петок, 10 септември 2010

Гери Невил : Сега го мразам Сити повеќе од Ливерпул

Одбрамбениот играч, а воедно и капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил изјави дека повеќе го мрази Сити него Ливерпул.


Невил кој е омилен кај фановите поради нескриената омраза кон Ливерпул, зборувајќи за дуелот помеѓу Јунајтед и Ливерпул на Олд Трафорд наредната недела посочи колку Сити го иритираат од кога почнаа да трошат голема сума на пари изминативе две години.

"Кога бев помлад немаше сомнеж околу тоа, бев фан на Јунајтед, но Ливерпул освојуваше многу трофеи. Тоа беше ужасен период за фановите на Јунајтед. Љубомора, омраза, страст кон својот омилен тим, едноставно не сакаш да гледаш како најголемиот ривал освојува трофеи."

Ривалството помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул се уште е големо и покрај фактот што Ливерпул изминативе две децении е далеку од успесите на Јунајтед.

Како и да е градскиот ривал Манчестер Сити покажува желба за висок пласман во Премиер лигата, но со купување на звучни имиња и трошење на многу пари, кое посебно го навлекува гневот на Невил и фановите на Јунајтед.

Исто така Невил прокоментира околу крајот на неговата професионална фудбалска кариера.
"Премногу сум емоционално поврзан со клубот. Не сум сигурен дека можам тоа да го направам, иако мислам дека Гигс и Сколс би можеле. Ќе бидам трпелив, не сум засега сигурен дека можам да ја завршам кариерата," заврши легендата на Јунајтед, кој се мачи со повреди изминативе неколку сезони.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори