сабота, 7 ноември 2009

Фергусон - можеме да победиме со Челзи

Сер Алекс Фергусон смета дека Манчестер Јунајтед мораат да покажат повеќе ако сакаат да победат и да го прекинат шестгодишниот пост без победа на Стемфорд Бриџ.


Јунајтед во недела го игра натпреварот со Челзи каде со евентуална победа повторно ќе се искачи на врвот на табелата во Премиер Лигата.

Иако клубот е без победа на гостински терен кај Челзи од 2002 година, менаџерот на Јунајтед смета дека играчите се способни за да ја прекинат оваа лоша серија, бидејќи во спротивно ќе заостануваат пет поени зад моменталниот лидер.

''Ние имаме квалитет да победиме на неделниот натпревар. До пред 6 години нашиот биланс таму беше добар се до 2002 од кога играме лошо во Лондон, но не смееме да дозволиме оваа серија да продолжи. Ќе биде тешко за двата клуба''.

''На моменти натпреварот ќе биде напнат, но во двата тима има играчи од кои може да се очекува многу на теренот''. - изјави Фергусон.

Јунајтед имаат дефанзивни проблеми особено со повредата на Фердинанд и сеуште недоволно залечениот Видиќ, Фергусон смета дека одбраната на клубот ќе се прикаже во подобро светло за разлика од мечот со ЦСКА од ЛШ.

Иако Дидие Дрогба е во одлична форма, Ферги вели дека не тој туку Франк Лампард е играчот на кој треба да се фокусираат и да се обидат да го сопрат.

''Лампард поседува неверојатна енергија. Тој е од голема важност за Челзи како и сите нивни останати играчи кои имаат многу искуство''. - продолжи Ферги.

Иако на големата четворка и се закануваат клубови како Сити, Астон Вила и Тотенхем тој вели дека табелата ќе го добие вистинскиот лик после паузата за меѓународни натпревари.

''Кога паузата за тие натпревари ќе заврши табелата ќе добие нов, вистински израз''. - заврши Ферги.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори