понеделник, 27 септември 2010

Right back...options, crticism, who's right?

Едно од главните оружја минатите сезони беше одбраната и сигурноста која таа ја даваше на целата екипа. Иако оваа година таа позиција во тимот до сега малку потфрли, сепак во овој пост би сакал да се осврнам на позицијата десен бек.

Секој фан на Јунајтед кој поблиску го следи тимот во последно време најчесто дебатира околу позицијата десен бек и слабостите кои помалку или повеќе влијаат на резултатите на клубот.

Најпрво, ќе започнам со сите опции кои ги имаме на располагање на таа позиција и нивното учество во тимот во досегашната сезона. Досега О'Шеј одигра 5 од вкупно 6-те натпревари во Премиер Лигата, а Џон го замени Невил на натпреварот со Евертон. Браун ги одигра (не баш најуспешно) двата Куп натпревари, а тоа значи дека останува уште еден играч кој воопшто не доби шанса во тој дел од тимот, а тоа е негова природна и преферирана позиција, а воедно и моментален фаворит меѓу навивачите за десен бек - Рафаел да Силва.

Досега Рафаел имаше само еден настап за тимот, но како лев бек, каде го замени неговиот брат Фабио кој тогаш беше повреден и со право секој ќе праша, дали доколку Фабио беше фит, Рафаел воопшто и ќе настапеше, бидејќи до сега наместо Евра во два наврати како лев бек играше токму Фабио. Најверојатно сликите од црвениот картон добиен со Баерн и наивноста која ја покажа Рафаел на тој натпревар се сеуште свежи кај Ферги и тренерскиот тим на Јунајтед.

Во овој дел сакам да направам мала анализа на играта на Рафаел и повторно да се навратам на некои негови грешки. Рафаел е десен бек кој има примарна задача да ги сопира налетите на крилата и да прави мали излети на противничката половина, а притоа да не заборави на дефанзивните задачи. Тој е млад, исклучително брз и талентиран играч кој секогаш играл онака како што ќе добие инструкции од Ферги. Иако понекогаш покажува мала незрелост во играта како оној фаул врз Белами од минатогодишното полуфинале во Карлинг купот, сепак тоа е резултат на неговите години и искуството кое допрва треба да го добие, секако со играње во првиот тим. Главна задача на еден десен бек е кога некој од противничките играчи ќе го мине тој веднаш да се врати и да помага на своите колеги од одбраната, за разлика од Рафаел кој тоа го сфаќа премногу лично и многу често добива жолти картони кога тоа се случува. Како и да е фановите сеуште многу го сакаат, а и јас спаѓам во тој процент. Ова се моите согледувања за неговите недостатоци кои со тек на време сум сигурен дека ќе ги надмине.

Ај сега да фрлиме ден look on the bright side. Сите знаеме и ги сакаме излетите на Рафаел на противничката половина, каде со неговата брзина и техника делува како крило, што е од особена корист при брзите контра-напади. Истото важи и за неговите игри во одбрана и стартовите кои ги прави што многу потсеќаат на оние на Сколс, што кога ќе бидат направени успешно изгледаат прекрасно. Повеќе од јасно е дека Рафаел има уште многу да учи, а тоа може да се случи само редовно играње во првиот тим, а Рафаел не игра токму затоа што тренерскиот тим смета дека треба да учи и токму вака се создава тој магичен круг од кој никој нема корист. Ако сакаме играчот позитивно да се развива и повторно да го видиме како дел од репрезентацијата на Бразил ќе мора да игра далеку повеќе и поредовно, инаку повторно на десната бековска позиција ќе ги гледаме О'Шеј, Браун и Невил, а доколку истите не се подобрат оваа сезона, желбите за да му се даде шанса на Рафаел ќе бидат се погласни и погласни.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори