сабота, 6 март 2010 г.

Најава:Волфс v Јунајтед

Премиер лига, 29то коло|Сабота, 6 Март 2010|Почеток: 18:30h
Стадион: Molineux Stadium, Wolverhampton


По освојувањето на Карлинг купот и завршувањето на интернационалните настапи на играчите, се враќаме повторно во Премиер лигата.

Ситуацијата, позната уште од пред 1 недела, 60 бода имаме и само 1 позади Челзи, а позади нас се Арсенал со само 2 поени разлика.Не смееме да дозволиме да паднеме на второ место и да не победиме денес, ем притискот ќе биде врз Челзи, кој нема да игра овој викенд поради што игра во ФА Купот, ем нема да му ја мислиме ако Арсенал победи против Барнли.Досега, Волфс сме ги тепале 2 пати, еднаш во Карлинг купот и еднаш во Премиер лигата, двапати на Олд Трафорд и тие не успеаа да ни дадат гол и во двата натпревара.Интересно е тоа што Волфс имаат дадено само еден гол во последните 5 натпревари дома, а имаат само 1 победа и 1 нерешена, заедно со 3 порази, така да се освен победа би било неуспех.Можно е Руни да не започне поради измореност од натпреварот со Египет и играме со Милан веќе во среда, од останатите, Рафаел,Андерсон,Гигс,О Шеј,Харгривс и Овен.

Волфс се борат за опстанок сезонава, и се ближи крајот па сигурно ќе бидат мотивирани дома против Шампионот да направат изненадување и да го спречат во освојување на титулата и оваа сезона.Уште помотивирачки ќе им делува и фактот дека Јунајтед имаат победено само 1 од последените 4 натпревари на гости во Премиер лигата.Сепак, статистиката е на страната на Јунајтед, со 13 победи 1 нерешена и само 1 пораз во 15 натпревари со екипите под 10то место.

Можни состави:
Hahnemann

Zubar - Berra - Foley - Craddock

Jarvis - Jones - Henry - Guedioura

Ward - Doyle

V

Berbatov - Diouf

Nani - Carrick - Scholes - Gibson

Evra - Evans - Vidic - Neville

VDS

Мој тип:
Мораме да ги користиме ваквите шанси со помалите тимови и не смееме да си дозволиме киксови, да се искачиме на првото место и нека му ја мислат Челзи после.
Волфс 1 - 3 Јунајтед.

петок, 5 март 2010 г.

Овен сепак на операција, аут до крај на сезоната

Сите се плашевме од најлошото и за жал се оствари, Мајкл Овен ќе биде аут до крај на сезоната и ќе го пропушти светското првенство поради повреда на мускулот на ногата.


Денес Сер Алекс на прес-конференцијата ја изјави жалната вест дека Овен ќе биде во аут докрај на сезоната и ќе мора да оди на операција на мускулот на ногата.Операцијата ќе биде извршена во Понеделник и тоа значи дека нема да може да му помага на Јунајтед во Премеир лигата и во Лигата на Шампионите, но и на Капело во Англиската репрезентација за Светското првенство.

30 годишниот напаѓач го повреди мускулот на левата нога во финалето од Карлинг купот додека трчаше да ја стигне топката и мораше да биде заменет во 41та минута од Вејн Руни.

"Многу лош и тежок удар за Мајкл и за нас.Тревата на Вембли беше многу лоша, и таа е една од причините за неговата повреда, заедно со среќата." - изјави Сер Алекс на пресот.

Јунајтед по младиот хрват Милан Бадељ

Според весникот Дејли Меил, Јунајтед биле многу заинтересирани за младиот играч на Динамо Загреб, Милан Бадељ.


Хрватскиот репрезентативец под 21 година кој се смета за новиот Лука Модрич многу ги импресионираше големите клубови сезонава со постигнување 11 гола во 28 натпревари.Интер,Баер Леверкузен и Баерн Минхен беа поврзувани со негово потпишување, но се верува дека и Јунајтед е заинтересиран за услугите на 21 годишниот играч од средината.Се верува дека би се преселил на Олд Трафорд за 9 милиони фунти.

среда, 3 март 2010 г.

Руни:Нeзапирлив сум

Незапирливата гол машина Вејн Руни, со уште една почест само откако вчера беше одбран за најдобар англиски играч, денеска ја доби наградата за најдобар играч во Премиер лигата за месец Февруари, пак!


Очигледно е, неизбежно е, Руни е најдобриот играч за минатиот месец не само во Англија, туку и пошироко.Сер Алекс потврди а сега и тој самиот изјави дека моментално со оваа форма е најдобриот играч на светот,а и нема кој би негирал нешто такво.

Поранешниот играч на Арсенал и репрезентативец на Бразил, Жилберто изјавува дека внимателно го следел Руни уште во времето во Евертон и не му се верува во какво играчиште прерасна.

"Неверојатно е како се развива, од година во година станува се подобар и подобар.Дури и ние во Бразил го следиме Руни и ако продолжи во оваа форма на Светското првенство, тешко нас.Сигурен сум дека и тој знае дека ако ја задржи оваа форма може да го освои со Англија најзначајниот трофеј" - изјави Жилберто.

Како Жилберто да му извади зборовите од уста на Руни, неговата изјава гласеше

"Сигурен сум дека можам да помогнам на Англија многу во светското првенство.Знам дека ако ја задржам оваа форма имаме големи шанси да стигнеме далеку.Јас сум во најдобрата форма во мојот живот.Дури и самиот се чувствувам незапирлив, прекрасно чувство е.Чувствувам како да можам да дадам гол во секој натпревар против секој противник.Спремен сум да се борам против сите коишто ќе ми застанат на патот" - заврши Вејн.

понеделник, 1 март 2010 г.

Овен во аут неколку недели

Сер Алекс го фали предаторскиот инстинкт на Овен, но вели дека му е многу жал што се повредил и мораше да го извади уште 40тата минута, и вели дека сигурно ќе паузира неколку недели.


"Мајкл не играше долг период, а и теренот и значењето на натпреварот многу му дојдоа.Го одбирам тимот пред да излезам на теренот, но испадна овојпат претешко за Овен.И теренот не беше најсјаен, но Овен за тие 40 минути успеа да постигне израмнувачки гол и затоа сметам дека беше еден од подобрите во првото полувреме.Овен е еден од најдобрите финишери во светот, и вчера го докажа тоа."

"Тој и Рафаел ќе одат на скенирање денес, но сметам дека Мајкл ќе биде аут неколку недели." - Изјави Сер Алекс.

Фердинанд: Се враќам во игра со Волвс

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и новиот капитен на Англија, изјави дека е подготвен за следниот дуел на Манчестер со Волвс следниот викенд.




Рио Фердинанд го пропушти вчерашното финале со Астон Вила и ќе ја пропушти пријателската средба на Англија со Египет во среда, но вели дека се чувствува одлично.

„Се` е во ред со мене сега, тренирав цела недела. Не беше некоја страшна повреда, но не играв на минативе натпревари да не направам голема беља, иако можев да играм, но Фергусон ми рече да одморам. Но сега е се` во ред, без болки, без замор, супер е. Во форма сум и ќе играм на наредниот меч со Волвс.“, изјави Фердинанд.

Посетители

Администратори