недела, 10 јануари 2010 г.

Бербатов сепак на операција

Бугаринот Димитар Бербатов го пропушти натпреварот против Бирмингем во саботата и како причина за тоа според Сер Алекс Фергусон се наведуваат неговите проблеми со коленото.

Фергусон за медиумите изјави: „Тој сакаше да игра во саботата, но ние не му дозволивме за да не ја искомплицираме работата. Можеби ќе мора да оди на една операција.“ Шкотскиот менаџер при крајот на декември изјави дека на Бербатов можеби нема да му е потребна операција, но проблемите со коленото продолжуваат и по се` изгледа дека операција ќе биде единствениот излез од оваа ситуација.

На мечот со Бирмингем, Руни сам го водеше нападот на Јунајтед со Диуф кој му се приклучи последните 10 минути, оставајќи го Овен на клупата. По оваа ситуација со Бербатов, се очекува Овен да ја искористи својата шанса и да му докаже на Капело дека е компетентен да игра за англиската репрезентација на СП летово.

Исфрустриран и смрзнат

Томаш Кушчак остана разочаран откако Јунајтед не успеаа да освојат 3 бода на Сент Андрјус, и го опишува натперварот, како најстуден во неговиот живот.


Кушчак имаше интервју за MUTV каде што ги даде своите коментари за 1-1 нерешниот резултат со Бирмингем, кој ако го победевме ќе бевме на првото место барем до следната недела, а сега сме 1 бод позади Челзи коишто имаат и натпревар помалку.

"Се разбира дека сме разочарани.Дојдовме овде за 3 бода а земавме само 1.Сите во тимот сме свесни што треба да се прави за да успееме да ја освоиме титулата и се трудиме да победиме на секој натпревар,без разлика дали е Барселона или Бирмингем.Секогаш кога губиме поени сме разочарани"

"Првото полувреме игравме многу добро и правевме шанси, но среќно тие стигнаа до голот.Во второто беше обратно, тие беа подобри а ние дадовме гол"

Полскиот голман беше прогласен за играч на натпреварот, и тоа заслужено бидејќи да не беше тој Јунајтед ќе можеа да го изгубат и тој 1 бод, откако одбрани на 2 пати на Кристијан Бенитез и 1 на Џонсон.

"Ова е тоа што морам да го правам.Играм за најголемиот тим на светот и секогаш морам да давам 100%, да им помогнам на момците и да не примам гол.Денес не ми успеа тоа, за жал, иако направив неколку добри одбрани." - изјави Кушчак.

сабота, 9 јануари 2010 г.

Видиќ во аут десетина дена

Манчестер Јунајтед ќе мора наредниве десетина дена да бара чаре и за уште еден повреден дефанзивец - Немања Видиќ, кој ќе отсуствува од терените поради проблеми со нервот на ногата.


Откако Видиќ во последен момент пред мечот со Лидс се пожали на повреда и Фергусон не знаеше да ја објасни таа повреда, многумина почнаа да го поврзуваат Видиќ со трансфер во Реал, но подоцна Видиќ го демантираше сето ова и изјави дека почувствувал остра болка во десната нога и притоа Фергусон изјави: „Го разбирам бидејќи е премногу болно. Го испративме на специјалист кој утврди дека се работи за проблеми со нервот на ногата и рече дека ќе го заздравува со посебни вежби и ќе се врати на терените за десетина дена.“

Освен натпреварот со Бирмингем, Видиќ ќе го пропушти и натпреварот со Барнли на Олд Трафорд, исто од Премиер Лигата.


Најава:Бирмингем v Јунајтед

Премиер лига, 21 коло|Сабота, 9 Јануари 2010|Почеток: 18:30h
Стадион: St.Andrews stadium, Birmingham



Сеуште не се знае дали воопшто ќе се игра овој натпревар поради снегот и ниските температури во Англија, поради кој, веќе се откажани многу натпревари и ќе се одиграат само 4 ова коло.Бирмингем оваа сезона се дефинитивно најголемото изненадување во Премиер лигата, и се наоѓаат на високото 6то место со фантастична серија од 10 натпревари без пораз и го имаат на клупата најдобриот менаџер за декември, Алекс Меклеиш.Јунајтед пак, ќе гледаат да се вратат од катастрофалниот пораз од Лидс на домашен терен во ФА Купот, кој беше проследен со еден од најлошите преформанси на Јунајтед во последните години.

Очекувам Ферги да искочи со најсилниот можен состав ако сакаме да имаме некакви шанси да ги победиме Бирмингем.Видич е аут 10 дена, но се враќа Еванс шо е добар знак и немам да имаме дефанзивни проблеми.Валенсија,Флечер,Керик и Гигс истотака би требало да играат, кои според мене претставуваат најдобриот среден ред кој може Јунајтед да го извади од овој состав, и во нападот со Руни на кој најверојатно ќе му помага Берба, кој воопшто не се докажа оваа сезона со само 5 гола.Тешко дека би се одлучил Ферги за Овен или Велбек, иако можно е да го видиме и дебито на Маме Бирам Диуф во црвениот дрес.

Неповредениот состав на Меклеиш нема да имам никакви проблеми за повторно да не може да го извади класичниот и најдобриот можен состав.Најопасен играч дефинитивно е Кристиан Бенитез, заедно со Џероум знаат да изнададат со одлични шутеви од далечина.Исто средината со Мекфаден и Ларсон играат фантастично оваа сезона, со што ќе биде уште потешко за нашите момци.

Можни состави:
Hart

Carr - Ridgewell - Johnson - Dann

Larsson - Bowyer - Ferguson - McFadden

Jerome - Benitez

V

Berbatov - Rooney

Giggs - Carrick - Fletcher - Valencia

Evra - Brown - Evans - Rafael

Kuszczak

Мој тип:
Имам некое ептен лошо чувство и мислам дека пак ќе играме многу лошо, па можда ќе му текне на Сер Алекс дека составов не е доволен за освојување на трофеи, а не па со повредите коишто не погодија.
Бирмингем 2-0 Јунајтед.

Обертан по стапките на Роналдо

Можеби французинот несака да биде споредуван со Роналдо, но тој самиот признава дека оди по неговите стапки за да стане фудбалерот кој Роналдо стана.


Со трансферот на Роналдо во Реал, фановите на Јунајтед сега бараат нов херој на Олд Трафорд.Откако чекаа неколку месеци, конечно фановите на Јунајтед го видоа 3 милиони вредниот французинот како ги покажува своите способности во црвениот дрес, и како оправдува зашто е еден од најбараните млади таленти во светот.

Обертан ни препорачува да не бидеме изненадени доколку ги видиме оние познати stepovers коишто Роналдо не престануваше да ги користи, повторно на Олд Трафорд.

"Учев да играв фудбал надвор, на улица, со моите другари.И кога играш уличен фудбал, единствено што сакаш да правиш се трикови.Уште од мал омилени ми биле The Stepovers."

"Многу сакам да правам трикови, но само ако се ефективни.Нема корист од нив ако накрај не дојде до ништо со што би му помогнал на тимот.Едвај чекам да го дадам мојот прв гол.Имав многу шанси на натпреварот против Блекбурн и против Волфсбург па и против Волфс, но не ги искористив за што, се разбира, жалам многу.Признавам дека ми треба многу тренинг во финишингот, но уверен сум дека ќе успеам и тоа да го усовршам" - изјави Обертан

петок, 8 јануари 2010 г.

Фегхули - "Јунајтед е тим од соништата за секој фудбалер"

Се верува дека Манчестер Јунајтед се многу заинтересирани за еден од најголемите таленти во францускиот фудбал, 20 годишниот Софиане Фегхули, кој настапува екипата на Гренобл.


Сер Алекс ќе биде мотивиран од зборовите на генералниот директор на Гренобл, Пиер Вантез, кој вели дека Французинот сакал да нов предизвик и се надева дека ќе успеат да заработат максимум од неговото неизбежно заминување.

"Новите играчи многу влијаат на продавањето на оние што ги имаме.Моментално, Фегхули е единствениот играч кој може да си оди.Самиот си изјави дека сака нов предизвик и го почитувам тоа.Ако дојде пристојна понуда, нема да ја одбијам, но тоа најверојатно ќе биде во летото." - изјави Вантез за француски весник.

Софиане уште од 16 години игра за Гренобл, а првиот натпревар го одигра истата сезона(05-06) против Реимс во втората француска лига.Уште следната сезона му беше даден дресот со број 8 и од тогаш е важен дел од тимот на Гренобл.За него до сега се интересирале Барса,Ливерпул,Челзи,Ајакс,Милан,Валенсија,Тотенхем,Фиорентина,Марсеј и Лил и досега има изигран вкупно 60 натпревари од кои 43 во првиот состав, а наполни 20 години на 26ти декември.Договорот му истекува во Јуни 2010, и еве ја и неговата изјава

"Свесен сум дека договорот ми истекува и дека најверојатно ќе си заминам од Гренобл на крајот на сезоната.Премиер лигата за мене е најдобрата лига во светот моментално."

"Манчестер Јунајтед?Најдобриот тим на светот, сон за секој фудбалер.За жал, немало контакти до сега со мене, иако знам дека ме поврзуваа минатото лето." - изјави Фегхули за Skysports.

За тие што не слушнале за него, еве едно видео од неговите најсјајни моменти до сега

Посетители

Администратори