петок, 18 септември 2009 г.

Силва не си оди од Валенсија...во Јануари

Познатиот шпански новинар Гилем Балаг, верува дека Давид Силва нема да ја напушти Валенсија за да се приклучи на Манчестер Јунајед...барем во Јануари.

Последните неколку денови, Давид Силва беше поврзуван со трансфер од 25 милиони фунти во Манчестер Јунајтед и како Сер Алекс бил голем фан на неговата игра.

Истотака 23 годишниот шпанец изјави дека би бил презадоволен ако би успеал трансферот во Манчестер Јунајтед.Но Гилем Балаг мисли дека Силва нема да ја напушти Местаља, барем не до следното лето.

"Убеден сум дека и да стигне голема понуда до Валенсија тие ќе ја одбијат поради.Како прво, имаат намера да завршат во големата четвротка и евентуално би го продале Силва во летниот период поради лошите финансиски проблеми.Како второ, следната година има Светско првенство а Силва е многу важен играч за Шпанската репрезентација и мора да е во голема форма со што ќе може да му се зголеми и цената и бараноста од другите тимови." - кажа Балаг за Sky Sports News.

Во последните 12 месеци Силва беше баран од многу големи европски тимови како Барселона,Милан,Ливерпул,Реал Мадрид,Манчестер Сити и други.

Извор

четврток, 17 септември 2009 г.

Фергусон: Сколс не треба да се пензионира налето

Пол Сколс, играчот од средниот ред на Манлестер Јунајтед, кој ќе го пропушти наредниот дерби меч на неговиот тим против Сити поради суспензија од еден меч, стана најдобриот англиски голгетер во ЛШ со неговиот погодок против Бешикташ во вторникот.


Сколс се повлече од англиската репрезентација во 2004та година со 66 настапи на 29 годишна возраст. Но, приближувајќи и се на 35тата година од животот во ноември, Фергусон признава дека неговите години се ирелевантни. „Не верувам дека ова е последна сезона за Пол. Не на начинот на кој што игра. Тешко е да се каже дали ќе се повлече затоа што се` уште сме септември, но свежиот Сколси е одличен за Јунајтед а планирам како таков да го користам почесто. Нема да ги одигра сите натпревари, многу јасно, затоа имаме цела плејада на фудбалери, но ако успеам од него да извлечам 25 натпревари, јас ќе бидам презадоволен.“, се изјасна Фергусон

Во врска со црвениот картон против Тотенхем, Сколс изјави: „Бев премногу разочаран што ме исклучија од играта. Многумина видоа дека тој старт не беше за втор жолт картон и бев нервозен што ја напуштив играта тогаш кога најмалку требав.“

Давид Силва: Не би можел да го одбијам Манчестер

Младиот Шпанец потенцира дека трансфер во Јунајтед сепак е можен.


Крилниот играч на Валенсија ја даде најсилната индикација дека е заинтересиран за трансфер на Олд Трафорд.

Последните неколку месеци, Силва, беше следен од Сер Алекс Фергусон и имаше испратено скаути на 2 натпревари на Валенсија, да го следат токму него, според The Daily Mirror.

23 годишниот Силва импресионираше за Шпанија во Европското првенство во 2008ма година, а имаше и неколку добри натпревари за Валенсија.Шпанецот признава дека би можел да стане Ѓавол следното лето.

"Чест е за кој било играч да знае дека тим од калибарот на Манчестер Јунајтед е заинтересиран за него.Јас сум приврзан за Валенсија и ќе настапувам најдобро што можам за да освоиме некоја титула, но иднината никогаш не се знае.Валенсија одбија неколку понуди за мене во последните месеци и среќен сум тука.Истотака знам и дека Премиер лигата е огромна сцена и тешко е за одбивање." - изјави Давид Силва.

Силва истотака беше баран од Ливерпул летово, но Црвените неможеа да понудат 30 милиони фунти, цената којашто ја бара Валенсија за Силва.

За Манчестер Јунајтед парите не би требало да бидат проблем, бидејќи сеуште имаат од 80те милиони добиени од трансферот на Кристијано Роналдо.

среда, 16 септември 2009 г.

Бешикташ 0-1 Јунајтед!

Можеби и најверојатно најтешките 3 поени сезонава во сите конкуренции, беа оние освоени денес, против Турскиот шампион, Бешикташ.Голот на Сколс беше доволен за минимална победа.

Јунајтед ја започнаа својата мисија за враќање на трофејот од Лигата на Шампиони, против Бешикташ, на многу гласниот Инону стадион вчера.

Натпреварот беше решен од играчот кој што доби црвен картон на победата од 1-3 на Ѓаволите против Тотенхем на гости, Пол Сколс.Легендата на Јунајтед успеа да погоди на 13 минути пред крај на натпреварот за да им донесе на Ѓаволите многу значајни три поени.

Руни и Видич имаа шанси во првото полувреме да му донесат водство на Јунајтед, додека пак на другата страна Сердар Озкан испрати шут кон голот на Фостер, но за среќа топката помина над голот.

Се изнамачија Јунајтед за да стигнат во водство, и почетокот на второто полувреме ко почнаа со шансата на Керик во почетните секунди од полувремето.Потоа Фостер одбрани удар од Родриго Табата и Валенсија шутираше непрецизно кон голот на Бешикташ.Конечно во 77мата минута, шампионите од 2008та година успеаа да постигнат гол, со глава, преку нискиот Пол Сколс.Голот стигна по шутот на Нани, кој беше одбранет од голманот Хакан Арикан, за потоа Сколс на празен гол да ја внесе топката во мрежа.

Сколс го слави голот

Мајкл Овен и Димитар Бербатов влегоа во второто полувреме на местото на Руни и Керик, што на Руни воопшто не му се допаѓаше и реагираше нервозно.Се надеваме дека нема да се повторуваат такви случки.


вторник, 15 септември 2009 г.

Поразот од Барселона се` уште ме боли

Францускиот одбранбен фудбалер во редовите на Јунајтед, Патрис Евра, признава дека и по скоро 4 месеца од изгубеното финале, поразот се` уште буди кај него непријатни чувства.


Евра изјавува дека не можел на раат да ужива во освоената круна во Премиерлигата, Карлинг купот и Светскиот клупски шампионат поради начинот на кој Манчестер беше понижен од Барселона минатата сезона.

„Јас сум победник - сакам да победувам, затоа се` уште се прашувам што се случи во Рим таа ноќ. Сите велат дека минатата сезона одигравме одлично, освоивме три трофеи, но кога ќе изгубите финале на таков начин е многу фрустрирачки. На луѓето не им го покажавме вистинскиот Манчестер Јунајтед, бевме вознемирени и за мене е тоа голем срам. Моите соништа се срушија. Кога ќе помислам на минатата сезона, не помислувам на освоените трофеи, туку на тој изгубениот и тоа е причината поради која оваа година сакам да го освоиме и ме прави решен да бидам што подобар во играта.“, изјави 28 годишниот Евра.

понеделник, 14 септември 2009 г.

ЛШ Противници: ЦСКА Москва

Ексклузивно, блогот UnitedDevils ви овозможува анализа на противниците во групата Б од Лигата на Шампионите.За крај, рускиот прволигаш и тимот со огромни таленти во својот состав, ЦСКА Москва.


Целосно име: PFC Tsentralnyi Sportivnyi Klub Armii Moskva (Professional Football Club Central Sports Club of Army Moscow)
Основана: 1911 година
Стадион: Luzhniki Stadium, Moscow (78,000)

Менаџер: Хуанде Рамос.
Успеси: 3 пати шампиони во Руската Премиер лига, 7 пати шампиони во УССР лигата(иста разлика како Англиската Премиер лига и Третата Англиска лига), 10 пати освојувачи на Рускиот куп и 1 Уефа купот.
Минатата сезона: Втори во Руската Премиер лига, освојувачи на Рускиот куп, а во Уефа купот изгубија во последните 16 од Шахтјор.

Моментален состав:
Голмани: Yevgeni Pomazan, Igor Akinfeev (капитен)
Одбрана: Deividas Šemberas, Sergei Ignashevich, Aleksei Berezutskiy, Chidi Odiah, Vasili Berezutskiy, Georgi Schennikov, Anton Grigoriev
Средина: Daniel Carvalho, Alan Dzagoev, Pavel Mamaev, Mark González, Miloš Krasić, Elvir Rahimić, Caner Erkin
Напад: Ouwo Moussa Maazou, Ricardo Jesus, Tomáš Necid

Тимот кој дефинитивно не е за потценување, и не смее од почеток да се отпишува е ЦСКА.Немаат многу домашни играчи, но фановите на Фудбал Менаџер сигурно ќе ги познаат Марк Гонзалез,Алан Џагоев,Даниел Карваљо и Игор Акинфеев.Гонзалез, солиден играч, на кој не му одеше добро во Ливерпул па си замина.Џагоев е избран за најдобар млад руски играч за минатата сезона.Акинфеев беше во радарот на големи тимови како Милан и токму нашиот тим, Манчестер Јунајтед.Јури Жирков си замина во Челзи, кој предтоа им беше најдобриот играч и Вагнер Лов е испратен на позајмица во Палмериас.Моментално се наоѓаат на 3то место во Руската премиер лига позади Рубин Казан и Спартак Москва.


Прогноза: 4то место

Посетители

Администратори