четврток, 3 септември 2009 г.

Невил:Руни може да го собори рекордот на Чарлтон

Десниот бек на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, верува дека Вејн Руни може да го собори рекордот на Сер Боби Чарлтон од 249 голови.


На само 23 години, Вејн веќе има 102 гола во 243 натпревари за Јунајтед, и по неговите изјави дека сака целата кариера да ја помине во Јунајтед, има голема шанса да го собори рекордот.

Невил играше покрај неколку добри напаѓачи во текот на неговата 17 годишна кариера во тимот.Марк Хјуз (163),Енди Кол(121),Оле Гунар Солскјаер(126),Руд Ван Нистелрој(150) се некои од позначајните имиња.И покрај големите имиња, Гери верува дека Руни го има потенцијалот да го надмине рекордот на Сер Боби.

"Треба многу време за да се стигне до бројките на легенда како Сер Боби Чарлтон, во ако му се даде можноста, мислам дека Вејн Руни е момчето што може да го стори тоа.Ќе игра многу натпревари и ако не се повредува често има шанси да го скрши рекордот што досега на никој друг не му успеало" - изјави Невил.

"Најважно е, се разбира да остане во клубот долго време и да не се повредува.Игра шпиц во тимот, и од него тоа се очекува, голови."

"Секогаш сум велел дека го сакам мојот тим, и се додека сум пожелен тука, ќе останам.Зашто воопшто би сакал да заминам од тимот, нема ниту една причина.Искрено, неможам да се видам себеси во кој било друг тим, освен ако менаџерот мисли различно." - Руни изјави минатата недела.

ЛШ Противници: Волфсбург

Ексклузивно, блогот UnitedDevils ви овозможува анализа на противниците во групата Б од Лигата на Шампионите.Почнуваме со актуелните шампиони на Германија - Волфсбург.

Целосно име: Verein für Leibesübungen Wolfsburg-Fußball GmbH
Основан: 1945
Стадион: Volkswagen Arena (30,000)

Менаџер: Армин Вех
Минатата сезона: Освоено Бундеслигата, елиминирани од ПСЖ во првата нокаут фаза од УЕФА Купот.

Моментален состав:
Голмани: Diego Benaglio, André Lenz, Marwin Hitz
Одбрана: Cristian Zaccardo, Rodrigo Alvim, Marcel Schäfer, Ricardo Costa, Jan Šimůnek, Fabian Johnson, Alexander Madlung, Peter Pekarík, Sascha Riether, Andrea Barzagli
Средина: Josué (капитен), Thomas Kahlenberg, Zvjezdan Misimović, Makoto Hasebe, Jonathan Santana, Karim Ziani, Ashkan Dejagah, Christian Gentner, Daniel Baier, Sebastian Schindzielorz
Напад: Edin Džeko, Obafemi Martins, Grafite, Alexander Esswein

Џеко и Графите: Фантастични 54 погодоци минатата сезона.

Моменталните шампиони на Германија, ќе се надеваат дека нема да им се случи истото како на Штутгарт, шампионите во 07-08, да паднат под притисокот за одбранување на Бундеслигата и да се надигруваат во Лигата на Шампионите, и не се покажаа воопшто добро поготово откако менаџерот Феликс Магат ги остави и потпиша за Шалке 04.

Но,сега за сега на менаџерот Армин Вех му оди се по планот, го купи Обафеми Мартинс од Њукасл, ги задржа гол машините Џеко и Графите во тимот, кои заедно постигнаа 54 гола минатата сезона, и се иуграни меѓусебно. Најслабата алка во тимот, можеше да се забележи на минатиот натпревар од Бундеслигата против Хамбург.Јан Шимунек играше катастрофално и за 7 минути, тимот на Вех губеше 2-0, но до полувремето успеаа да израмнат на 2-2, со што конечниот резултат изнесуваше 2-4 за Волфсбург.Исто ова е и прв настап за Волфсбург во Лигата на Шампионите.

Натпреварите се играат во
Среда, 30 Септември - Јунајтед v Волфсбург
Вторник, 8 Декември - Волфсбург v Јунајтед

Прогноза: 2 место.

Димитар Бербатов: Една година во Јунајтед

Димитар Бербатов говори за изминатите 12 месеци во црвениот дрес, како и што очекува во иднина да постигне со овој клуб.

„Мојата прва сезона во Јунајтед беше одлична. Исполнивме половина од целите што ги имавме. Станавме шампиони по 3 пат, но изгубивме во финалето на ЛШ. Тоа беше многу лошо за сите а особено за мене. Мене ми беше второ загубено финале. Но, годинава се надевам на трета среќа. Мислам дека оваа година е различна за мене. Бев на претсезонска тура со тимот, нешто што ми недостигаше минатата сезона. Сега знам секој играч од тимот како игра и знам што да очекувам од секој на теренот. Плус, Сер Алекс знае најдобро како да ме искористи. Минатата година постигнав неколку важни погодоци за Јунајтед и тоа ме радува. Но секој фудбалер имаше удел во тоа што го постигнавме и тоа е воопшто филозофијата на Јунајтед како клуб.


Не е до поединците, до тимот е. На теренот, соиграчите можат да ти помогнат за да се жртвуваш и да постигнеш погодок за тимот и да покажеш што знаеш. Понекогаш моите соиграчи знаат да направат по некој одличен потег и да постигнат прекрасен гол. Понекогаш има натпревари кога не играш добро но сепак мораш да победиш. Но ние имаме играчи кои знаат да играат убаво и да победат и тоа што се обидуваме да го направиме е да ги забавуваме навивачите и на крајот да ги земеме трите бода.


Никој досега не ја освоил Премиер лигата 4 пати по ред и ќе се обидеме ние да бидеме првите кои го направиле тоа. Јунајтед, Челзи, Арсенал и Ливерпул се главните конкуренти за титулата, но има и тимови надвор од големата четворка кои можат да предизвикаат. Но ние сме спремни и сме гладни за успеси и според мене тоа е главниот мотив за нови трофеи. Некои од нив речиси освоиле се`, а сакаат допрва да освојуваат. Затоа тие играат тука.“

среда, 2 септември 2009 г.

17 играчи повикани да ги преставуваат своите држави

17 играчи од првиот состав на Јунајтед се повикани да ги престават своите држави на квалификациите за Светското Првенство 2010 во Јужна Африка.


Меѓу повиканите се

Руни,Фостер,Браун,Керик - Англија
Евра - Франција
Тошиќ,Видич - Србија
Еванс - Северна Ирска
Валенсија - Еквадор
Парк - Јужна Кореа
Бербатов - Бугарија
Нани - Португалија
Флечер - Шкотска
О'Шеј,Гибсон - Ирска
Де Лает - Белгија
Македа - Италија U-21

Сите натпревари се играат во сабота и недела.

вторник, 1 септември 2009 г.

Фергусон негира нови трансфери во последниот ден

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон негира дека ќе има нови имиња на Олд Трафорд во последниот ден од летниот трансфер период, со тоа што вели дека верува во моменталниот состав.


Иако изгледа како на Јунајтед да им треба ново име, поготово по поразот од Барнли на гости, искусниот менаџер Сер Алекс Фергусон изјавува дека нема да ги потроши останатите пари од трансферот на Роналдо во Реал.

"После натпреварот со Барнли, ги разгледав играчите на сите позиции и нивната пожртвуваност на теренот и откако забележив каде грешиме, решив дека со помош на повредените играчи и измените може лесно да се поправат" - изјави Фергусон за The Independent.

"Морам секогаш да ги предупредувам играчите за потценувањето на помалите тимови.Некои играчи премногу се наслонуваат на други, такви играчи не ни требаат".

"Добив многу критики после изгубениот натпревар, и не престануваа препораки од фановите дека треба да се донесе големо име за парите што ги добивме од Кристијано.Како чекот од 80 милиони фунти да гори во џебовите на фановите".

"Но, поради само 1 изгубен натпревар не мора да значи дека треба да се трошат милионски суми за преценети играчи.Кажав дека верувам во мојот тим, со неколку нови имиња, нови таленти од академијата и резервите, и не мислам да ја сменам мојата стратегија кон градење на перфектниот тим.Знам дека го имаме вистинскиот состав и имам голема доверба во секој поединец" - заврши менаџерот на Црвените Ѓаволи.

Вес Браун: Фостер е нашиот херој

Дефанзивецот Вес Браун, призна дека Манчестер Јунајтед треба да му се заблагодари на Бен Фостер за победата од саботното попладне, бидејќи успеал да спаси неколку удари, поготово од ван Перси, кои сигурно би биле гол да ја чувал мрежата некој друг.

Како најсериозна шанса на ван Перси се класифицираа онаа кога Манчестер губеше со 1-0 и Холанѓанецот упати шут кон голот на Фостер, но англискиот голман ја испружи ногата и спречи два гола негатива за неговиот тим.

„Не знам како ја спречи топката да влезе во голот. Не` оддржа во игра, тоа е најважно. На паузата помеѓу полувремињата кажа дека требал да регира подобро кон шутот на Аршавин со кој Арсенал поведе и си вети на себеси дека ќе брани подобро во вториот дел, па видовме дека си го оддржа зборот. Сепак, победата спрема Арсенал е голем чекор напред, сега треба да гледаме да ја продолжиме серијата победи.“, изјави Вес Браун.

Посетители

Администратори