вторник, 5 јануари 2010 г.

Фелан, нов менаџер на Барнли?

Асистентот на Сер Алекс Фергусон, Мајк Фелан, можно е да стане новиот менаџер на Барнли, откако ќе се официјализира трансферот на сегашниот менаџер, Овен Којл, во Болтон.


Иако досега нема никаква официјална потврда од Барнли дека Којл е поставен на менаџерската позиција на Болтон, се верува дека во рок од 24 часа ќе се открие и официјализира трансферот, со што Барнли ќе останат без менаџер.

Фелан, заедно со синот на Сер Алекс, Дарен Фергусон, и асистентот на Стоук, Питер Реид, се најсериозните кандидати за менаџерското место во Барнли.Кога пристигна пред 2 години, Фелан изјави дека би сакал некогаш да го наследи Фергусон и има голема желба да раководи голема екипа, па бидејќи нема никакви шанси тоа да се случи, тој би сакал да си ја проба среќата во Барнли.

Нема да биде ова првиот пат како асистент менаџер на Јунајтед заминува како менаџер на друг тим, Карлос Квеирош, сегашниот менаџер на Португалија, во 2003 се пресели во Реал Мадрид.

понеделник, 4 јануари 2010 г.

Царот се враќа за 10 дена

Првиот избор на голманската позиција во Јунајтед, Едвин Ван Дер Сар, ќе се врати да тренира со првиот тим за околу 10тина дена.


Жената на Ван Дер Сар, Анамарија ван Кестерен, имаше сериозна повреда на мозокот неколку дена пред Божиќ па затоа Сер Алекс му дозволи на Едвин да замине во Холандија да и оддаде поддржка.Се верува дека нема да има никакви поголеми проблеми на нејзината состојба.

На Manchester Evening News пишува дека 39 годишниот холанѓанец би можел да се врати за околу 10тина дена на тренинг центарот Керингтон, со што многу ќе придонесе на составот, со оглед на тоа што Фостер истотака се повредил на загревањето пред натпреварот со Лидс, па останати голмани ќе бидат само Кушчак и Амос.

"Повторувам, ништо нема да купувам" - Сер Алекс

Откако имаше неколку изјави пред почетокот на трансфер периодот дека нема да купува нови играчи, а медиумите пак повторно го поврзуваа со нови пристигнувања на Олд Трафорд, Сер Алекс уште еднаш ја потврди неговата првична изјава.


Одбраната уште еднаш предизвикува проблеми за Јунајтед, поготово со повредата на Видич од вчера за која што не се знае уште колку ќе трае.Ако се вратија Браун,Рафаел и Гери, сеуште фалат некои стандарни играчи како Рио,О'Шеј и сега Видич.

Србинот беше најавен во стартниот состав против Лидс но беше заменет во последен момент со Вес Браун поради заработена повреда во загревањето.Со оглед на повредите логично би било да се земе некој играч во одбраната, барем на позајмица, но искусниот Шкот ги одбива сите шпекулации.

"Трансфер маркетот не е решение за нашите дефанзивни проблеми.Ако некој ми каже еден добар дефанзивец кој би прифатил позајмица од 3 месеци веднаш би го земал, но за жал не постои таков.Солиден играч би барал 3 годишен договор а мене не ми треба тоа моментално.И вака ми е тешко што морам да оставам неколку големи играчи коишто заслужуваат да играат за првиот тим, на клупа."

"Ќе продолжиме да бараме млади играчи коишто би можеле многу да значат во иднина, но нема да купам некој докажан играч или играч од светска класа." - Изјави Сер Алекс.

недела, 3 јануари 2010 г.

Хулк на мета на Јунајтед

Според весниците во Англија, Манчестер Јунајтед ќе испрати понуда од 20 милиони фунти за услугите на бразилецот Хулк, за да го зацврстат нападот.


Како што пишуваат весниците, Сер Алекс уште од кога игравме во Лигата на Шампионите против Порто се интересирал за услугите на Бразилецот, поради што е голем,цврст и моќен напаѓач, кој истотака беше и цел на Арсенал.

Откако пристигна од Јапонскиот тим Токио Верди во 2008, Хулк се покажа како фантастичен трансфер за Порто со неговиот рекорд на голови и во Португалската лига и во Лигата на Шампионите, што веќе привлекува внимание на многу голем европски тимови.

23 годишниот има уште 4 години на неговиот договор во Порто, со откупна клаузула од 88 милиони фунти.

"Големи тимови од Англија се заинтересирани.Прашуваат за состојбата со неговиот договор со Порто и изјавуваат дека е навистина добар и надежен играч и дека сакаат да го имат во својот тим.Април и Мај би биле можни дати кога тој би си заминал од Порто." - изјави неговиот агент, Теодро Фонсека.

сабота, 2 јануари 2010 г.

Бензема во Јунајтед?

Иако Сер Алекс Фергусон изјави дека зимава нема да има трансфери во Јунајтед, сепак, се` погласни се шпекулациите дека во Јунајтед ќе пристигне Карим Бензема.

Откако Фергусон го следеше Бензема цели три години, летово понуди 20 милиони фунти за него, но Реал Мадрид понуди 25 милиони и го засили својот состав. Но, Бензема за Реал постигна 5 гола во 13 средби и ако Реал го купат Рибери, најверојатно ќе бидат отворени за понуди за младиот Бензема.

Манчестер Јунајтед се` уште ги има парите од продажбата на Роналдо и иако изгуби двајца клучни играчи летото, се наоѓа како еден од фаворитите за освојување на ПЛ и останува во игра за титулата во ЛШ. Други играчи кои се следени од Манчестер се Един Џеко, Давид Виља и Давид Силва. На овој список се наоѓаше и Серхио Агуеро, но отпадна откако изјави дека ќе остане верен на својот Атлетико Мадрид.

Најава:Јунајтед v Лидс

3та рунда, Фа Куп|Недела, 3 Јануари 2010|Почеток: 14:00h
Стадион: Old Trafford, Manchester

9000 фанови на Лидс Јунајтед се најавени дека ќе отпатуваат на Олд Трафорд за да го гледаат Јоркшајр дербито, кое дефинитивно веќе не стигнуваме да го гледаме многу често, поради тоа што порано моќниот Лидс е паднат дури во третата англиска лига.4 победи и 2 нерешени им е скорот од последните 6 натпревари, така да нема да биде лесно и утре.

Сер Алекс изјави да не го потценуваме противникот, дека знаеме како одигравме последниве 3 сезони во Фа купот и мора да имаме респект за историјата на противникот.Еванс и Гери почнале да тренираат регуларно така да најверојатно ќе ги видиме во првиот состав, а има и шпекулации дека Ферги му дал продолжен одмор на Евра со неговата фамилија во Дубаи, па можеби ќе го видиме Фабио.Рио и О'Шеј сеуште се отсутни.

Лидс имаат фантастична историја и моментално неколку добри играчи и големи таленти, и играч кој би можел да претставува најголема опасност тоа ќе биде напаѓачот Џермејн Бекфорд, кој веќе е баран од врвни тимови како Евертон,Сандерленд и Њукасл, заедно со крилото Роберт Сноџграс и играчот за врска Џонатан Хоусон.Кај нив со повреди немаат никакви проблеми, единствено Бромби ќе биде отсутен поради жолти картони и Руи Маркес кој е со екипата на Ангола во Африканскиот куп.

Можни состави:
Foster

Neville - Vidic - Brown - Fabio

Obertan - Gibson - Anderson - Giggs

Owen - Welbeck

V

Beckford - Becchio

Showumni - Howson - Kilkenny - Snodgrass

Crowe - Kisnorobo - Naylor - Hughes

Ankergen

Мој тип:
Победа, ништо помалку не е дозволиво.
Јунајтед 3-0 Лидс.


Посетители

Администратори