посебни полемики отвори досудениот пенал по фаулот на Видиќ во шеснаесетникот. Фергусон за ова изјави дека е задоволен на начинот на кој тимот се справил после таа ситуација.

''Сметам дека помошникот создаде огромен притисок врз главниот судија. Тоа се дуели кои се случуваат на секој натпревар, но ретко кога се санкционираат со пенал. Помошникот го овозможи тоа. Не бевме среќни за примањето на токму таков гол. Паузата на полувреме беше добредојдена. Во второто полувреме беше важно да постигнеме втор гол, и токму тоа се случи. Во таков случај противничкиот тим ќе мора да се отвори што ви остава отворен простор на вас.''

Фергусон имаше посебни пофалби за Кушчак, кој на неколку пати со одлични одбрани го спаси својот гол.

''Портсмут создадоа неколку одлични шанси. Томаш имаше три одлични одбрани и со тоа многу влијаеше на конечниот резултат. Неговата изведба беше одлична, задоволни сме со прикажаното.''- заврши Фергусон за MUTV.


0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори