вторник, 28 септември 2010

Ферги - Не чека тежок тест

Менаџерот на Јунајтед вели дека би било глупаво утрешниот меч со Валенсија да бие сметан како лесна задача за тимот.

Валенсија моментално е на првото место во Шпанија и нема домашен пораз на последните 11 натпревари, додека пак Јунајтед победил на само еден натпревар во последните 18 гостувања во Шпанија.

''Домашниот скор на Валенсија во Евро-куповите е доста добар. Би било глупаво тие да не ја добијат потребната почит. Шпанија отсекогаш имала екипа кои ги освојувале најсилните европски натпреварувања. Токму затоа е многу тешко да се на гостински терен против таквите екипи.'' - изјави Ферги.

Тој беше присутен на мечот кој Валенсија го одигра со Атлетико Мадрид минатата недела.

''Видов многу силен тим минатата недела. Очекуваме тежок меч, тие се први во групата и играат многу добро.''

Јунајтед во овој дуел влегува со еден поен на своето конто по ремито со Ренџерс, но менаџерот е убеден дека Јунајтед ќе се квалификува за нокаут фазата.

''Резултатот со Ренџерс беше разочарувачки, но сепак ние имаме уште 5 други натпревари во групата и треба тие да се искористат. Утрешниот меч е тежок, ама токму тие натпревари ја прават интересна Лигата на Шампиони - морате да играте со најсилните екипи од Италија, Шпанија и Германија. Тоа го прави ова натпреварување нешто посебно'' - заврши Ферги.


0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори