четврток, 18 март 2010 г.

Флечер:Не смееме да го потцениме Ливерпул

Дарен Флечер го предупредува Јунајтед дека не смее никако да биде потценет Ливерпул и дека сеуште ја чувствува болката од катастрофалниот пораз минатата сезона.


"Би било многу опасно доколку повторно го потцениме Ливерпул поради нивната форма и позиција на табелата.Ова се дерби натпревари, формата и позицијата на табелата не се гледа, сите тимови имаат посебна мотивација за овие натпревари и секако, тим како Ливерпул иако сезонава не игра на ниво, не смее да се отпишува уште од почеток."

"Го имаат скоро истиот уигран тим од минатата сезона.Но, сега ние знаеме на што се способни по поразот дома и оваа сезона од 2-0.Сеуште ја чувствувам болката од тој катастрофален пораз.Исто, на Ливерпул му требаат бодови бидејќи се бори за 4тото место и во вакво случај, тие се способни да победат било кој."

"Ако не сме 100% фокусирани на натпреварот и не дадеме 100% на теренот, ќе не снајде повоторно како минатата сезона бидејќи ако правиме грешки тие веднаш ќе не казнат.Јас сум многу изненаден што не успеаа сезонава да се држат со големата 4ка, но сепак, ќе имаат посебна мотивација кога ќе дојдат на Олд Трафорд" - изјави Флечер за следниот противник на Јунајтед.

среда, 17 март 2010 г.

Велбек се враќа од позајмицата, оди на операција

Синот на Сер Алекс а воедно и менаџер на Престон, Дарен Фергусон денес потврди дека Велбек ќе мора да оди на операција за повреденото колено и ќе се врати во Јунајтед.



Дени постигна 2 гола за 8 натпревари откога пристигна во Престон и со повредата се здоби додека тренираше пред натпреварот со Кардиф и иако се мислеше дека нема да биде потребна операција и дека повредата не е толку сериозна, сепак испадна спротивното.

"Ќе мора да оди на операција, и затоа ќе се врати кај Алекс.Нема да ми треба друг напаѓач, доволни ми се овие 3 шо ми се на располагање." - изјави Фергусон по нерешниот резултат со Шефилд Венсдеј.

вторник, 16 март 2010 г.

Гигси се враќа за да го уништи рекордот на Ливерпул

Најтрофејниот играч во лигата, Рајан Гигс дефинитивно се враќа за со Ливерпул во недела и самиот изјавува дека гори од желба сезонава да го уништи рекордот на Ливерпул од 18 титули.



36 годишниот легендарен играч на Јунајтед случајно самиот се повреди во натпреварот со Астон Вила на Вила Парк и досега има пропуштено 7 натпревари и двата натпревари со Милан заедно со финалето од Карлинг купот.

Но, Гигси тренираше со првиот тим за првпат минатиот вторник и досега немало никакви проблеми и ги издржал сите сесии.Гибсот ќе му биде изваден утре најкасно.

Од повредата, Рајан тренираше различни спортови и вежби за да остане во форма бидејќи ќе се врати во најклучниот период од сезоната за Јунајтед.

Кол: Вејн може да го надмине Роналдо

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Ендру Кол мисли дека Вејн Руни има многу големи шанси да го надмине рекордот на Кристијано Роналдо од 42 гола.



На последниот дуел против Фулам, Руни го постигна својот 32 гол во сезоната и има уште можни 13 меча кои го чекаат на кои мора да постигне 10 гола.

„Приоритетот на Вејн ќе биде да го одведе Јунајтед до уште една ПЛ титула и титула во ЛШ, така да бркањето на овој рекорд ќе биде во заден план. Но има уште 8 лигашки игри до крајот и ако продолжи да дава голови со тоа темпо, рекордот е блиску. Тој е играч со одлична игра и е секогаш на стандардно ниво, дава се` од себе. Неуморлив е.“

Кол додаде: „Играчите на Јунајтед не знаат што е тоа притисок. Играат како тоа да е најлесната работа на светот. Затоа и играат во Јунајтед.“

недела, 14 март 2010 г.

Најава:Јунајтед v Фулам

Премиер лига, 30 коло|Недела, 14 Март 2010|Почеток: 14:30h
Стадион: Old Trafford, Manchester

По уништувањето на Милан на Олд Трафорд се враќање во Премиерлигата во борба за освојување на четвратата титула по ред, овој пат на патот ни стои Фулам, тимот што не уништи на Кревен Котиџ со 3-0.

За нас сите натпревари до крај се must win, и доколку не победуваме дома на вакви натпревари не ни заслужуваме да ја освоиме титулата.Тоа што не победија 3-0 на Кревен Котиџ не значи дека се нешто посебно или посилен тим од претходно.Имаат многу различен скор дома и на гости, на гости немаат победа на Олд Трафорд 47 години, т.е во последните 14 натпревари.Моментално сме во одлична форма, Руни е феноменален, Флечер истотака и одбраната ни е скоро комплетна.Повредени ни се Андерсон,Ошеј,Овен,Харгривс,Де Лает,Браун и Гигс кој се враќа за следниот натпревар со Ливерпул.Со победа пак ќе се искачиме на првото место со 2 бода пред Челзи, барем до следниот викенд.

Фулам имаат многу лош рекорд со Јунајтед на дуелите на Олд Трафорд, немаат победи 47 години и немаат земено ниту бод на последните 6 натпревари на Олд Трафорд.Минатиот натпревар изиграа 0-0 со Сандерленд на гости и моментално се на 10тото место во Премиер лигата, Боби Замора е играчот на кој што треба најмногу да внимаваме, впрочем тој е и првиот стрелец на тимот со 8 гола.Нема да им играат Пентстил и Џонсон поради повреди на колената.Рој Хоџсон е еден од подобрите менаџери во лигата според мене, со одличната трансфер политика и тактичка поставеност на играчите, го направи тимот да се бори за место во Европа.Исто, од Боби Замора направи играч кој заслужува да игра за Англиската репрезентација според настапите сезонава.Истотака, Крис Смалинг, играчот којшто ќе ни се приклучи на крај на сезоната, нема право на настап денес.

Можни состави:
VDS

Rafael - Vidic - Rio - Evra

Valencia - Fletcher - Carrick - Nani

Rooney - Berbatov

V

Zamora - Okaka

Duff - Davies - Murphy - Gera

Shorey - Konchesky - Hangeland - Hughes

Schwarzer

Мој тип:
Како што кажав, секој натпревар мора да е победа до крај на сезоната ако сакаме да освоиме.
Јунајтед 2-0 Фулам.

сабота, 13 март 2010 г.

Конечно добри вести: Гигси се враќа, нема нови повреди

Конечно добри вести за тимот во врска со повредите, во изјавата на Сер Алекс сабајлево стеоеш дека од 14 играчи што играле против Милан немало повредени и дека Гигс ќе се врати за со Ливерпул следниот викенд.


"Рајан тренираше добро до сега, повредата брзо му зараснува.Следната недела ќе имаме нов,свеж играч.Со недели се обидувавме да определиме кои натпревари би требало тој да ги игра за да остане неповреден и да игра во најдобра форма до крајот на сезоната.Но, сега е одморен веќе месец дена, спремен и одморен за враќање" - изјави Сер Алекс.

Единствениот проблем е повредата на Ричи Де Лает во резервниот натпревар против Сити.Тој изигра 6 натпревари за првиот тим, и најверојатно ќе биде во аут неколку недели.За Харгривс информацијата е веќе напишана.

Сер Алекс изјави дека е пресреќен што конечно ги гледа Рио и Немања во првиот состав, а ќе го има и Мајкл Керик за со Фулам, кој имаше забрана за играње против Милан во ЛШ поради црвениот картон.


Посетители

Администратори