сабота, 12 декември 2009 г.

Најава:Јунајтед v Астон Вила

Премиер Лига, 16то коло|Сабота, 12.12.2009|Почеток: 18:30h
Стадион: Old Trafford, Manchester


27 лигашки натпревари без пораз, 12 од последните 13 натпревари со победа е статистиката карактеристична зашто овој натпревар ѓаволите би требало да го добијат.Јунајтед против Вила, Олд Трафорд, пак.Сите ја памтиме завршницата минатата сезона, кога пред Стретфорд Енд, 17 годишниот Македа, од обичен средношколец стана херој на гигант како Јунајтед.

По поразот од Челзи, Јунајтед сврза 4 последователни победи, иако имаме дури 12 играчи повредени.За утеха ни доаѓа враќањето на Берба,Руни и Гигс, кои не играа против Волфсбург, и можеби најважниот, Немања Видич.Одбраната ни е целосно деформирана, Евра,Видич и Де Лает се единствени фит одбрабени играчи, но како и последните 2 натпревара, Сер Алекс и против Вила најверојатно ќе искочи со Керик и Флечер во одбраната.

Вила засега супер се држат на табелата, имаат 4 натпревари без пораз и изиграа многу добро против Челзи и Ливерпул.Џејмс Колинс се враќа за нив колово, но затоа како повредени ги имаат Вилфред Боума,Крег Гарднер и Куртис Дејвис.Катастрофална серија имаат на Олд Трафорд, ќе бидат сигурно мотивирани за да извадат барем бод.Секако не смеат да се заборават Ешли Јанг и Габриел Агбонлахор, кои беа и на мета на Јунајтед, дека може да ни предизвикаат проблеми како минатата сезона.

Можни состави
Kuszczak

Fletcher - Carrick - Vidic - Evra

Valencia - Gibson - Anderson - Giggs

Owen - Rooney

V

Agbonlahor - Heskey

Young - Milner - Petrov - Downing

Warnock - Dunne - Cuellar - L.Young

Friedel

Мој тип:
Вила дефинитивно нема што да бара на Олд Трафорд, во форма сме и во серија, иако со 12 повредени играчи, Вила нема да знаат од кај да излезат на Олд Трафорд.
Јунајтед 3 - 0 Вила




петок, 11 декември 2009 г.

Нема позајмица за Фостер

Сер Алекс Фергусон негираше дека во јануари ќе го испрати Бен Фостер на позајмица.


Иако во моментов Едвин ван дер Сар е полесно повреден, Бен Фостер не настапуваше како негова замена, туку извонредниот Полјак Кушчак, кој настапи на 4 натпревари. Поради ова, се појавија гласини дека Фостер можеби во јануари ќе биде позајмен со цел да си го зачува местото во англиската репрезентација, но Фергусон се појави со демант.

„Ништо нема да се случи со Бен. Тој е тука и тука и ќе остане.“ Фергусон изјави и дека се` уште го чека ван дер Сар на конечна одлука дали ќе го продолжи договорот на уште 12 месеци. „Едвин обично од време на време зборува со нас и ни кажува отприлика што сака да прави, но се` уште не ни соопштил дали сака да брани уште една сезона. Во моментов тој има повреда, но не е ништо сериозно и ќе биде на голот од следната недела.“

Нов 4 годишен договор за Велбек

Манчестер Јунајтед на нивната официјална страна, денеска потврди дека младиот Англичанец, кој е роден во Манчестер, Дени Велбек, се согласи да потпише нов 4 годишен договор, кој ќе го држи во тимот до 2013.


"И ние и Дени сме пресреќни.Го гледаме него како еден од најголемите таленти кои дошле од академијата.Ќе има голема иднина во тимот и среќни сме што потпиша нов договор за да си ја осигура иднината." - изјави Сер Алекс.

"Навистина многу сум среќен.Никогаш не сум размислувал да играм за друг тим во мојата кариера, со играњето за тим како Јунајтед ми се исполни детскиот сон.Уживам секоја минута тренирајќи со тимот, во добри односи сум со сите играчи и не гледам причина зашто би го напуштил Јунајтед.Сакам да им се заблагодарам на Сер Алекс,фановите и целиот тим за подржката што ја добивам" - изјави Дени.

среда, 9 декември 2009 г.

Четворица се враќаат против Вила

Фергусон најверојатно ќе ги има услугите на Немања Видич,Рајан Гигс,Вејн Руни и Димитар Бербатов на наредниот натпревар од Премиер лигата, против Астон Вила на Олд Трафорд.



Вејн Руни(мускулот на ногата),Бербатов(колено),Видич(грип) не играа на натпреварот со Волфсбург кој Јунајтед го добвија со 1-3, а истотака и Гигси беше одморен, но сите 4ца ќе бидат спремни за натпреварот со екипата на Мартин О'Нил во Сабота.

Сепак, Сер Алекс ќе треба да прави ротации во одбраната, на која уште фалат 7 играчи.

"Очекуваме Видич дека ќе биде спремен до Сабота.Рајан дефинитивно е фит, и истотака сметам на услугите на Димитар и Вејн.Би требало да искочиме со одбрана составена од Флечер,Керик,Видич и Евра." - изјави Сер Алекс.

Јунајтед, сега за сега, се во добра форма, поготово во лигата.Само 2 поени позади Челзи, 3 победи по ред од кои 2 на гости, со постигнати 11 гола и само 1 примен и тоа од пенал.

Фергусон: Овен заслужува место во репрезентацијата

Мајкл Овен вчера прикажа одлична игра и го постигна својот прв хет трик по 4 години, со кој на Јунајтед му го обезбеди првото место во групата и нов рекорд од 15 мечеви на гости без пораз, иако на Јунајтед му недостигаа 15 првотимци.

Но она што е значајно е фактот што Овен со овој хет трик му испрати порака на Фабио Капело да го вклучи во англискиот состав за СП наредната година. Во последниве две години, Овен има само еден настап за репрезентацијата.

Скромниот Овен, кој наредниот понеделник ќе наполни 30 години, изјави: „Можеби мојот хет трик ќе биде главен натпис во весниците, но ова беше одлична тимска изведба. Играв подлабоко, затоа што ни фалеа премногу првотимци и моравме да и помагаме на одбраната. Среќен сум што завршивме на првото место во групата и вториот меч од осминафиналниот двобој ќе го одиграме дома.“

За синоќешниот натпревар, со изјави ги почести новинарите и Сер Алекс Фергусон. „Најпрвин, најважното од се` е Манчестер Јунајтед. Второ, како што докажа многу пати, кога се работи за позиционирање и финиширање, Овен е еден од најдобрите напаѓачи денес. Дали можеме да го очекуваме во стартниот состав? Апсолутно, тој има големо влијание на теренот. Тој е фантастичен, секогаш е во шеснаесетникот и ја растрчува противничката одбрана. Јас сум премногу задоволен од неговите изведби.“

Што се однесува до повредените играчи, за саботниот меч на Јунајтед, ќе се вратат Видиќ, Руни и Бербатов.

вторник, 8 декември 2009 г.

Руни и Бербатов нови членови на болницата, О'Шеј и Еванс аут до Нова година

Јунајтед моментално ја преживевуваат една од најголемите кризи поради повреди во тимот, со вкупно 12 играчи повредени, но се не само во одбраната, и напаѓачите Руни и Бербатов се повредени.


Сер Алекс Фергусон се соочува со еден од најголемите кризни периоди во неговата кариера во Јунајтед, со што беше принуден да повика само 19 играчи против Волфсбург, од кои 13 се играчи од средината.

Уште полошо е, тоа што Јунајтед има и тежок натпревар против Астон Вила во Премиер лигата во Сабота, и ќе има големи маки да извади состав којшто би можел да го победи Волфсбург во Германија.

Нова вест е дека Џони Еванс и Џон О'Шеј ќе бидат аут до Нова година, за кои се сметаше дека имаат само минорни проблеми со мускулот на ногата.Јунајтед ќе мораат да се надеваат дека Вес Браун и Видич ќе се вратат за натпреварот со Вила, за да не мора Фергусон повторно да игра со играчи од средината во одбрана.Руни и Берба не отпатуваа за Германија поради повреди на ногата и коленото.

"Нема добри вести во врска со повредените играчи.Морав да оставам неколку играчи во Манчестер, па сега ќе морам да размислувам како да составам доволно добар тим против Волфсбург."

Иако имаме големи проблеми во одбраната, со само еден фит дефанзивец, и нападот, Сер Алекс не е толку загрижен поради тоа.

"Ќе започнеме со 1 дефанзивец!Јунатјед е секогаш првиот тим којшто пробува да импровизира нешто, така да ќе започнеме само со Евра во Вторник" - се шалеше Фергусон.

Посетители

Администратори