сабота, 25 септември 2010

Preview - Bolton vs. MANCHESTER UNITED

Следниот противник на Јунјатед е тимот на Болтон, со кој играме на Рибок стадионот во недела од 13.00 часот.

Своевидно локално дерби, можеби не толку за клубовите, колку за навивачите, главно поради блискоста на двата града.

БОЛТОН

Болтон е цврста екипа која преферира класичен островски фудбал. Високи топки, имаат силни играчи како во нападот така и во одбраната. Болтон ира добро на свој терен и секогаш мора сериозно да се влезе во натпреварот со нив.

Од клупските вести за Болтон би издвоил дека за овој меч се враќаат Јаскелаинен и Кевин Дејвис кој ја одлежаа суспензијата, а во нивниот тим ќе недостигаат подолго отсутните Енди О'Брајан, Џои О'Брајан и Шон Дејвис, додека Гери Кејхил е суспендиран за овој меч.

Од формациски аспект и играчите кои ги имаат Болтон на располагање во моментов за очекување е дека Овен Којл ќе игра нешто како дијамант, каде Холден ќе игра пред Муамба, а Петров и Ли ќе играат и како крила и ќе го затвораат просторот во средината кој ќе остане поради таа формација, а и ќе можат да помагаат на нивните бекови.

Јунајтед посебно внимание ќе мора да обрне на Кевин Дејвис од кого доаѓа најголемата опасност. Ќе мора да се запре и Мартин Петров кој добро додава и секако да се внимава и на Елмандер кој добро ја започна оваа сезона.

ЈУНАЈТЕД

Кај Јунајтед конечно пристигнаа малку добри вести, особено по веста дека Керик и Харгривс е вратија на тренинзи, а Андерсон и Фердинанд успешно го минаа фитнес тестот на натпреаврот за Резервите. Ова ни е трето гостување оваа сезона и се надевам конечно на прва победа во гости сезонава. Се надевам играчите ја научија лекцијата од Фулам и Евертон и дека такви грешки нема да гледаме во иднина.

Од клупските вести немаме нови повредени ниту казнети играчи. Формацијски мислам дека Ферги ќе се задржи на 4-4-2 формацијата иако знае да извади и формација 4-5-1 кога играме на гостински терен, сепак мислам дека тоа нема да го стори на овој меч.

Од тимската селекција, не би требало да има големи дилеми околу голманската позиција, во одбраната очекувам да играат Рафаел и Евра како бекови, и Видиќ и Еванс како централни дефанзивци. Сметам дека Рио ќе биде сочуван за тешкото гостување против Валенсија од ЛШ следната среда. Средниот ред би бил составен од Сколс и Флечер во централниот дел и Нани и Гигс по крилата. Му давам предност на Гигси пред Парк само заради тоа што Парк ќе биде и тоа како потребен на формацијата која ќе се игра во Шпанија, па мислам дека ќе влезе во игра со Болтон во случај на потреба. Нападот би требал да биде составен од Бербатов и Руни, кој сите очекуваме повторно да постигнува голови.

Од нашата формација и стилот на игра кој би можеле да го практикуваме, повторно се издвојуваат Сколс, Нани, Гигс и Бербатов, Пол и Берба за успешно поврзување на средниот ред и нападот, додека пак крилата мора да добиваат топки, да влегуваат во опасната зона крилно и да ги пласираат во срцето на шеснаесетникот, тактика која ни донесе 3 гола против Ливерпул минатото коло, посебно ако Болтон настапи со Стеинсон и Робинсон како странични бекови.

СОСТАВИ


Jaaskelainen

Steinsson Ricketts Knight Robinson

Muamba

Petrov Lee

Holden

Elmander Davies


Rooney Berbatov

Giggs Scholes Fletcher Nani

Evra Vidic Evans Rafael

VDS



0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори