недела, 6 септември 2009 г.

Гигс ги открива плановите за неговата иднина

Најуспешниот фудбалер во Англискиот фудбал и легендата на Манчестер Јунајтед,Рајан Гигс, открива дека се спрема за животот после Јунајтед и дека размислува да стане тренер.


Човекот со приматот најтрофејниот играч во Англија, и според многумина менаџери и најдобриот, се приближува кон својот 36-ти роденден и очекува да остане во Јунајтед до кога се чуствува способен за игра.

Се очекува, како и многу други легенди на Јунајтед од калибарот на Марк Хјуз,Брајан Робсон,Пол Инс,Стив Брус и Рој Кин, да стане менаџер на некој премиерлигашки тим.

Во интервјуто за TheMirror.co.uk, Гигс изјави:

"Целиот мој живот го поминав покрај фудбалот, и планирам по пензионирањето да останам со него.На 40 години, нема да можам да играм фудбал, иако многу би сакал, не да можам да издржам на такво ниво. Сакам да завршам на врвот и немам намера при крајот на мојата кариера да си одам во друга, послаба екипа од Јунајтед."

"Сеуште нема да се откажувам од фудбал, се чуствувам добро и здраво, што е најважно.Имам завршено неколку курсеви за тренери и би сакал да останам во фудбалот откако ќе завршам со мојата играчка кариера, но сеуште немам никаков план во врска со тоа"

"Имам многу можности да си одбирам, што ми понудуваат да останам во фудбалот, како тренер,менаџер или репортер.Сепак не сакам да избрзам како што направи Марк Хјуз."

"Се чуствувам одлично, најверојатно бидејќи не играм многу.Сер Алекс ми помага со тоа, си ја имам избалансирано играта за да можам да ја одржам кариерата.Веќе 18 години, за време на летото имам од 6-7 недели одмор, бидејќи со Велс никогаш не сме се квалификувале за некое поголемо првенство.Во 2007 се откажав од интернационален фудбал за да си ја одржам кариерата во Манчестер, не поради тоа што не сме играле во некое поголемо натпреварување."

Една работа се има многу сменето од кога Рајан бил дете.Тоа е нетолеранцијата на поразот.

"Кога бев мал, кога ќе изгубевме натпревар мислев дека е крај на светот и требаше многу долго време за да го прифатам.Но со текот на времето, како стареев, почнав да го прифаќам полесно.Сепак се е до карактерот"

"Кога ќе изгубевме, ќе седнев до Сер Алекс мислејќи дека е крај на светот, бидејќи кога играш за тим како Манчестер Јунајтед победата само се важи,ништо друго.Но, согирачите, најчесто Брајан Робсон и Стив Брус секогаш ќе дојдеа и ќе ме советуваа.Го следев нивниот пример и сега и јас така правам со помладите играчи" - заврши легендата на Манчестер Јунајтед.


сабота, 5 септември 2009 г.

Рио посакуван од Барса и Реал

Дали Манчестер Јунајтед влегуваат во сага во стил на Роналдо, откако Реал и Барса го сакаат Рио Фердинанд?

Англискиот искусен дефанзивец е баран од шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, иако неговиот договор истекува во 2013 година, има 30 години, подлежен е на пасивна повреда на грбот и е заменик капитен во Манчестер Јунајтед.Доколку се пресели во Шпанија, ќе биде многу слично на заминувањата на Бекам и Роналдо кои двајцата заминаа од Јунајтед во Реал Мадрид.

"Рио може да го почуствува тоа.Не самошто ќе биде тоа нов предизвик во неговата кариера, туку и ќе му ги отвори сите можности на теренот."

"Рио има многу бизнис планови, и преселба во Шпанија може да му помогне многу.Веќе има свое списание, #5 Magazine, a планира отвори и неколку нови проекти." - пишува The Sun.



Евертон и Јунајтед по младиот талент од Свиндон


Откако на Челзи им беше забрането на прават било какви трансфери цели 18 месеци, Манчестер Јунајтед и Евертон се сега фаворитите да го купат младиот талент од Свиндон, Алекс Хеншал.

Карло Анчелоти имаше испратено понуда до 15 годишниот Англичанец по неговите импресионирачки настапи во Милк Купот, но поради нивната забрана за купување, сега се надвор од трката.

"Нема никаква понуда за Алекс.Немаме намера да продаваме играч којшто беше во тимот од 8 годишна возраст, но ако тој и неговата семејството го сакаат тоа, може да си замине" - изјави тренерот на младинскиот тим на Свиндон, Дејв Бирн.

Јунајтед официјално пријавени во ФИФА од Ле Авр

Претседателот на францускиот тим Ле Авр, Жан-Пиер Лувел, го пријавил Манчестер Јунајтед на ФИФА поради "кражбата" на младиот талент Пол Погба.


По забраната на Челзи за правење трансфери цели 18 месеци, поради "крадењето" на Гаел Какута од Ленс, претседателот на Ле Авр официјално постави пријава за случајот на Пол Погба.

"Играчот требаше да го потпише својот прв договор во Франција, но Манчестер Јунајтед контактираа со неговата фамилија и понудија многу пари за 15 годишниот Погба и поради тоа тој не го потпиша понудениот договор" - изјави Лувел за радиото France Info.

"Го испративме случајот во ФИФА.Се надевам дека ќе биде исто казнети како што беа Челзи поради "крадењето" на Какута."

ФИФА сеуште немаат потврдено дека имаат добиено пријава, а Јунајтед инсистираше дека секоја пријава ќе биде жестоко демантирана.

петок, 4 септември 2009 г.

Посебон се враќа дома

20 годишниот Бразилски играч од средината, Родриго Посебон се враќа во Јунајтед откако не импресионираше во Брага, и поради потребата на Фергусон од играчи во средината.


Бразилскиот играч од средината на Манчестер Јунајтед, Родриго Посебон се враќа во Англија по само 2 месеци поминати од неговата позајмица во португалскиот тим Брага.

Посебон, кој се проби во првиот тим на Јунајтед минатата сезона, се здоби со лоша повреда при стартот на Емануел Погатец во Карлинг куп натпреварот против Мидлзброу и по само 1 изигран натпревар за Брага, против Елфзборг од Шведска, се враќа во Манчестер.

Jунајтед ги замолува фановите да прекинат со навреди

Раководството на Манчестер Јунајтед е решено да ги замоли навивачите на клубот да прекинат со навредите кои му ги упатиле на Арсен Венгер кога на дербито на Олд Трафорд тој беше исклучен и пратен на трибините на неколку моменти до крајот.


Навивачите на неколкупати извикале: „Седи доле, педофилу“, со што Јунајтед, а посебно Дејвид Гил се разочарани од ваквиот однос на навивачите, па Гил во октомври, кога ќе се оддржи состанок на неколку од главните навивачи на Јунајтед, ќе биде на тој состанок и ќе ги замоли за што помалку навреди при навивањето.

Јунајтед за овој проблем доби поплаки од навивачите на Арсенал, но не се сигурни дали овој проблем ќе биде целосно решен, затоа што на стадионот има премногу луѓе и не е лесно да се контролираат сите. Филип Таунсенд, директорот за комуникации во Јунајтед, вели дека многупати упатувале апел кон навивачите преку MUTV, преку навивачки форуми, медиуми, но навредите исто така биле и релативни, затоа што некогаш нешто што не е ни навреда за некој навивач на Јунајтед е огромна навреда за некој навивач од Арсенал.

Но, на оваа жалба не остана без коментар ни Фергусон. Тој изјави: „Ако фановите на Арсенал за жалат за ова, што треба да направам јас? Во последниве години другите навивачи навистина претеруваат со скандирањето валкани работи кон Јунајтед. Дури и ја вмешуваат трагедијата во Минхен, што не е нималку мала работа во споредба со навредите на Венгер. Затоа, најдобро ова да го оставиме на полицијата, а ние да се фокусираме на играта.“

Извор

Посетители

Администратори