сабота, 8 мај 2010 г.

Сезонско финале: Јунајтед v Стоук

Премиер лига, 38мо коло|Недела, 9 Мај 2010|Почеток: 17:00h
Стадион: Old Trafford, Manchester


До мене е или секоја сезона поминува се побргу и побргу?Ми се чини како вчера да беше денот кога се плашевме сите како ќе бидеме без Роналдо и Тевез во тимот и како Руни го даде победничкиот гол против Бирмингем.Не ми се верува дека е последниот натпревар сезонава.За разлика од последните 2 сезони, имаме помалце натпревари/натпреварувања за играње па сезонава за наутралците се чинеше дека е многу послободна за Јунајтед, но баш спротивното, тензиите се на највисокото ниво во ова последно коло.Титулата ќе се одлучува во последното коло, нешто што не беше случај минатата сезона, кога можевме на раат да си ги гледаме Македа,Велбек,Гибсон и Де Лает како играат против Хал.Сите ја знаеме ситуацијата, Челзи се еден поен пред нас, веќе не зависи од нас, зависи од тоа дали Виган ќе успее да извади бод или 3 на Челзи.Иако шансите се минимални, сигурен сум дека ќе пружат поголем отпор од што пружија Ливерпул.

Како и да е, за да можеме воопшто да размислуваме за создавање на ваков пресврт на настаните ни треба победа против Стоук.13ти на табелата со 44 бода и само 11 победи цела сезона(4 на гости), не би требало да ни преставуваат никаков проблем, не се борат за место во Европа,ниту за опстанок.Со двата голмани повредени, ќе им брани младиот Бегович, а минатиот натпревар успеаа да го победат Фулам со 0-1.Кај нас е потвредно дека Валенсија ќе биде отсутен на последниот натпревар сезоната, другите се повредени од поодамна.Рио изиграл половина час на меморијален натпревар за легендата Тони Кар, во дресот на Вест хем, така да би требало и тој да биде фит.

Можни состави:
VDS

Rafael - Rio - Vidic - Evra

Nani - Scholes - Fletcher - Giggs

Rooney - Berbatov

V

Fuller - Sidibe

Etherington - Delap - Whitehead - Whelan

Higginbotham - Huth - Shawcross - Wilkinson

Begovic

Мој тип:
Ние победуваме со сигурност, се зависи од резултатот на Стемфорд па би го типувал тој натпревар.Челзи имаат 1 победа од последните 5 натпревари во последниот ден, а 3 од нив завршиле 1-1.
Челзи 1 - 1 Виган :)))



среда, 5 мај 2010 г.

Нов договор за Џони Еванс

Сер Алекс Фергусон потврди дека е потпишан нов 5 годишен договор со дефанзивецот Џони Еванс.



Договорот следеше како резултат од секој ден се поголемата важност на Еванс за Манчестер Јунајтед и неговите одлични игри во дресот на „Црвените Ѓаволи“. Сер Алекс изјави дека е постигнат договор со Џони и упати пофални зборови за него, велејќи дека се работи за извонреден дефанзивец кој заслужува да го носи дресот на Јунајтед.

Претходно, Еванс беше испраќан на позајмици во Сандерленд да се стекне со Премиерлигашко искуство.

Покажан излезот за Фостер

Англискиот голман, Бен Фостер, даде изјави со кои навестува дека сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед летово со цел да ја оживее повторно неговата кариера која е во стенд бај 10тина месеци.




„Никој играч што играл во овој тим не посакал да го напушти и ако дојдете тука, сигурно нема да сакате да си одите. Но јас сакам да настапувам, не само да се влечам наоколу, така да, ако тимот посака да ме продаде, би си заминал без проблеми. Ако некој даде понуда и ја прифатат, нема да има реперкусии од моја страна.“, изјави Фостер.

Во врска со СП, Фостер додаде: „Нема шанси сега Капело да ме земе мене во составот кој ќе патува летово. И да ме одбере, нема да е фер со оглед на одличните перформанси на другите англиски голмани како што се Харт и Грин. “


Тројната круна за Руни

Во крунисување на неговата најдобра сезона, Вејн дома си замина со полни раце трофеи, меѓу кои се Сер Мат Безби трофејот за најдобар играч на сезоната, најдобар гол на сезоната и повторно најдобар играч, овојпат излгласан од своите соиграчи



Ова не е првпат за Руни да ја освојува најпрестижната награда на церемонијата, 2006 беше истотака голема сезона за него, но неспоредлива со оваа којашто завршува.34 гола во сите натпреварувања, во сезона во којашто имаше и доста повреди, се докажа како главна улога откако замина Роналдо и го замени него и неговите голови.Руни е првиот англичанец после Теди Шерингам којшто ја освоил оваа награда, и тоа со 83% од гласовите, со Патрис и Антонио на второто и третото место.За освојувањето на наградата Сер Мет Базби, Руни изјави:

"Пресреќен сум што ја освоив наградава.Специјално и неспоредливо е чувството кога ќе те изберат за најдобар, во било што, не само фудбалот, и навистина сум горд што играм тука.Фановите не следат секаде низ островото и Европа и плаќаат многу пари за да го прават тоа.Поддржката којашто ја имаме е неверојатно, ги имаме најдобрите фанови на светот."

"Ако играме дома и натпреварот не оди во наша полза и ни треба гол, фановите ни ја даваат потребната поддржка, којашто некогаш претставува клучна.Можеш да го почуствуваш тоа на теренот, кога ќе го слушнеш твоето име на усните на над 70000 фанови.Исто и на гости, секогаш се со нас, за мене нема подобри фанови во светот"

Доколку Вејн успее да ја освои уште еднаш оваа награда ќе биде вториот на кој што му успеало такво нешто, наследувајќи го Кристијано Роналдо кој освои во 2004,2007 и 2008.Оваа награда за него претставува персонален хет трик откако беше избран за најдобар играч според ПФА и според новинарите(FWA).Истотака, и вчера вечер тој освои хет трик од награди, и заедно со оваа ги придодаде и наградите за најдобар гол (против Арсенал на Олд Трафорд) и за најдобар играч според своите соиграчи.

"Бев малку изненаден кога слушнав дека освоив за гол на сезоната.Сметам дека победничкиот гол на Мајкл Овен требаше да освои.Но, сметам дека оној против Арсенал е најдобриот којшто го постигнав сезонава.Повеќето голови ми беа само како завршеток на акциите направени од останатите играчи, па добро беше да бидам и самиот инволвиран во една акција.Акцијата беше перфектна, бев преморен откако го постигнав голот" - призна Вејн.

"Секогаш е добро чувството кога ќе дадеш гол против тим како Арсенал.Дојде во вистинско време, да не крене на водство од 2-0 бидејќи тие почнаа да не притискаат."

Иако тешко би било Јунајтед да се закити со 4ти шампионски медал по ред, Руни вели дека е задоволен од својата сезона.

"2009/10 е дефинитивно мојата најдобра сезона во клубот.Играв добро и што е најважно цело време на ниво, дадов 34 гола.Дадов истотака многу голови со глава, коишто воопшто ги немаше пред оваа сезона и за тоа сум многу среќен.Секој гол е добар, но за мене е специјално кога ќе дадам со глава, знаејќи дека не сум највисокиот играч во тимот" - заврши Вејн.



Ричи де Лает - Најдобар играч од резервите за 09/10

По крунисувањето на Вил Кин со наградата најдобар млад играч за оваа сезона, во конкуренција од Магнус Еикрем и Оливер Гил, наградата за најдобар резервист ја доби белгиецот Ричи де Лает


Откако и на анкетата на manutd.com Ричи имаше убедлива предност, вчера на церемонијата тоа и се потврди.Покрај номинираните Магнус Еикрем и Оливер Гил, Ричи де Лает ја доби наградата за најдобар резервист, откако беше изгласан од Оле Гунар Солскјаер и останатиот персонал на резервниот тим.Ова е трета година по ред дефанзивец да ја освојува оваа награда, откако во 07/08 ја освои Ричард Екерсли а минатата сезона Џејмс Честер.Додека играа за резервите, некои од сегашните или поранешните првотимци на Јунајтед ја имаат освојувано оваа награда, како Џон О'Шеј,Дарен Флечер и Ники Бат.

Брзината,силата и редовната форма на де Лает во срцето на одбраната на резервниот тим му ги дадоа потребните гласови за да ја освои оваа награда.

"Ричи претставува фантастичен играч и се повеќе и повеќе се докажува откако го купивме од Стоук.Секој настап во првиот тим го има заслужено, може да игра на многу позиции, има добар шут и може да биде вистински лидер во тимот" - изјави Солскјаер за Ричи.

Откако во Јануари 2009 година дојде на позајмица во Јунајтед, уште во летото беше финализиран неговиот трансфер и му беше продолжен договорот до Јуни 2012.Беше импресивен во 6 настапи за првиот тим и успеа да се избори за дебитантски настап за Белгиската сениорска репрезентација.

"Нормално, многу сум среќен, имаме добра сезона.Двата трофеи, како и Сениорскиот куп на почетокот на сезоната претставуваат добар учинок.Што е следно?Ќе продолжам да давам се од себе во тренинзите.Сите во клубот си помагат меѓу себе, мора да ги следиш наредбите и да се надеваш дека ќе бидеш избран од Сер Алекс." - заврши Белгиецот.





Вил Кин - Најдобар млад играч за 09/10

На традиционалната церемонија на којашто се одбираат најдобриот млад,резервен и првотимски играч, заедно со најдобриот гол, првата награда и трофеј му припадна на 17 годишниот Вил Кин, кој ја освои наградата Jimmy Murphy, за најдобар млад играч на сезоната



17 годишниот англичанец ја освои наградата пред Скот Вотон и Ники Ахозе, за која гласаа сите коишто се во персоналот на академијата.Наградата го добила своето име според легендарниот асистент Џими Марфи на уште по легендарниот менаџер Сер Мет Базби.Директорот на академијата и поранешниот играч на Јунајтед, Брајан МекКлер, ја презернтираше наградата на Кин, потенцирајќи дека иако многу тимови пробуваат со пари да си ја создадат иднината, талентите сами си доаѓаат во Јунајтед.Нервозниот но пресреќен Кин, изјави дека за него ваква награда претставува престиж и дека е еден од најдобрите моменти во неговиот живот.

"Ова е фантастично, пресреќен сум.Навивам за Јунајтед цел живот, секогаш сум сонувал за ова, почесен сум со наградава" - изјави Вил.Денот неможеше да биде подобар за младиот Вил, откако неколку часа пред доделувањето на наградите го постигна победничкиот гол на победата од 2-0 на младиот состав на Јунајтед врз Евертон со што и академијата си ја осигура титулата, како што направија и резервите минатата недела.

13те гола на Кин во првата негова сезона во академијата на Манчестер, заедно со фантастичните all-round преформанси и пробивањето во резервниот состав покажува дека тој заслужено ја освои наградата.

"Вил е вистински талент, преформансите што ги прикажува докажуваат за тоа, сите што го гледале можат да го потврдат тоа.Навистина е фантастичен и постигна неколку фантастични гола за академијата и резервите, но неговиот однос на и надвор од теренот, заедно со тимската игра и харизма којашто ја поседува се неверојатни за 17 годишно момче." - изјави Пол МекГинис, еден од директорите на академијата.

Честитки до Вил, Пол и Ники, заедно со останатите коишто придонесоа за академијата на Јунајтед.

Посетители

Администратори