петок, 16 април 2010 г.

Нов договор за Пол Сколс

Манчестер Јунајтед ја има честа да соопшти дека е потпишан нов едногодишен договор со Пол Сколс.




Во врска со потпишувањето, Сер Алекс изјави: „Пресреќни сме што Пол се одлучи да потпише уште еден договор со нас. Неговата форма оваа година ја рефлектира неговата способност да одигра уште една сезона на ниво. Имаше информации дека сака да се повлече, но кога ќе го видите како ужива додека тренира и игра гледате колку многу сака да продолжи да игра фудбал.“

На сето ова, Пол Сколс додаде: „Среќен сум што потпишав уште еден договор. Се чувствувам одлично и уживам во играта. Сакам да му заблагодарам на САФ, тренерската постава и на фановите за нивната безрезервна поддршка.“

Се чека на триото

Состојбата на тројцата клучни играчи Вејн Руни, Рио Фердинанд и Рајан Гигс се надгледува постојано и Фергусон смета дека сите тројца ќе настапат на дербито на Истлендс.


Вејн Руни последните неколку дена се однесувал одлично на тренинг но Сер Алекс сака да биде уверен дека тој е 100% фит за натпреварот. „Проблемот е што сите тројца сакаат да играат. Но мораме да бидеме уверени дека Вејн е сигурно спремен. Истово се однесува и за Рајан и Рио иако тие работеа помалку на тренинзите од Вејн. Незгодно е да се здобијат повреди сега, но барем одработија плус тренинзи. Овен Харгривс исто така ќе биде во план за мечот, но се` уште ништо не се знае.“, изјави Фергусон на денешната прес конференција.


четврток, 15 април 2010 г.

Јунајтед нуди 15 милиони фунти за Хуго Лорис

Сер Алекс Фергусон продолжува со потрагата по замена за ветеранот Ван Дер Сар, и медиумите сметаат дека овојпат на метата е првиот голман на Франција и Лион, Хуго Лорис.


Фергусон ќе биде присутен на натпреварот помеѓу Лион и Бордо следниов викенд, кадешто ќе може да го види младиот французин во акција.Досега многупати се има докажано дека е огромен талент и дека е одличен голман, со тоа го придружува и фактот дека е прв избор на француската репрезентација која ќе настапи на Светското првенство летово.

Јунајтед уште одамна се заинтересирани за Лорис и се смета дека Фергусон побарал совет за замена на ВДС од тренерот на голманите Ерик Стил и тој му го посочил токму Лорис.Се верува дека Јунајтед ќе направат понуда од 15 милиони фунти за французинот кон неговиот тим Лион пред почетокот на Светското првенство.

Ширење на кампањата

Во последно време низ Манчестер почнаа да излегуваат разноразни билборди и плакати во зелено-жолта боја кои се дизајнирани бесплатно од фан на Манчестер Јунајтед.


„Тоа што сакаме да го постигнеме е да собереме колку што можеме повеќе идеи и да извршиме притисок врз Глејзери за продавање на клубот. Мислам дека со тоа тие ќе бидат изненадени кога ќе видат колку им значи клубот на фановите и дека сево ова не е шала. Моментално нашата кампања има 151.000 следбеници, но Јунајтед има околу 330.000.000 фанови во светот и оваа кампања има потенцијал да се зголеми.“, изјави Џастин Кернис, креаторот на билбордите.

Оваа вест дојде во истата недела кога Црвените витези дошле до финансиски план како да го откупат клубот на крајот од сезонава и фановите се надеваат дека продавањето на клубот ќе се случи што побрзо.

Евра:Рафаел ќе стане легенда на Олд Трафорд

Патрис Евра му даде поддржка на младиот бразилски бек, Рафаел да Силва, изјавувајќи дека има потенцијал да биде еден од најдобрите бекови коишто Јунајтед ги имал, доколку продолжи вака и дека црвениот картон ќе му биде само од добро.




"Црвениот картон на толку важен натпревар и конечниот исход од истиот натпревар, ќе му помогнат многу на Рафаел за да стане голем играч.Кога ќе се здобие со искуство ќе стане различна класа.Му го знам менталитетот, многу е сличен на мене.Има многу желба за истакнување и е гладен за успеси.Ова беше само еден дел од неговото развивање, сигурен сум дека еден ќе стане еден од најдобрите бекови на Јунајтед, и легенда на Олд Трафорд" - изјави Патрис.

недела, 11 април 2010 г.

Најава:Блекбурн v Јунајтед

Премиер лига, 34 коло|Недела, 11 Април 2010|Почеток: 14:30h
Стадион: Ewood Park, Blackburn


По разочарувачкиот пораз од Баерн се враќа на работа во Премиер лигата, во трка по 4та последоватолна титула.Не смееме да тагуваме многу за тој пораз дека може да не кошта уште една титула, бидејќи од сега па до крај секој натпревар е must win.Многу потешко и поопасно излгедаат натпреварите со Сити и Тотенхем, но ни Блекбурн не се за потценување, поготово откога ремизираа со Челзи на истиов стадион.Со победа, би се искачиле на првото место и повторно притисокот ќе биде на Челзи, коишто не играат викендов поради полуфиналето од ФА Купот.

Формата ни е WWWWL со пораз од Челзи минатото коло.Исто, Ферги изјави дека дефинитивно нема да игра Вејн Руни бидејќи на натпреварот со Баерн ја обновил повредата на истиот зглоб и ќе се врати следната недела со Сити.И јас би го направил истото, мораме да го чуваме Руни за натпреварот со Сити кој ни е најважен и тежок во овие последни 5.Најверојатно повторно ќе мора да го гледаме Бербатов во прв состав, иако јас би преферирал било кој друг на тоа место освен него.Но, ако Нани и Валенсија играат како со Баерн, тогаш би можело пак да започнеме со 4-4-3, со средина од Флечер,Гибсон и Сколс.

Блекбурн се истотака во солидна форма, имаат неколку добри резултати во последните натпревари и формата им е LDWWD и дефинитивно најзабележително е ремито со Челзи и победата во дербито со Барнли.Гостинската форма не им е добра, но дома тие се едни од најтешките тимови за да се игра против.Минатиот натпревар со Портсмут започнаа со Робертс во нападот, и сега е можно да почнат Калинич или Ди Санто на негово место, другите би требало да останат исти.

Можни Состави:
Robinson

Salgado - Jones - Givet - Olsson

Diouf - Samba - Dunn - N'Zonzi - Pedersen

Roberts

V

Nani - Berbatov - Valencia

Scholes - Fletcher - Gibson

Evra - Vidic - Rio - Neville

VDS

Мој тип
Доаѓа крајот на сезоната, нервозен сум пред секој натпревар бидејќи мораме да ги победиме сите доколку сакаме да имаме шанса да освоиме лигата.Очекувам да се дигне формата и сите играчи на повисоко ниво и ќе речам дека ќе имаме многу тешко издвоена победа.
Блекбурн 0 - 2 Јунајтед

Посетители

Администратори