петок, 8 јануари 2010 г.

Моменталната ситуација со повредите

Рио Фердинанд е се поблиску до враќање во првиот состав на Јунајтед.



Фердинанд, кој беше отсутен поради постојаниот проблем со грбот од 25 Октомври, е можно да се врати за натпреварот со Барнли следната сабота.Би требало да почне со активни тренинзи со топка уште во недела.

Откако растеа шпекулациите дека Видич бил намерно изоставен од натпреварот со Лидс поради расправија со Сер Алекс, конечно вистината дојде на виделина.Немања ќе биде отсутен 10 дена поради проблем со стапалото, изјави Бен Хибс.Со тоа останува на Браун и Еванс, коишто истотака се веќе опоравени од повредата да играат централни дефанзивци, со Евра на левата бековска позиција и Рафаел на десната бековска.

Едвин е сеуште во Холандија поради неговата жена која беше хоспитализирана, и на 4 јануари напишавме дека се враќа за 10 дена, така да ќе почекаме уште малце за да го видиме на голманското место.

Харгривс тренира активно, но со резервниот состав на Јунајтед.Најверојатно прво ќе изигра 1 или 2 натпревари во резервниот тим како што направи Браун кога се опорави од повредата која го држеше надвор од терените целата мината сезона.

О'Шеј ќе биде сеуште надвор од терените, и тоа подолго, се верува дека околу крајот на Февруари би требало да се врати на терените.

Денес момците имаат тренинг од 2 часот во Керингтон тренинг центарот, и веднаш после тоа тргаат кон Бирмингем

четврток, 7 јануари 2010 г.

Гигс ја доби наградата 'Слобода на Салфорд'

Рајан Гигс додаде уште еден трофеј во неговата ризница на трофеи. Тој денес го доби признанието 'Слобода на Салфорд'.


Гигс ја доби наградата на посебна церемoнија на која присуствуваа и менаџерот Алекс Фергусон и легендата на клубот Боби Чарлтон. Гигс кој живее во Салфорд од кога е доселен од Велс вели дека е ова е една од најдрагите награди кои ги дoбил во неговата кариера.

'Салфорд е мојот дом и сум многу среќен што ја добивам оваа награда. Кога се доселив тука ова место немаше ниту кино сала, но се е променето на подобро денес. Да се добие оваа награда е навистина голема чест за мене.'' - изјави Гигс.

Тој е 22-от човек кој ја добива оваа награда. Гигс воедно доби и златен медал и посебен сертификат.

Гери ќе се пензионира на крај на сезоната

Легендарниот десен бек на Јунајтед, Гери Невил посочува дека ќе се пензионира на крај на сезоната, поради честите повреди.


Капитенот на Јунајтед има досега 18 сезони зад себе во црвениот дрес, со што има направено 583 настапи за тимот и постигнато вкупно 7 гола.

Во последните 3 сезони, Гери беше често погодуван од повреди со што потоа тешко се враќаше, или по многу долго време.За време на неговото отсуство се покажаа нови играчи кои играат многу добро на таа десна бековска позиција, како Браун,Рафаел и O'Шеј.Неговиот договор истекува во Јуни годинава, и најверојатно нема да добие нов од Сер Алекс, како што добија Сколс и Гигс.

Невил имаше фантастична кариера во Јунајтед, ривалските фанови го мразеа но тој секогаш имал голем удел кон успехот на Јунајтед.Ќе ни биде жал кога ќе се пензионира, но на се има крај.

Фергусон импресиониран од Диуф

Сенегалскиот напаѓач, Маме Бирам Диуф, е се поблиску до неговото деби во црвениот дрес, откако Ферги изјави дека е импресионирал на тренинзите одкога пристигна во Јунајтед.


Диуф ја доби работната дозвола ден пред Божиќ и Манчестер Јунајтед потврдува дека е регистриран во Премиер лигата и ќе го носи дресот со број 32, поранешниот број на Карлос Тевез.

Сер Алекс вели дека се работи за многу голем талент и 22 годишниот напаѓач, кој пристигна од Норвешкиот тим Молде, е спремен да игра за првиот тим на Јунајтед.

"Многу брзо и лесно се прилагоди на нашиот тренинг режим и лично мене ме импресионираше многу.Брз е, има добар скок и удар со глава, со што го прави добар напаѓач, со што дефинитивно ќе биде корисен во текот на сезоната" - изјави Фергусон за Inside United.

вторник, 5 јануари 2010 г.

Видич негира конфликт со Фергусон

По шпекулациите дека бил намерно изоставен од Фергусон на натпреварот со Лидс, Немања Видич веднаш возврати дека се работи за повреда и немало никаков конфликт.


Откако беше поврзуван со Реал Мадрид, имаше шпекулации како Фергусон и Видич имале расправија во соблекувалната со што Видич бил изоставен намерно од Фергусон од првиот тим против Лидс.

Видич го негираше сево ова и кажа дека сепак се работело за повреда и нема никакви проблеми со Фергусон или кој било друг член на Јунајтед.

"Бев зачуден од се.Фергусон рече дека не зборувал сеуште со докторите а не дека не верува дека се работи за моја повреда, медиумите ги превртуваат работите.Сите во тимот знаат дека имам добри односи со Фергусон.И не си одам од Манчестер, не е точно дека сум несреќен во тимот, само сум повреден." - изјави Фергусон за Спортски Зумал.

Неговиот агент пак, Паоло Фабри, изјави дека е изненаден од ваквите шпекулацитие.

"Изненаден сум од шпекулациите, од ништо прават нешто.Ситуацијата е под контрола, и Видич нема никаков контакт со било кој друг тим.Незнам како се осеќа моментално бидејќи немам зборувано со него уште од поразот од Лидс, така да неможам да кажам" - Изјави Фабри за ЕСПН.

Одложен натпреварот со Сити

Натпреварот од полуфиналето на Карлинг купот меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити кој требаше да изигра утре, е одложен поради обилниот снег.


Натпреварот кој требаше да се игра утре, ќе се преигра на 19ти Јануари, кој беше терминот за вториот натпревар.Вториот натпревар пак, е преместен за 27ми Јануари.

Освен тоа, Јунајтед требаше да играат натпревар на 26ти овој месец, против Хал, кој истотака ќе биде одложен, а датата за тој натпревар ќе се дознае во следните денови.

Според извори во Манчестер, снегот кој сеуште врне во Јоркшајр, направил покривка од 6 инчи т.е 18 сантиметри.Снегот активно врне уште од Недела и се очекува да врне до Четврток.

Посетители

Администратори