понеделник, 13 септември 2010

Гери Невил не е повеќе капитен на Манчестер Јунајтед

На денешната прес-конференција, Сер Алекс изјави дека Гери нема повеќе да ја носи капитенската лента на Манчестер Јунајтед.





Гери ја наследи капитенската лента од Рој Кин во 2005та, но последните три сезона кариерата на Гери беше многупати прекинувана од повреди. Како што е редот, негов заменик е Рајан Гигс но Немања Видиќ ја носеше капитенската лента во саботата иако Гери беше во тимот.

„Гери се` уште е капитен на клубот на некој начин со неговото искуство и влијание, но, барав да е капитен некој што е константен. Последниве три години често капитенската лента шеташе помеѓу неколку играчи, но јас сакам да имаме константен капитен што ќе игра секоја недела. Ако тој беше константен ќе останеше капитен и ќе беше во саботата. Но морам да земам во предвид многу работи.“, изјави Сер Алекс.

Исто така додаде: „Со целосна почит кон Гери и неговото време во Јунајтед, тој знае и јас знам дека не игра секоја недела а јас барам некој што го прави тоа.“

Како голем фан на Јунајтед а воедно и играч, ова не беше баш лесно прифатена одлука од Гери, но сепак тој изјави: „Не можам да кажам дека ова не ме погодува но има и за мене поголеми приоритети од капитенската лента. И така не можев да бидам константен со настапите. Но јас ќе продолжам да го давам за Јунајтед мојот максимум. Една лента на раката не ја завршува мојата љубов.“

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори