понеделник, 21 септември 2009 г.

Јунајтед 4 - 3 Сити!

Гол во последниот момент на натпреварот од Мајкл Овен, ја носи победата за Ѓаволите во можеби, најдоброто градско дерби на сите времиња.

Вејн Руни го постигна првиот гол на фантастичниот натпревар по само 2 минути игра, откако успеа да избегне 2ца дефанзивци на Сити и ја внесе топката во голот на Гивен.

Сити го почнаа катастрофално натпреварот, но грешката на Бен Фостер им овозоможи да се вратат во игра, откако поранешниот ѓавол, Карлос Тевез му ја одзема топката и ја подаде кон Герет Бери кој шутна кон празниот гол за 1-1.Со тоа заврши и полувремето.

Во почетокот на второто полувреме, исто како на почетокот и на првото, Јунајтед имаа посед на топка и по нафрлената топка од Рајан Гигс, Дарен Флечер скокна и ја смести во голот на Шеј Гивен за водство од 2-1.Иако Јунајтед доминираа, една грешка во средината ги кошташе Белами да шутне надвор од 16-никот директно во аголот на голот на Фостер и да го израмни повторно резултатот на 2-2!

Постојано напаѓаа Црвените Ѓаволи, но фантастичниот Шеј Гивен одбрани 2 сигурни голови на Димитар Бербатов.Конечно, во 80тата минута по нафрелната топка од слободниот удар на Гигс, повторно Дарен Флечер успеа да ја зафати и да ја смести во голот на Гивен.3-2 за Јунајтед и само 10 минути до крај.

Ниеден од фановите неможеше да поверува што се случи откако Фердинанд направи катастрофална грешка и ја подаде топката кон Белами, кој потоа го претрча и ја смести топката во голот на Бен Фостер, во 90тата минута и да израмни на 3-3.4 минути продолжение од судијата, плус измена за Јунајтед, Керик на местото на Андерсон.

95та минута, веќе минато судиското надополнување, топката кај Руни, подава до Гигс, кој го забележува Мајкл Овен осамен во 16никот на Сити, долга топка до Овен, мал спринт, и гол за ѓаволите, со што го добиваат најдоброто градско дерби до сега.Фантастичен натпревар, кој би посакувал нешто повеќе?

Дарен Флечер и Рајан Гигс дефинитивно беа најдобри на натпреварот и заслужено си ја добие man of the match наградата.Честитки за победата Ѓаволи, Glory,Glory Man United.

Головите:









Радост на денот на дербито за Евра

Дефанзивецот на Јунајтед цели на највисокото место на табелата по победата над Сити.


Патрис Евра го нарече дербито во Манчестер како еден од најинтересните натпревари во светскиот фудбал.

Важни натпревари како овој можат да бидат навистина тешки, со дополнителен притисок врз фудбалерите од навивачите кои очекуваат интересен фудбал.Ова сигурно не беше случај викендов на Олд Трафорд, каде навивачите беа сведоци на навистина интересен натпревар помеѓу двата градски ривала.

Евра, кој имаше тешко деби за Јунајтед против Сити во Јануари 2006, признава дека му било чест што учествувал во натпреварот овој викенд. Французинот верува дека Јунајтед заслужено победија и инсистира дека момците на Сер Алекс Фергусон сега атакуваат на првото место на табелата.

„Ова е еден од најдобрите дерби натпревари во светот“ изјави Евра за Скај Спортс. „Се сеќавам дека имав тешко деби во оваа земја против нив, но денеска покажавме дека сеуште сме најдобрите во Манчестер.“

„Тие се добра екипа и мислам дека можат да влезат во најдобрите 4 оваа сезона. На овој натпревар им недостигаа двајца клучни играчи, Адебајор и Робињо, па ќе видеме како ќе биде остатокот од сезоната.“

„Да бидам искрен, нашите грешки го направија мечот интересен. Требаше да победиме со поголема разлика и не дури во продолжението.“

Извор

Сер Алекс Фергусон го величи најдоброто дерби

Менаџерот на Манчестер Јунајтед победата на својата екипа над Манчестер Сити со 4-3 ја означи како најверојатно „најдоброто дерби на сите времиња“


Мајкл Овен стави крај на победничката серија на Сити со гол во продолжението од натпреварот, а претходно Јунајтед успеа да им подари 2 од 3 гола на противникот.

Фергусон изјави: „Нашите грешки го направија најдоброто дерби на сите времиња. Што би сакале повеќе, победа од 6-0 или најдоброто дерби? Јас сепак повеќе би сакал победа од 6-0“

Еуфоричниот Фергусон го опиша Овен како играч од „светска класа“ чиј гол ја запечати победата за Јунајтед откако претходно Граѓаните 3 пати се враќаа во игра. Поранешниот напаѓач на Ливерпул има само 1 настап во првиот тим во Премиер Лигата оваа сезона за Манчестер Јунајтед откако се пресели на Олд Трафорд од Њукасл, но веќе постигна 2 погодока влегувајќи како измена.

„Мајкл играше само околку 17 минути“ изјави Фергусон. „Тој беше најдобриот човек што можеше да биде на теренот кога играта се одвиваше во нивниот шеснаесетник. Нема подобар реализатор на шанси од него. Неговата позициона игра, првиот допир и реализација беа одлични. Светска класа.

Дербито во Недела беше придружено со неколку вербални расправии неколку дена порано низ медиумите помеѓу играчите и менаџерите на двата тима. Со победата само се докажа дека парите на Сити сеуште не можат да ја заменат славата на Јунајтед.

„Понекогаш се случува да имаш сосед кој прави многу врева. И не можеш да сториш ништо. Тој секогаш ќе прави врева.“ изјави Фергусон. „Само треба да се продолжи со животот, да се вклучи телевизорот и да се пушти повеќе глас...“

„Денеска моите играчи ја покажаа својата форма. Тоа е најдобар одговор на се.“

Извор

сабота, 19 септември 2009 г.

Анализа на противникот: Манчестер Сити



Премиер Лига, 6то коло|Недела, 20 Септември 2009|Почеток: 14:30h
Стадион: Old Trafford, Manchester
По натпреварот во Лигата на Шампионите против Бешикташ, конечно дојде време и за градското дерби.Засега, сме во добра форма, победувајќи на последните 3 натпревари против Виган,Арсенал и Тотенхем.Сити се во уште подобра форма, победувајќи ги сите досегашни натпревари во Премиер лигата, но Јунајтед успеа да прекине 2 тима кои имаа 100% ефект, се надеваме на хет трик :).Истотака Сити ќе бидат многу ослабнати, со тоа што ќе им фалат играчи како Адебајор,Тевез,Робињо,Санта Круз,Компани за кои платија 102 милиони фунти.
Последниот пат кога игравме против Сити, головите ги дадоа нашите поранешни играчи, Роналдо и Тевез, за победа од 2-0.Јунајтед ќе имаат многу тежок распоред почнувајќи од сега, со тоа што ќе треба да изиграат 5 натпревари за 13 дена!3 во Премиер лигата, 1 во Карлинг купот и 1 во Лигата на Шампионите и тоа против германските шампиони Волфсбург, на Олд Трафорд.

И ние имаме неколку повредени играчи како Рафаел,Харгривс,Обертан и ВДС, а Сколс е казнет за денешниот натпревар поради црвениот картон.Сер Алекс ги одмори Рио,Гигс и Флечер во натпреварот во Турција, и најверојатно сите ќе играат во првиот тим, освен Рио за кој сеуште не се знае дали ќе биде фит да игра.

Можните состави:



Исто занимлив е фактот дека ако Сити изгубат, тоа ќе им биде 200та победа во Премиер лигата.Па да им го честитаме јубилејот :).

Моја прогноза:
Јунајтед 2-1 Сити
Руни,Флечер - Ајрленд

Фердинанд: Ливерпул се нашите вистински ривали, не Сити!

И Рио Фердинанд не остана покусо по неговите колеги Евра и Руни и тој во јавноста изјави дека Јунајтед е тимот кој владее во Манчестер, а не Сити и дека на тој тим ќе му треба уште долго време и многу успеси за да стане тим број 1 ривал на Јунајтед.


30 годишниот централен одбранбен фудбалер на Јунајтед најверојатно ќе се врати во стартниот состав во недела за дербито на Манчестер, каде Јунајтед го пречекуваат својот сосед. Тимот на Марк Хјуз ќе биде ставен на последниот тест кој треба да ги испита нивните амбиции за шампионска титула откако направија 100 процентен старт во ПЛ и потрошија 120 милиони фунти за засилувања.

Ќе биде уште многу поинтересно и ако Карлос Тевез се појави на утрешниот натпревар, но шансите за тоа се мали, поради неговата повреда со која се здоби на мечот на кој ја претставуваше Аргентина минатата недела.

Фердинанд изјави и дека Тевез одбил 25.5 милионски трансфер во Ливерпул, само за да му се приклучи на Сити, без почит кон навивачите, бидејќи дербито со Мерсисајдерите на нив им значи повеќе отколку дербито со Ливерпул. Тој изјави: „Мислам дека Карлос отиде во Сити бидејќи знаеше дека ќе ги разочара навивачите ако отиде во Ливерпул. Тоа само појаснува колку е големо нашето ривалство.“


петок, 18 септември 2009 г.

Руни ги одбива амбициите на Сити

Ѕвездата на Црвените Ѓаволи е убеден дека шампионите ќе завршат над градските ривали.

Двата тима се среќаваат во Недела на Олд Трафорд во едно од најочекуваните градски дербиа во последните години.

Мега-богатиот Манчестер Сити без сомневање е подобрен со 12о-те милиони фунти кои менаџерот Марк Хјуз ги потроши ова лето, обидувајќи се да состави тим способен за борба за титулата. Сити влегуваат во дербито со победи на сите 4 натпревари во Премиер Лигата, и победата од 4:2 им дава надеж на Граѓаните дека може да се натпреваруваат за титулата оваа сезона.

Но Руни е скептичен дека Сити се способни да ја освојат титулата, и рачуна на искуството на шампионите во борбата за медали во претходните години.

„Тоа што се случи со Сити навистина е прекрасно за нивните навивачи“ изјави Вејн Руни за Дејли Мејл. „Купија добри играчи и се чувствува голема возбуда низ целиот град. Тоа е одлично за сите во Манчестер и во Премиер Лигата исто така, бидејќи сега има уште еден тим кој е предизвик. Но сите знаеме дека не е се во тоа кој играч е купен и колку пари се потрошени. Уверен сум дека ќе ја совладаме нивната екипа. Ние имаме искуство во освојување трофеи, и менаџер кој што бил во ситуација да освојува трофеи, видел како се прави тоа и го има направени многу пати.“

Извор

Посетители

Администратори