петок, 9 април 2010 г.

Манчестер Јунајтед си го најдоа новиот Солскер

Манчестер Јунајтед во Хавиер Ернандез сигурно ќе добијат играч од типот на Оле Гунар Солскер, изјавува поранешниот напаѓач на Евертон и на Манчестер Сити, Адриан Хит, кој бурно ја следи мексиканската лига.



„Хавиер е познат како Кикарито, но не треба на него да гледате како на мал поради неговата игра. Тој има одлично движење низ теренот, добро се снаоѓа во воздушните дуели и скоро секогаш е успешен во дриблинзите со противничките бекови и стопери. Едноставно, кога го гледате како игра, имате чувство дека во секој момент ќе погоди, исто како кога го гледавте Оле.“, изјави Хит.

Хит, исто така додаде: „Кикарито требаше да игра уште одамна за репрезентацијата, но не беше повикан поради тоа што беше многу млад, но се појави и ги демантираше сите со 4 гола во 4 настапи. Нема да му биде проблем да игра на Олд Трафорд со таква атмосфера, бидејќи е навикнат на атмосферата на навивачите на Чивас, бидејќи во Мексико фудбалот е многу популарен спорт.“


Фергусон планира нови засилувања

Главниот извршител на Манчестер Јунајтед, Дејвид Гил, денес посочи дека е можно ова да биде многу интересно лето и дека би можело да има нови засилувања.



Сабајлево имаше шпекулации дека Давид Виља бил понуден на Јунајтед за сума од 40 милиони фунти, но Сер Алекс морал да ја одбие поради финанските проблеми создадени од газдите на клубот, фамилијата Глејзери.Како и да е, Soccernet дознава дека Фергусон ја одбил понудата поради тоа што тој смета дека за негови години (28), Давид Виља е преценет.

Истотака се дознава дека Фергусон летово ќе бара нов напаѓач во тимот и нов голман.Вчера веќе беше донесен еден млад напаѓач од Мексико, Хавиер Хернандез и веќе одамна е осигуран потписот на Крис Смолинг од Фулам.

"Сеуште ги кроиме плановите за следната сезона.Веќе го купивме Крис Смолинг од Фулам и едвај чекаме да пристигне во Јули.За понатаму ќе видиме, можно е да биде интересен трансфер период" - изјави Гил за MUTV.

Последните шпекулации ги носат Бензема,Виља и Џејмс Милнер на Олд Трафорд, а Бербатов,Андерсон и Керик аут од тимот.

четврток, 8 април 2010 г.

Интервју со новото засилување - Ел Чичарито

Во ексклузивно интервју за MUTV, новото засилување Хавиер Хернандез, познат под надимакот Чичарито ко објаснува својот трансфер на Олд Трафорд како "остварување на сонот".


За почеток, Хавиер какво е чувството да потпишеш за Јунајтед?
Се ми е како сон, се чувствувам многу среќен.Навистина уживав во неделава помината во Манчестер - стадионот,атмосферата во клубот и историјата се неверојатни и сакам да доживеам големи успеси тука.

Присуствуваше на натпреварот со Баерн - какво беше чувството на Олд Трафорд?
Чувствува многу работи и, како што реков, го остварив својот сон.Атмосферата беше фантастична поготово фановите кои сите заедно пееја.Беше фантастично да се види.

Каков играч си ти?
Сакам само да уживам во тоа што го правам.Сакам да победувам секој ден и се надевам дека ќе можам да направам големи работи тука.

Се запознавте веќе со Сер Алекс - какви ти се првичните имперсии од новиот менаџер?
Тој е одлична личност и најверојатно најдобриот тренер на сите времиња.Сите импресии од тимот и градот се неверојатни.

Твоето семејство сигурно е многу возбудено за твојот трансфер во Манчестер...
Да, секако.Моето семејство се моите најголеми фанови и секогаш биле со мене, и во добро и во лошо, во секоја одлука ме поддржувале и сега се пресреќни.

Јунајтед во Јули годинава ќе играат во Мексико - каков пречек да очекуваме?
Најдобра можна.Во мојата земја Манчестер Јунајтед има најголем број фанови и се смета за најголемиот тим и пречекот ќе биде неверојатен, можам да ве осигурам.



Јунајтед го купија напаѓачот Хавиер Хернандез

Потврдено од официјалната страна, Јунајтед го купија 21 годишниот напаѓач на Чивас и Мексиканскиот репрезентативец Хавиер Хернандез.


Манчестер Јунајтед самошто потврди дека го купија напаѓачот на Чивас де Гуадалхара, Хавиер Хернандез за сеуште непозната цена.21 годишниот напаѓач има импресивен рекорд на голови во мексиканската лига и има одиграно неколку натпревари за репрезентацијата.

Тој веќе ги помина лекарските прегледи во Манчестер и уште се чека за работната дозвола за да биде комплетиран трансферот.Истотака, како резултат на ова, Манчестер ќе одигра натпревар на новиот стадион на Чивас против истоимената екипа.

"Презадоволен сум што успеавме да се договорима со Чивас за да го донесеме овој млад и многу перспективен напаѓач во нашите редови.Ќе биде од огромна помош во тимот и со нетрпение го очекуваме првиот мексиканец на Олд Трафорд летово.Исто, одушевени сме што ќе бидеме првиот тим што ќе игра на нивниот нов стадион." - изјави Фергусон.

Инаку досега Хернандез има постигнато 11 голови во Мексиканската прва лига со што е на 3то место и вкупно 21 гол од 28 натпревари.

Руни со повторно, но не толку сериозна, повреда на зглобот

Сер Алекс изјавува дека ризикувал што го играл Руни но посебно ги критикува одбрабените играчи, особено Ван Бајтен, коишто намерно го удирале по повредената нога што резултираше со повторна повреда.За среќа, овојпат не е толку сериозно.



"Имаше тренинг сесија вчера и направи се што побаравме од него.Медицинскиот тим сметаше дека ќе нема опасност, освен што би можел да осети болка во второто полувреме и јас го прифатив ризикот и го играв уште од прва минута."

"Повторно немаше среќа и си го повреди истиот зглоб.Имаше неколку фаули врз него коишто судијата не ги досуди а беа со намера, точно на повредениот зглоб.Судијата е тука за да ги штити играчите а тој во овој случај не ги штитеше, барем моите играчи.Сепак, мислам дека повредата не е сериозна, ткивото и крвните садови во ногата се проблемот.Ќе му дадеме потребен третман од утре и мислам дека ќе го пропушти натпреварот во недела, но ќе биде спремен за со Сити" - изјави Ферги.

вторник, 6 април 2010 г.

Фергусон:Нема да давам енормни цени за играчи

Сер Алекс Фергусон изјави денес дека не планира да прави огромни промени во тимот на лето и дека е среќен со екипата којашто ја има моментално.


Сер Алекс вели дека нема троши многу иако го продаде Роналдо за 80 милиони фунти минатото лето.Се ова се повеќе доведува до шпекулации дека Глејзери го притискаат Фергусон да не троши многу пари летово поради големите долгови коишто ги има Јунајтед, околу 800 милиони фунти.Фергусон ги обнови договорите на близнаците Да Силва и Нани, а Дејвид Гил и други членови во Јунајтед тврдат дека Фергусон ги има на располагање сите пари коишто му се потребни.

"Не е потребен целосен ремонт во тимот.Имаме многу добар состав способен за освојувње трофеи, и само фалат да се пополнат некои дупки и тоа е тоа.Гледам огромен потенцијал во овој тим и не треба да се оценува од една сезона дека тимот не е добар, треба време за да се вклопат заедно и да се пополнат некои дупки - коишто нормално не кажувам кои се."

"Имам неколку идеи моментално, но нема да има многу нови играчи.Како и да е, цените во трансфер маркетот многу се кренаа и станаа многу нереални последнава година" - изјави Фергусон за InsideUnited.

Посетители

Администратори