недела, 13 септември 2009 г.

ЛШ Противници: Бешикташ

Ексклузивно, блогот UnitedDevils ви овозможува анализа на противниците во групата Б од Лигата на Шампионите.Овојпат, ќе ги анализиравме Бешикташ, моменталните шампиони во Турција.


Целосно име:Beşiktaş Jimnastik Kulübü
Основан: 1903год.
Стадион: BJK İnönü Stadium, Istanbul (32,000)
Менаџер: Мустафа Денизли
Најголеми успеси: 13 пати освојувачи на Турската Супер лига и 8 пати Турскиот куп.Минатата сезона ги освоија и купот и лигата.

Тимот на Бешикташ содржи многу интернационалци за репрезентацијата на Турција, меѓу кои најпознати се голманот Речбер Рушту, познат по воени црти на лицето, кои ги има пред секој натпревар, и новото засилување од Виљареал, кој се врати во тимот од кој замина, Нихат Кавеци.Минатите сезони, иако имаше многу повреди,успеа да постигне доста голови (75 во 7 сезони) и секако дека ќе претставува главна опасност.Менаџерот Мустафа Денизли пак, ја има освоено Турската лига со Бешикташ,Галатасарај и Фенербахче, а и во периодот од 1996 - 2000 година, ја водеше репрезентацијата на Турција.

Моменталниот состав:
Голмани: Rüştü Reçber, Hakan Arıkan, Korcan Çelikay
Одбрана: İsmail Köybaşı, Tomáš Sivok, Rıdvan Şimşek, İbrahim Toraman, Matteo Ferrari, Erhan Güven, İbrahim Kaş
Средина: Michael Fink, Matías Emilio Delgado, Rodrigo Tello, Ekrem Dağ, Necip Uysal, İbrahim Üzülmez (captain), Serdar Özkan, Uğur İnceman, Onur Bayramoğlu, Fabian Ernst, Yusuf Şimşek
Напад: Nihat Kahveci, Mert Nobre, Bobô, Filip Hološko

Прогноза: 3то место

Гигс горд на својот рекорд

Ветеранот на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, го откри своето задоволство поради продолжувањето на неговата рекордна серија на постигнување голови.


35-годишниот играч од средниот ред лансираше неодбранлив слободен удар против Тотенхем во Саботата и со тоа останува единствениот играч кој што има постигнато гол во секоја сезона од Премиер Лигата.

Неговиот импресивен погодок им помогна на Црвените Ѓаволи да се вратат од еден гол негатива на Вајт Харт Лејн и на крај да успеат да слават со 3-1.

Гигс е задоволен што остави свој белег во сезоната 2009-10, но инсистира дека има уште многу од него во овој период.

„Горд сум поради тоа што постигнав гол во секоја сезона од Премиер Лигата, но се надевам дека нема да биде тоа се од мене.“ изјави Велшанецот. „Не сакам ова да биде мојот единствен гол оваа сезона. Се надевам дека ќе постигнам повеќе. Не постигнувам многу голови, како пред извесно време, но се трудам да постигнувам важни погодоци. Овој против Тотенхем беше еден од тие.“

Голот на Гигс ја неутрализираше предноста на Тотенхем добиена со голот на Дефо уште во 50-та секунда, додека Андерсон и Вејн Руни ги обезбедија трите поени за Ѓаволите. Пол Сколс беше исклучен поради два жолти картони во второто полувреме, па поради тоа успехот на Јунајтед уште повеќе се истакнува.

Извор

сабота, 12 септември 2009 г.

Ле Авр не се откажува

Ле Авр одбива да се повлече од трансфер караницата со Манчестер Јунајтед. Францускуот тим настојува да докаже дека Јунајтед ги прекршил правилата при трансферот на 16 годишниот Погба.


Јунајтед брзо возвратија на Ле Авр, и Сер Алекс им порача да ги повлечат коменатрите. Но претседателот на Францускиот тим, Жан-Пјер Лувел, изјави дека нема да има извинување од нивна страна и дека се повеќе напредуваат во случајот против Англискиот шампион.

„Тоа е кражба на млад фудбалер, кој беше под договор“ изјави претседателот на Ле Авр, „Заканите нема да не исплашат за да се повлечеме, нашите адвокати ќе го предадат случајот на ФИФА. Погба требаше да потпише младински договор, но тој не го стори тоа бидејќи неговите родители не сакаа. Сега тој нема лиценца да игра за Манчестер Јунајтед, и ФФФ не му ги даде потребните сертификати.“

„Големите клубови не смеат да постапуваат така. Играчот е загубен, но очекуваме дека ќе има казни и дека така ќе ги заштитиме нашите млади фудбалери.“


Летни трансфери - анализа

Откако Манчестер Јунајтед доби 80 милиони фунти за трансферот на Кристијано Роналдо, сите очекуваа дека Сер Алекс Фергусон ќе донесе дури 2-3 големи имиња на Олд Трафорд и ќе ги засили сите позиции во тимот. Но очигледно, повеќето се` уште не ја научија трансфер политиката на Јунајтед и Фергусон. Од тие пари, беа купени млади фудбалери кои се` уште не се стекнати со светска слава и на тимот му се приклучи и легендата на англискиот фудбал, Мајкл Овен.


Прв што му се приклучи на тимот беше централниот фудбалер на Виган, еквадорскиот репрезентативец Луис Антонио Валенсија. Веднаш јавноста мислеше дека Валенсија ќе биде наследникот на Роналдо и почна да шири таков притисок. Но Валенсија, од досегашните игри, повеќе делува како фудбалер кој е премногу смирен и се пробива на теренот со неговиот одличен дриблинг и потоа асистира и нафрла кон напаѓачите, за разлика од Кристијано кој најчесто и самиот ја финишираше акцијата. Во Премиерлигата се` уште не сме го виделе неговиот прв погодок, но би сакале да не почасти нас, фановите на Јунајтед со многу голови како неговиот последен за репрезентацијата на Еквадор.


Друго засилување кое му се приклучи на Манчестер Јунајтед е младата француска ѕвезда во подем, Габриел Обертан од тимот на Бордо од француската лига и младински репрезентативец на Франција. Oбертан игра добро на три позиции, како напаѓач, центар и крило, што може да му се најде на Фергусон како замена за некоја повреда кај играчите од првиот тим, се` додека Обертан пополека не се здобие со искуство и се привикне на Премиерлигата за да биде стандарден првотимец во тимот.
Обертан е повреден и се` уште нема настап за Јунајтед.



Ако го исклучиме Маме Бирам Диуф, кој на тимот ќе му се придружи во јануари и затоа нема што да пишуваме за него, нареден за анализа е Мајкл Овен. Еден од најдобрите голгетери во Премиерлигата и за англиската репрезентација. Момчето кое што беше икона на Ливерпул со неговата бомбастична форма пред да замине во Реал Мадрид, па да премине во Њукасл и на крајот, на бесплатен трансфер да му се приклучи на Јунајтед. Како бомба одекна оваа вест во Англија, трансферот се случи за неколку часа иако Овен беше подложен на подолготрајни испитувања и лекарски прегледи поради неговите чести повреди од кои многу страдаше во текот на неговара кариера.
Голем плус за Овен е затоа што тој веќе знае како функционира Премиерлигата и е играч кој сака да ја обнови својата кариера и да не` потсети сите како поентираше во неговите најдобри денови во младоста, кога играше за Ливерпул. Од досегашните негови наптревари за Јунајтед, на азиската тура, Ауди купот и Премиерлигата, Овен многу често и лесно влегува во шанса за гол, но се чини дека се` уште не може да го пронајде неговото чувство за поентирање, на кое резултат беа неговите промашувања. Но го постигна неговиот првенец за јунајтед и и` вети на публиката дека ќе постигне уште многу.
Дали ќе биде во право, ќе видиме. Се надеваме дека да.

петок, 11 септември 2009 г.

Анализа на противникот:Тотенхем

Премиер Лига, 4-то коло|Сабота, 12 Септември 2009|Почеток:18:30h
Стадион: White Hart Lane,London

На Вајт Харт Лејн во сабота гостуваат моменталните Премиерлигашки шампиони, Манчестер Јунајтед, после долга
интернационална пауза Премиерлигашки фудбал.Дојде во најлошиот можен период за екипата на Спарси.Почнаа
фантастично, со освојување на сите можни бодови, но сега ќе се докаже колку навистина тимот може да издржи
сезонава.Басонг се жалеше на повреда откако се врати од настапите за својата репрезентација но сеуште не се
знае дали ќе може да игра.Вудгејт,Мордиќ, и Досон дефинитивно нема да играат па сеуште не се знае дали Чорлука ќе
мора да стартува од централната бековска позиција.

Кај Јунајтед, уште една сезона се не толку сјаен почеток, изгубен натпревар од Барнли, тешко издојувани победи
против Бирмингем и оваа последната против Арсенал.Точно 2 недели од натпреварот со Арсенал, којшто сигурно,
по неговото завршување, никој од фановите не го остави рамнодушен.

Како и да е, да ги тргнеме настрана Арсенал, да се фокусираме на Спарси.Последен пат кога се сретнавме?
25 Април.Резултатот? 5-2!Губевме 0-2 на полувреме, но во второто бевме сведоци на еден од најголемите пресврти
во историјата на Јунајтед.2 гола на Роналдо и Руни и едниот на Бербатов беа доволни да се осигура победа
против Тотенхем, дали ќе успее да се повтори?

Повредени играчи ни се Харгривс,Обертан,ВДС,Рафаел и O'Шеј, а не е сигурен ниту Рио дали ќе настапи, по
изјавите дека бил спремен за игра.

Најверојатните состави


Болдираните се сигурни, неболдираните се неизвесни.


Судија на натперварот ќе биде Андре Маринер

Интересни факти:

Јунајтед немаат изгубено на Вајт Харт Лејн од 2001.

Ако Тотенхем победат, ќе имаат најмногу победи сврзано по ред (пет победи) во нивната историја.

Руни има постигнато 4 гола во последните 4 настапи против Тотенхем.

Џермејн Дефо има дадено 3 гола против Јунајтед додека беше во Вест Хем, но не успеа ниеден да постигна додека беше во Портсмут и откога се врати во Тотенхем.

Мојa прогноза
Тотенхем 0-2 Јунајтед
Руни,Видич.

Акинфеев склон кон Јунајтед

Рускиот голман на мрежата на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев изјави дека со задоволство би прифатил трансфер во Јунајтед.


Младиот Руски интернационалец е баран од некои од најголемите Европски тимови, откако импресионираше во настапите за неговата репрезентација на квалификациите за Светското првенство.

Освен со Јунајтед, Акинфеев беше поврзуван со Баерн Минхен и Арсенал.Со оглед на годините и прибилжувањето на крајот на кариерата на Едвин Ван Дер Сар, на Фергусон би ми бил добредојден потенцијал како Акинфеев на голот, и Фостер повторно би имал голема конкуренција на голманската позиција.

23 годишниот Русин, врати на позитивен начин, со неговата изјава дека не би можел да одбие трансфер кон тим како што е Јунајтед.

"ЦСКА е голем тим, но секој играч би сакал некогаш да заигра за Јунајтед" - беше цитиран Акинфеев во весникот The Sun.

Посетители

Администратори