четврток, 22 април 2010 г.

Флечер:Притискот е врз Челзи

Дарен Флечер се надева дека Челзи ќе потпаднат под притисокот, со што би му дозволиле на Јунајтед да дојде до 19тата шампионска титула во Премиер лигата.


Манчестер Јунајтед моментално се наоѓаат 1 бод позади Челзи и иако изгледаше дека трката за титулата е готова, Црвените ѓаволи се вратија за повторно да го гонат Челзи за шампионското место.Челзи беа сметани за фаворити уште на почетокот на сезоната, а и сеуште се, но Дарен Флечер смета дека Јунајтед можат да ја освојат титулата и дека се спремни да ја искористат секоја грешка на Челзи.

"Притисокот е на Челзи, бидејќи тие се тимот којшто води во лигата.Ние мораме да си го обработиме нашето до крај и да се надеваме на кикс на Челзи.Сметам дека во еден момент сметаа дека се е готово и дека се опуштија, иако таа позиција воопшто не беше поволна за нив и можеа во текот на сезоната да направат веќе да е завршена трката за титулата.Сега се може да се случи до крај, дефинитивно ќе се бориме до последната секунда за титулата."

"Никогаш не сметавме дека сме надвор од трката, се додека има натпревари за играње не се знае.Најразочарувачки беше ремито со Блекбурн на Ивуд Парк, титулата изгледаше многу нереално од таа позиција, но минатото коло покажа како за само 1 викенд можат драстично да се сменат работите.Мораме да се концентрираме само на нас и да победуваме во останатите натпревари.Ако не победиме, сите знаеме што ќе се случи"

среда, 21 април 2010 г.

Јунајтед поврзуван со Вучкич, тој поласкан од интересот

Јунајтед покажува интерес за играчот од средниот ред на Њукасл, Харис Вучкич.17 годишниот изјавува дека е поласкан од интересот од тим како Јунајтед.


17 годишниот словенец кој се смета за огромен талент во идниот премиерлигаш Њукасл, по најавите во весниците дека е Сер Алекс бил многу заинтересиран за него, изјавува дека е поласкан од интересот од тим како Манчестер Јунајтед.

Тој уште пред да дојде во Њукасл, беше на мета на Сер Алекс и имаше и една проба во Милан минатата година, но потпиша во Јануари 2009 за Њукасл.

"Ги слушнав шпекулациите дека Јунајтед се заинтересирани за мене, но ќе бидам искрен, не сум имал никаков контакт со нив.Само знам што се пишува по весниците.Но, секако, многу сум поласкан од интересот од тим голем и успешен како Јунајтед.Ќе признаам, би било многу тешко да кажам не на Сер Алекс кој е познат по развивањето на млади играчи како мене." - изјави Вучкич за Ekipa.

Вучкич има изиграно само 3 натпревари во првиот тим сезонава, но беше долго време повреден, 6 месеци поради повреда на коленото и зглобот.

понеделник, 19 април 2010 г.

Фергусон, твој е за 15 милиони!

Манчестер Јунајтед може да направи трансфер на играчот на Астон Вила, Џејмс Милнер за 15 милиони фунти ова лето, податок што го објави управата на Астон Вила.



Според неговите досегашни настапи, Милнер се истакна на фудбалскиот терен откако беше префрлен од крилната позиција да игра на средината од теренот од неговиот менаџер, Мартин О`Нил.

О`Нил вели дека Милнер е тип на играч каков што посакува Сер Алекс и дека би бил соодветна замена за Пол Сколс. Додаде и дека нема да му пречат да си замине од клубот доколку за него биде искеширана објавената сума на пари.

недела, 18 април 2010 г.

No way, Jose! Останувам со Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, изјави дека нема намера да се повлече и дека сака се` уште да остане на менаџераската позиција на Манчестер Јунајтед.


САФ го изјави ова по завршувањето на натпреварот против Сити, со што веројатно го разочара менаџерот на милански Интер, Жозе Мурињо. Се јавија гласини дека тој сака да си замине, но 68 годишниот Шкотланѓанец изјави дека нема намера да го направи тоа во блиска иднина.

Дури и Стивен Брус, менаџерот на Сандерленд негираше било какви повлекувања. „Тоа се само шпекулации, тој ќе биде во бизнисов уште долго време.“

Одлуката на Фергусон да остане ќе биде можеби лоша вест за Мурињо, кој е исто така цел и на Реал Мадрид. Но тој изјави дека не е тајна дека сака да се врати во Премиер Лигата но овој пат како лидер на Манчестер Јунајтед, откако ја одби понудата од Манчестер Сити.

Сега, прашањето е дали Мурињо ќе чека Фергусон да се пензионира за да ја искористи својата шанса да го наследи.

Кристијано:"Нема шанса Руни да си оди од Јунајтед"

Поранешната седумка на Јунајтед, Кристијано Роналдо, во уште една од своите изјави поврзани со поранешниот тим, вели дека нема никаква шанса Руни да му се придружи во Реал следната сезона.


Во последнава недела растеа шпекулациите дека Реал Мадрид ќе направат гигантска понуда кон Вејн Руни како што направија кон Кристијано Роналдо за да го привлечат да дојде и тој на Сантиаго Бернанбеу.Исто, сакаат да го донесат и Фабио Капело како менаџер место Мануел Пелегрини.

Роналдо во неговата изјава за News of The World вели дека сеуште е во контакт со некои играчи на Јунајтед и инсистира дека Вејн Руни е многу среќен во Манчестер и дека не би сакал да оди во кој било тим.

"Сеуште имам контакти и сум добар пријател со Рио,Немања и Вејн во Манчестер.Мислам дека Руни нема причина зашто би си одел од Манчестер, тој е многу среќен таму и мислам дека не би сакал да ми се придружи овде."

Исто, Роналдо смета дека и без него тимот игра многу добро и е еден од најдобрите тимови во Европа моментално.

"Многу добро се вклопија во тимот без мене, некои играчи што не добиваа толку шанса кога јас бев таму, сега почесто играат и стануваат добри играчи, и сум многу среќен за нив.Го освоија Карлинг купот и сеуште се во тесна битка за Премиер лигата.Испаднаа од ЛШ, иако сметам дека требаше да продолжат кон полуфиналето.Секогаш ќе им го посакувам најдоброто." - изјави Роналдо.

петок, 16 април 2010 г.

Најава:Сити v Јунајтед


Премиер Лига, 35 коло|Сабота, 17 Април 2010|Почеток: 13:45h
Стадион: City of Manchester Stadium, Manchester


Четвртото Манчестер дерби сезонава, но дефинитивно најважното без размислување, поготово за нас, фановите на Јунајтед.Do or Die викаат англичаните.Игравме многу големи натпревари сезонава, но играјќи против градскиот ривал, знаејќи дека ако изгубиме веќе дефинитивно немаме никаква ни теоретска шанса за освојување на 4тата рекордна по ред титула.Вејн ми требало да се врати за овој натпревар, откако не беше ниту на клупата на ремито на Евуд Парк, но Фергусон изјавува дека сеуште не се знае за неговиот настап, исто како и за Гигс и Рио.Сити влегуваат во овој натпревар посебно мотивирани, од двата последни натпревари со вкупен резултат од 11 - 2.Сите памтиме како заврши минатиот натпревар во лигата и сигурно фановите на Сити ќе сакаат одмазда за голот во судиското продолжение.

Разорачувачки 2 недели за нас, испаѓање од Лигата на Шампионите, пораз од Челзи и нерешено со Блекбурн.Веќе титулата 90% е во рацете на Челзи, иако има уште 4 кола заедно со ова до крајот, не верувам дека Челзи би прокоцкале 4 бода предност.Доколку Руни биде фит сигурно пак ќе искочиме со 4-5-Руни формацијата, не ни сакам да помислам што ќе ни се случи ако пак играме со Бербатов.Мораме да се надеваме дека Валенсија и Нани ќе изиграат перфектно по крилата, заедно со Флечер на средината.Ќе мораме повторно да се молиме во Руни, како и цела сезона, да игра феноменално и да ги затне Сити заедно со Тевез.

Сити се во брилијантна форма.11 голови за 2 натпревари е фантастичен гол-скоринг рекорд,а и одбраната се чини дека им е многу подобрена од последниот наш натпревар.Борба за 4то место, фантастична форма, играње против градскиот ривал дома.Не постои поголема мотивација која некој тим би можел да ја има моментално, ќе играат со сите сили дефинитивно.Тевез и Адебајор во фантастична форма, Џонсон ќе мора да игра против Евра, Де Јонг и Бери во средината ќе додадат уште суровост во средината.Онуоха даде 2 гола со Бирмингем па можно е и него да го видиме во одбрана со Гаридо,Туре и Компани.

Можни состави:
Green

Onuoha - Kompany - Toure - Garrido

Johnson - De Jong - Barry - Bellamy

Adebayor - Tevez

V

Rooney

Valencia - Fletcher - Scholes - Gibson - Nani

Evra - Rio - Vidic - Rafael

VDS


Мој тип:
Очекувам многу тесен натпревар, многу голови,борба на теренот и до крај на натпреварот.Сити нема да сакаат да изгубат повторно поготово кога Јунајтед е во мизерна форма, и сигурно дека ќе се борат за тоа толку посакувано 4то место кое носи во Лигата на Шампионите.Сите Манчестерски дербиња се неспоредливи за фановите на Јунајтед и Сити, поготово откако шеиците инвесираа во Сити.
Сити 2-2 Јун... шо се заебаам бе, ќе ги згазиме 0-5 :D

Посетители

Администратори