вторник, 6 април 2010 г.

Најава:Јунајтед v Баерн

Лига на Шампиони, 1/4 финале, 2 рунда|Среда, 7 Април 2010|Почеток: 20:45h
Стадион: Old Trafford, Manchester




Red Devils


Не баш најдоброто време за гостување на Баерн во Манчестер.2 натпревари, 2 големи тимови, 2 порази.Минатиот натпревар заврши со 2-1 за нив во Минхен, со гол во последната минута, но како што би рекле повеќето реални фанови на Јунајтед,заслужена победа на Баерн.Истото може да се каже и за натпреварот со Челзи викендов, иако многу поконтроверзен од овој со Баерн, 2 недосудени пенали за нас, еден за нив, гол од офсајд на Дрогба и гол со рака на Македа.За да биде уште полошо, Руни ни е повреден.Дефинитивно многу, многу лоша недела за фановите на Јунајтед, но треба да се земат и неколку работи во обѕир за овој натпревар.
1.Имаме гол во гости.Дали е можно да не дадат гол на ОТ?Повеќе од можно, но многумина според моменталната форма на двата тима сметаат дека е неизбежно.Како и да е, ние мораме да постигнеме гол за да победиме,макар и со 1-0.Да, 1-0 за нас е резултат кој не носи понатаму.Не изгледа толку далеку полуфиналето сега така?Како и да е, какошто кажа Сер Алекс, Јунајтед никогаш не ги прават работите на лесниот начин.
2.Wake up call, the United style.Последните 2 натпревари ја немавме онаа победничка игра и менталитет, ја немавме желбата да освоиме бодови или трофеј.Неможеме да очекуваме победи против толку добри противници ако не дадеме 100% и играме најдобро.Ова е многу лошо, игравме против Челзи како да сме 10 бода пред нив.Јас се надевам дека поразите од Баерн и Челзи ќе бидат wake up call за играчите дека треба да се стегнат и да покажат кој е вистинскиот Јунајтед, дека не сме 1-man team и дека можеме и без Роналдо,Тевез и Руни пак да победуваме.
3.Ова е исто многу важно, враќањето на некои многу важни играчи на Баерн.Најголемиот проблем - Арјен Робен, сеуште е неизвесен за натпреварот и нема да се знае ништо до тренингот пред натпреварот утре, но ако мене ме прашувате Робен ќе игра 99%.Исто, тука е Ван Бајтен кој се повреди на натпреварот со Шалке и не се знае истотака дали ќе игра.Им се враќа Швајнштајгер, кој беше суспендиран поради црвениот картон со Фиорентина.Ќе бидат многу поопасни по крилата и не сум сигурен дали Рафаел и Гери Невил би можеле да ги сочуваат 90 минути и Рибери и Робен.

За составот, има 2 многу важни работи.Првата е дека САФ мора да го игра Нани прва постава а втората е дека Парк не смее да игра во први 11 до крај на сезона инаку ќе продолжиме со мизеријата.Нема против да игра заедно со Валенсија кога Руни е напред, но сега со Бербатов не смее никако да игра.Средината ќе биде многу важна, Флечер и Керик би требало да бидат тука, Валенсија и Нани по крилата и најверојатно Гигс како полушпиц па Бербатов пак сам како напаѓач.Мое мислење е дека Македа би требало да стартува покрај Бербатов дека видовме и самите како Берба се снаоѓа сам во напад и колку оживеа нападот по влегувањето на Македа, едноставно топката се лепи за детево, во вистинско место и време се појавува на големи натпревари.

Како и да е, се надевам дека ќе изиграме дрско и ќе покажеме дека Олд Трафорд е тврдина и нема што да бара тука, кој било тим на светот.Стигнавме до тука, нема откажување, идеме до крај.Come on UNITED!


Die Bayern



9 години се многу години за тим како Баерн да нема почуствувано како е да се освои Лига на Шампиони.Всушност, тоа е и последниот пат кога Баерн дошол до 1/2 финалето.Уште поголема коенциденција е тоашто тогаш Баерн стигна до 1/2 финалето откако го елиминарше Манчестер во 1/4 финалето со натпревар против Шалке меѓу 2та натпревари.

Во Бундес лигата против Шалке, Ван Гал извади неочекувани стартни 11 со што одмараше некои играчи коишто беа вратени скоро од повреди.Алтинтоп и Контенто играа,Швајнштајгер се врати, Олич и Милер во шпицот, Демикелис и Гомез не играа за да биде целосно спремни за овој натпревар а Робен не беше воопшто повикан.Иако го изгубија Ван Бајтен на почетокот на натпреварот поради повреда на главата, Баерн победија со 1-2 и тоа без Алтинтоп од 41та минута којшто доби црвен картон.

Ван Гал обично користи 4-2-2-2 систем кадешто некој од напаѓачите добива слободна улога да се движи на која било позиција а другиот е оној кон којшто се упатени сите топки.

Повторно нема да има промени во нашата одбрана којашто сеуште ни е најслаба алка.Бут,Лам,Демикелис,Ван Бајтен и Бадштубер би требало повторно да започнат.Доколку пак Ван Бајтен не биде спремен тогаш Бадштубер најверојатно ќе добие централна улога и Прањич или Контенто би играле како лев бек.Се молам дека ќе прават помалце грешки од натпревар во натпревар, Ван Бајтен е преспор, Демикелис зависи од расположение игра, Бадштубер беше уништен од Чамак а заедно со Контенто немаат никакво искуство.Баерн никогаш немале некоја првокласна одбрана но имале добар тимски дух и енергија со што знаеле да се затворат кога им требал резултат.

Швајни се враќа со што многу му се олеснува задачата на Ван Бомел.Очекувам на крилата да бидат Робен и Рибери, иако првиот сеуште е неизвесен и нема никакви новости за него иако отпатува со тимот.Милер или Алтинтоп би играле на негово место доколку не игра, Тимошчук и Прањич на клупа.

Многу е полесна работата за Ван Гал во нападот.Сите се фит, Гомез се очекува дека ќе почне и се виде колку проблеми му создаде на Манчестер за малото време дадено од тренерот во Минхен.Можно е да го видиме Милер напред заедно со него, па сите топки да идат кон Гомез а повеќе слобода да има Милер.

Мора да го зголемиме нивото на концентрација за овој натпревар.Ова е Лигата на Шампионите, се е можно, имаме водство, мораме да го искористиме.Не смееме да правиме глупави грешки како во Бундес лигата бидејќи Јунајтед ќе казни.

Можни состави:
VDS

Rafael - Rio - Vidic - Evra

Valencia - Fletcher - Carrick - Nani

Giggs

Berbatov

V

Muller - Gomez

Robben - Van Bommel - Schweinsteiger - Ribery

Badstuber - Demichelis - Van Buyten - Lahm

Butt

Нема да ризикуваме со Руни - САФ

Сер Алекс изјави на пресот денес дека нема да ризикува со Вејн Руни против Баерн утре вечер, иако потврдува дека има напредок во неговата ситуација и можно е да биде резерва во натпреварот со Блекбурн.


Руни си го повреди зглобот на ногата минатата недела во поразот од Баерн во Минхен од 2-1 и според изјавата на Фергусон во петокот тој ќе биде аут од 2 до 3 недели.Имаше многу шпекулации дека Руни посетувал посебни третмани и дека би можел да направи сензационален камбек и да игра против Баерн, но Сер Алекс ги отфрли тие шпекулации на прес конференцијата денес.

Кај Руни има огромен напредок и Сер Алекс го пофали одличниот медицински персонал, но вели дека не би сакал да ризикува со Вејн уште сега.Најбрзо што фановите би можеле да го видат би било како резерва во натпреварот со Блекбурн во недела.

Кога беше прашан дали има шанса Руни да игра утре тој одговори:

"Не.Но, досега има добар напредок, најмногу благодарение на медицинскиот тим кој си ја врши работата перфектно и најдобро што можат.Не сме спремни да ризикуваме со Руни бидејќи не е 100% фит.Би можел да биде фит со Блекбурн, а сигурно за градското дерби со Сити.Има напредок но, сепак, тоа е повреда на зглобот, ништо различно од било која друга повреда на зглобот."

Кога пак, беше прашан дали би можел да седи барем на клупа тој одговори:

"Многу тешко, не верувам.Можеби ќе успее да ме наговори но најверојатно нема да успее." - изјави Фергусон.

Тимот којшто тренираше:

Training squad: van der Sar, Kuszczak, Neville, Rafael, Ferdinand, Vidic, Evans, Evra, De Laet, Valencia, Park, Fletcher, Carrick, Scholes, Gibson, O'Shea, Giggs, Nani, Obertan, Berbatov, Macheda.

Диуф не тренирал поради повреда, за Харгривс уште не се знае причината.

недела, 4 април 2010 г.

Рио:"Сакам да бидам запамтен како легенда"

Рио Фердинанд се изјавува дека сака да ја заврши својата кариера во Јунајтед и да биде запамтен како легенда на Олд Трафорд.


Столбот на одбраната во Јунајтед, Рио Фердинанд ќе ја заврши својата осма сезона во црвениот дрес, откако пристигна од Лидс за рекордни 29 милиони фунти во 2002 година.Откако пристигна, тој освои 4 Премиер лигашки титули, 1 ЛШ титула и 2 од Карлинг купот.Фердинанд изјави дека се надева на многу повеќе успеси и признава дека сон му е да биде запамтен како легенда од фановите.

"Сакам да ја завршам кариерата во Јунајтед.Би било фантастично да се оствари нешто што Гери,Рајан Гигс и Пол Сколс го направиле, целата своја кариера ја поминаа во еден тим.Завршувањето на мојата кариера во Јунајтед би било остварување на мојот сон.Уште кога пристигнав за прв пат тука знаев дека местово е специјално и дека многу ќе ми биде важно во иднина" - изјави Рио за Inside United.

петок, 2 април 2010 г.

Најава:Јунајтед v Челзи

Премиер лига, 33 коло|Сабота, 3 Април 2010|Почеток: 13:45h
Стадион: Old Trafford, Manchester


Конечно, натпреварот којшто со исчекување го чекаме сите цела сезона дојде.Најважниот,најинтересниот,натпреварот помеѓу најдобрите екипи и уште колку многу суперлативи го објаснуваат овој натпревар.Едноставно, натпреварот на сезоната во Премиер лигата - Манчестер Јунајтед против Челзи.


Вака гласи моменталната ситуација на табелата, Челзи со истата улога којашто Јунајтед ја имаше подолго време, 1 бод позади првопласираниот.Двата тима не се во некоја извонредна форма, Јунајтед погоден од повредата на Руни во поразот од 2-1 во Лигата на шампионите од Баерн Минхен значи дека ќе го нема својот најдобар играч во дербито, но сепак во Премиер лигата во последните 6 натпревари има само 1 пораз и 5 победи, и 6/6 дома, а Челзи пак, во последните 6 натпревари имаат 1 пораз,1 реми и 4 победи, но на гости имаат 2 нерешни и 1 пораз од 6 натпревари.Тоа вели статистиката.



"9-те дена коишто ја одлучуваат сезоната".Така Гери Невил ги објасни трите натпревари коишто следеа по минатото коло, односно двата со Баерн Минхен и овој со Челзи.И во право е, сезоната ни зависи од овие натпревари.Започна многу лошо, изгубивме од Баерн во првиот натпревар на Алијанц и за 1 минута го изгубивме натпреварот и уште полошо, најдобриот играч Вејн Руни.Фергусон сабајлево потврди дека ќе биде отстутен 2-3 недели, значи дефинитивно ги пропушта овие важни натпревари.Сега е време Јунајтед да го покаже карактерот и Фергусон да извади победнички состав на Олд Трафорд.

Почна да се зборува како Јунајтед ќе го изгуби овој натпревар и следниот со Баерн бидејќи ни фали Вејн.Потценувањето е најлошото нешто што може да се случи кога се збори за Јунајтед, поготово со стар лисец како САФ на клупата.Ослабени сме, точно е, но не зависиме од 1 играч, тоа го покажавме откако си замина Роналдо, а и сезонава, од 11 натпревари без Вејн, сме победиле на 10 а другиот завршил нерешено.Сега, сите очи свртени кон Бербатов, човекот кој (најверојатно) ќе треба да го замени Руни во улогата осамен напаѓач.Но, според мене Бербатов не е главниот играч од кој што треба да се пазат Челзи.Средината беше кривецот што Руни воопшто даде најмалку пола од тие 34 гола до сега, според мене, па дали Бербатов или Руни ќе го даде голот мене ми е исто, само да биде гол.Средината ќе биде најважна, заедно со крилата, Валенсија и Нани/Парк/Гигс ќе бидат пресудни, доколку се запрени Јунајтед ќе мораат по средината, тука го имаме Флечер и Сколс, а можеби и Керик.Одбраната ни е конечна целосна, сега ќе треба да се борат Дрогба и Анелка против Видич и Рио, а не Еванс,Браун или Керик.

Мој тип:
Јунајтед 2 - 1 Челзи

BELIEVE



Челзи 6-7 месеци беше на прво место на табелата и имаше шанса да се одалечи од конкурентите доколку се земат киксовите на Јунајтед и Арсенал, коишто Челзи за жал не ги искористија и сега се случи тоа што се плашеа сите, Ѓаволите не стигнаа и не поминаа.Но, кризниот период мислам дека помина, за 2 кола дадовме 12 гола а примивме само 1, и тоа со 7-1 против Астон Вила којашто е конкурент за место во ЛШ, без Дидиер.Олд Трафорд е еден од најтешките стадиони да се игра натпревар, и последниве 3-4 сезони не ни оди баш добро.Сметам дека тоа е поради што премногу се браниме, додека беше Мурињо напаѓавме и затоа ги победувавме и освојувавме титули, тоа е едно од многуте важни работи за во сабота.

Имаме многу повредени играчи, но добро се приспособуваме до сега според мене без Есиен,Ешли Кол,Босингва,Карваљо...Сепак, да беа тие тука сигурно ќе беше многу различно, сега ќе мора да излегуваме со одбрана составена од Фереира и Жирков, ќе ни фалат и Бане и Ешли и Босингва.Дрогба дефинитивно е фит и е голем плус за нас, иако покажавме минатото коло дека не сме one man team.

Се надевам дека ќе почнеме напаѓачки, ќе ја имаме иницијативата, ќе ги притиснеме на нивна половина и нема да им дозволиме на крилните играчи премногу простор.
Мој тип:
Манчестер 1 - 2 Челзи.

KTBFFH!


Можни состави:
VDS

Neville - Rio - Vidic - Evra

Valencia - Fletcher - Scholes - Nani

Giggs

Berbatov

V

Drogba - Anelka

Lampard

Malouda - Deco

Mikel

Zhirkov - Terry - Alex - Ferriera

Cech

Официјално: Вејн Руни аут од 2 до 3 недели

Сер Алекс Фергусон потврди - Руни во аут од 2- 3 недели.



Моментално се оддржува прес конфернецијата на Сер Алекс, и самошто потврди дека Руни ќе биде аут од 2-3 недели.Никој друг нема повреден, Харгривс и О Шеј почнаа да тренираат со првиот тим е можно е да бидат на клупа за со Челзи.

Вејн Руни дефинтиивно ќе ги пропушти натпреварите со Челзи(h),Баерн(h),Блекбурн(а) и е можно, доколку е отсутен 3 недели да го пропушти и Сити (a).

четврток, 1 април 2010 г.

Нов договор за Фабио

Бразилецот Фабио да Силва го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до јуни 2014 година.



Бекот кој за Јунајтед сезонава настапи 14 пати, според Фергусон е надежен фудбалер со светла иднина пред него. „Фабио се прилагоди во Јунајтед многу добро. Брз е, добро ја чита играта за фудбалер на негови години и секогаш сака да напаѓа. Имаше проблеми со повредите, но ќе биде фудбалер од важност за Јунајтед во годините што следат.“, изјави Сер Алекс Фергусон.

Фабио изјави: „Да се биде дел од Манчестер Јунајтед е сонот на секој фудбалер. Јас сум среќен и горд што изјавувам дека ја посветувам мојата иднина на овој клуб. Научив многу од класата фудбалери со кои тренирам и се надевам во деновите што следат ќе допринесувам за уште повеќе трофеи за овој тим.“

Посетители

Администратори