сабота, 11 септември 2010 г.

Харгривс се враќа во Манчестер за две недели

Овен Харгривс се враќа во Манчестер Јунајтед за две недели, но сеуште е непознаница кога тој ќе биде доволно фит за повторно да заигра.

Харго беше повторно вратен во специјалната клиника во САД каде се опоравуваше со помош на специјалистот Ричард Стедман, со надеж дека проблемите со колената конечно ќе исчезнат.

Ферги потврди дека за 14 дена играчот треба да се врати во клубот, но ни самиот тој не знае кога фитнесот на играчот ќе биде доволен за тој да го направи своето деби во оваа сезона.

'Овен има добар напредок и се надевам дека во следните две недели ќе го видиме назад во клубот. Но кога повторно ќе биде спремен да игра по неговото враќање? Тоа допрво ќе го дознаеме' - изјави Ферги.

Тој додаде дека различни критериуми влијаеле за Овен да биде дел од 25-те играчи кои ќе настапат во Премиер Лигата, но не и дел од тимот за групната фаза од Лигата на Шампиони.

'Не би било логично да го вметнам во составот кога тој сеуште не е вратен. Имаме право на измена во составот во јануари, па ако дотогаш е спремен ќе може да биде пријавен' - заврши Ферги.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори