Рио Фердинанд ќе поднесе уште една жалба за банот од 4 натпревари кој му беше даден во четврокот, но овој пат, со последица од неиграње во финалето на Карлинг купот.

Откако англискиот репрезентативец конечно се врати во составот за Јунајтед во натпреварот со Хал, по само 2 натпревари изиграни повторно се врати на трибините, овој пат поради банот од 4 натпревари.
Јунајтед поднесе жалба за првичниот бан од 3 натпревари, колку Рио да игра против Сити во Карлинг купот, но таа беше одбиена и му беше даден дополнителен бан од 4 натпревари.Веќе го пропушти натпреварот со Арсенал, и му остануваат уште со Астон Вила,Евертон и Портсмут.
Овој пат жалбата не е доставена за банот од 3 натпревари туку за дополнителна казна којашто ја доби.Доколку биде прифатена жалбата, тогаш би играл во натпреварот со Евертон на Гудисон Парк, но ако не биде прифатена би можело да му се додаде уше 1 натпревар плус, суспензија, со што не би можел да игра против Вила во Карлинг купот.
Сер Алекс ја поддржува жалбата бидејќи дефинитивно сака да има екстра дефанзивец во тимот за тешките натпревари кои следат од Евертон натаму.
0 коментари:
Објави коментар