петок, 19 март 2010 г.

Најава:Јунајтед v Ливерпул

Премиер лига, 31во коло|Недела, 21 Март 2010|Почеток: 14:30h
Стадион: Old Trafford, Manchester



Повторно доаѓа "оној" дел од сезоната, наречен Squaky bum time од Сер Алекс.Само 8 натпревари до крајот на сезоната во Премиер лигат, за Јунајтед ова време е времето кога треба да се игра перфектно, да се доаѓа да победа на каков било начин, само да се донесат 3 бода дома.За Ливерпул, борба за 4тото место.

Кон тензијата којашто доаѓа со завршувањето на сезоната, доаѓа и дербито со Ливерпул.Aha the big one.Знаеме сите дека не ни оди баш добро со Ливерпул во последниве неколку натпревари, последен е оној на Енфилд каде Торес и Нгог не решија, Видич доби црвен и ние повторно изгубивме од Ливерпул, и тоа ни беше првиот изгубен натпревар.Но, кога ќе се потсетам не ми се верува дека тоа се случило сезонава, кога Ливерпул се бори за 4тото место и губи од просечни екипи.Многу работи се сменети од тој Октомври до овој Март.

Ок, да видиме како стоиме моментално.Нашата форма во последните 5 натпревари во сите конкуренции е перфектна, 5 победи во 5 натпревари, а во Премиер лигата ни е 3 победи,1 нерешена и 1 пораз, но сепак, формата во Премиер лигата не не покажува во вистинското светло.Го прегазивме Милан со 4-0, го освоивме Карлинг купот што уште повеќе го крена моралот и желбата кај играчите за победа и нови трофеи и сметам дека овие 2 работи дојдоа во најдоброто можно време за да ја добијат потребната мотивација.

За формацијата, можно е да излеземе со 4-4-2 пак но јас би сакал да видам 4-3-3 како со Милан, со Валенсија и Нани/Гигс по крилата и Парк,Флечер и Сколси во средината.

Тајното оружје?

Наречете не Rooney fanatics.Како да не бидеме фанатици кога моментално момчето е најдобриот играч на свет, перфектен во секој поглед гледано, без ниедна мана.25 гола САМО во Премиер лигата, 32 во сите натпреварувања во 38 натпревари, кој фан не би го фатило Rooney fever.Да не почнувам да набројувам за во последните натпревари, 2 против Милан, двата против Фулам, 1 против Вила, а да, и оние двата против Вест Хем...да не продолжувам.

Сепак, не велам дека ќе ги победиме Ливерпул само поради тоа што го имаме Руни во топ форма.Далеку од тоа - се е можно.Ливерпул е тим којшто не смее да се потцени, тим против кој секогаш е неизвесно без разлика дали сме ние во четврта, тие во втора лига или што било.Сепак, доколку Вејн повторно изигра феноменално и покаже што може, ќе го видат Ливерпул она најдоброто од Јунајтед, па ако не победат, им симињам капа.

За Ливерпул нема ништо посебно да се каже.Во Премиер лигата изиграа фантастичен натпревар против мизерните Портсмут со победа од 4-1 и нивната форма е составена од 2 пораза, 2 победи и 1 нерешена.Последниот натпревар им е со Лил, кадешто победија со 3-0 и ја нулираа негативата од 1-0 којашто Лил ја направи во Франција, па во следната фаза играат со Бенфика.Торсе даде 2 а Џерард 1 гол, а и тоа се и нивните 2 најопасни играчи.Секако дека ќе имаат посебна мотивација за овој натпревар, и ќе гледаат на секој можен начин да му ги замрсат сметките на Јунајтед, дали со одземање бодови,црвени картони или некоја повреда, сепак ова е најголемото дерби во Англија и доколку Јунајтед ја освои титулата, ќе имаат една титула повеќе од историските 18 на Ливерпул.Дури 7 изгубени и само 4 победени натпревари сезонава во Премиер лигата на гости за англискиот гигант.

Можни состави:
VDS

Rafael - Vidic - Rio - Evra

Valencia - Fletcher - Park - Scholes - Nani

Rooney

V

Torres

Babel - Gerrard - Kuyt

Aquilani - Mascherano

Insua - Agger - Carragher - G.Johnson

Reina

Мој тип:
Или ќе биде многу неизвесно и еден гол ќе ја реши утакмицата, или ќе биде отворен натпревар со гол постигнат во првите минути.Верувам во моите момци, мораме да го победиме овој натпервар и да продолжиме кон освојување на круната.А да, и Видич да проба да не добие црвен.
Јунајтед 3-1 Ливерпул

Не одам никаде - Видич

Немања Видич денеска изјави за Manchester Evening News дека сите шпекулации не се вистинити и дека дефинитивно нема да го напушти тимот по своја волја во летниот преоден рок.


Српскиот интернационалец беше мета на медиумите откако се повреди па и сеуште е поврзуван со шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид, кои според најавите се спремни да дадат 20 милиони фунти за да довлечкаат Србинот во Шпанија.

"Среќен сум во Манчестер, во добар однос сум со сите во тимот и освојувам трофеи.Зашто некој фудбалер воопшто би заминал доколку го има ова?" - изјави Видич.

И покрај овие изјави, Фергусон е можно да го продаде Вида доколку се земе фактот дека веќе потроши 10 милиони за младиот играч на Фулам, Крис Смолинг кој се придружува со тимот во Јули.Истотака, Јунајтед е поврзуван со талентираниот дански дефанзивец кој игра за Палермо, Симон Кјаер, кој е мета и на Арсенал,Јувентус и Ливерпул.

Сепак, 28 годишниот Србин се враќа во формата којашто ја имаше пред да се повреди и конечно тимот игра со комплетна одбрана.Откако даде 7 милиони во 2006 Видич стануваше се подобар и подобар и стана стандарден играч во задната 4ка на Јунајтед.

Оваа изјава на Видич немора да значи ништо доколку Ферги се одлучи да го продаде, со оглед на подемот на Еванс и новиот играч Смолинг, заедно со финансиската криза создадена од Глејзери.

Ферги:Спремни сме за Ливерпул

Овој период минатата сезона, Ливерпул беа во слична борба за титулата со Јунајтед како што е сега Челзи, и тие играа фантастично докрајот на сезоната,дури и не победија 4-1 на Олд Трафорд, но пак завршија втори.Ферги ветува дека тоа нема никогаш веќе да се повтори.


Серијата од 3 натпревари по ред без победа против Ливерпул треба да биде доволен знак за Фергусон дека не смее да се потцени противникот.Тој самиот изјавува дека не очекувал Ливерпул да се наоѓа на таа позиција сезонава, без никаква шанса за титула.

"Мислам дека сите очекуваа Ливерпул да бидат подобри сезонава, но тоа не се случи и сега заедно со уште некои други тимови се борат за 4то место.Тоа место си е како посебна лига, кадешто тимот којшто е на 4тото место е шампионот, Евертон,Тотенхем,Астон Вила,Сити и сега Ливерпул."

"Натпреварот на Олд Трафорд минатата сезона беше целосна утка.Нема веќе никогаш да се случи, ви ветувам.Беше моја голема грешка во тактичката поставеност и слабата концентрација на играчите, но веќе одамна го надминавме тоа.Ни се подобри формата последниве неколку недели и ни се враќаат некои играчи, така да сметам дека имаме големи шанси за победа во недела и таа многу би значела." - изјави Ферги за manutd.com

Фергусон задоволен од ждрепката

Сер Алекс изјавува дека е спремен повторно да оди очи во очи против Германскиот гигант, потсетувајќи се на '99 и последниот натпревар во Ауди купот сезонава.



Манчестер Јунајтед во ждрепката за 1/4 финале се паднаа со Баерн Минхен, тим кој сигурно е многу познат на Фергусон а и тој им е многу познат на Баварците, заедно со Оле Солскјаер.

Последниот официјален натпревар е од 2001 година кога Баерн го победи Јунатјед во 1/8 финалето поради голот на гости на Олд трафорд.Како и да е, најзапамтениот и познат момент за двете страни е драматичното финале до 1999 кога Јунатјед во судиското надополнување успеа да го сврти натпреварот од 0-1 во 2-1 и со тоа ја дигна европската круна.

"Историјата во натпреварите со Баерн во Лигата на Шампионите покажува дека ќе биде многу тешко.Ќе има фантастична атмосфера, имаат прекрасен стадион и фанови, и феноменални играчи во тимот.Се надевам дека ќе го имам целиот состав на располагање во двата натпревари, бидејќи до сега повредите не уништија." - изјави Сер Алекс.

Триото Рафаел,Гигс и Еванс фит за Ливерпул

Сер Алекс Фергусон ќе може да смета на услугите на Рафаел,Гигс и Џони Еванс за престојниот дуел со Ливерпул во Премиер лигата, потврди самиот тој на неговата прес конференција денес.


"Сега сме во многу подобра позиција со повредите отколку минатата недела.Рафа,Рајан и Џони се вратија на тренинзите и се фит за во недела.Исто, многу ми е мило што конечно се врати Овен(Харгривс) за резервите вчера.Ова му значи многу на него, бидејќи немаше играно фудбал скоро 2 години и ссите сме пресреќни што се враќа."

"Мислам дека сеуште му треба време да се адаптира на активен фудбал, и ќе игра уште неколку натпревари за резервите, па од следната сезона ќе игра повторно за првиот тим.Вакво нешто му се случи и на Гери Невил и мора да се оди чекор по чекор, не смееме да дозволиме да се компликува повредата." - изјави Фергусон.

1/4 финале со Баерн, 1/2 со Лион или Бордо

Денеска во Лион,во 12 часот беше оддржана ждрепката за двојките 1/4 финалето и 1/2 финалето од Лигата на Шампионите, ние се паднавме со Баерн во 1/4 финале и со победникот од натпреварот помеѓу во 1/2 финалето меѓу Бордо и Лион.



Противникот со кој игравме во финалето во 1999 на Ноу Камп повторно ќе го видиме на Олд Трафорд.Гермнаскиот гигант е моментално една од најдобрите екипи во светот и ќе сигурно нема да биде лесно да се помине овој тим, со оглед на ѕвездите од ранкот на Робен,Рибери,Гомез,Олич и Лам.Истотака, со Баерн игравме и во Ауди Купот кадешто не победија во финалето на пенали.

Натпреварите од 1/4 финалето ќе се играат на 30 или 31 Март,вториот натпревар на 6 или 7 Април,а 1/2 финалето на 20 или 21 Април, додека вториот натпревар на 27 или 28 истиот месец.

Посетители

Администратори