сабота, 17 јули 2010 г.

Pre-season: UNITED vs. Celtic 3-1

После летото исполнето со доста фудбал на репрезентативен план, дојде време за тимовите. Време е за пред-сезоната и подготовките за следната. По 2 и пол месеца без да го гледаме нашиот Јунајтед вчера на програмата беше првиот од 5-те дуели кој клубот ги игра во периодот до 8-ми Август.


Вчерашен противник беше Селтик, екипа со која дуелите се карактеризираат како The battle for Britain, иако можеби ова не беше случајот со оглед на профилот на мечот. Јунајтед на теренот истрча со следниот состав:

VDS

Rafael Smalling Evans Fabio

Obertan Fletcher Scholes Giggs

Berbatov Diouf

Сега накратко ќе дадам краток осврт на сите компоненти од тимот за натпреварот.

Голман. Нема што многу да се трошат зборови, ВДС како и обично на ниво, солидно си ја заврши работата.

Одбрана. Одбрамбените играчи кои го стартуваа мечот се најверојтно иднината на клубот. Близнаците покажаа дел од својот раскошен талент, не пропуштија ниту една топка и одлично го затворија просторот по крилните позиции на Селтик. Еванс стандардно добар. Истото важи и за играчите кои влегоа во второто полувреме, О'Шеј, Де Лает, Браун, иако последниот малку повеќе нервозен од потребното.

Највеќе внимание ќе издвојам за Смолинг, бидејќи ова му беше деби во нашиот дрес и можност сите ние поубаво да видиме за каков играч се работи. Искрено моите првични впечатоци за него се прилично добри. Висок, силен играч, добро игра со глава, сигурен со топката и делува самоуверено, наликува на помлада верзија од Рио. Пеналот кој го направи воопшто не му го замерувам, тоа се грешки кој секој млад играч ги прави, а подобро тие грешки да се случуваат во овој дел од подготовките отколку на мечевите во Премиер Лигата. Keep up the good work lad.

Среден ред. Овој дел од екипата исто ме задоволи со играта. Гигс и покрај годините сеуште добро се движи, прави финти и воопшто не се плаши да тргне очи во очи со противничката одбрана. Сколс како и обично, дели топки со очи, гине на теренот, има уште една добра сезона во него. Флечер се надеваме ќе продолжи со истото темпо како лани, добар прв меч и за него. Обертан покажа дел од одличната техника, брз како молња и ако оваа година созрее и со искуството кое би го добил може да стане играч на кој Ферги ќе треба сериозно да смета во иднина. Ми се допадна како изигра, имаше и грешки, ама сепак ова е прв натпревар во пред-сезоната.

Ги видовме и Клеверли, кој влезе некако премногу нервозно во мечот, но потоа се стабилизираше и постигна гол, Гибсон кој се прикажа во добро светло, посебно ми се допадна неговата визија и додавањата кој лани како малку да затаија од него.

Напад. Бербатов и Диуф како стартери во овој дел на екипата се покажаа одлично, како неколку години да играат заедно. Ако вака продолжи Диуф, Фергусон ќе се најде во вистинска дилема дали да го позајми или да го остави во тимот за следната сезона и почесто да добива шанса. Ги видовме и младите Македа и Велбек, вториот постигна и гол, го дадоа својот придонес во играта, fair play to them.

Бербатов. Man of the match без сомнение. Играше, шутираше, дриблаше, додаваше, асистираше, постигна гол. Како да сакаше да му докаже на Ферги и фановите дека оваа сезона ќе гледаме еден нов Бербатов, кој ќе даде повеќе голови, заедно со Руни ќе биде лидер во тимот и Бербатов кој трча. Браво за него, само така нека продолжи.

MANCHESTER UNITED - Celtic 3-1

Стрелци: Бербатов, Велбек, Клеверли (UTD), Самарас (п) (CEL)

Highlights од вчеарашниот меч на овој линк.

Фергусон: Одбив да бидам менаџер на Англија

Сер Алекс изјави дека работата да бидеш менаџер на Англија е одвратна и дека на неколку наврати ја има одбиено.


Пред почетокот на натпреварот против Селтик, Фергусон изјави дека во неколку наврати работата како селектор на Англија му била понудена, но ја одбил. „Тоа е многу лоша работа. Како прво, тука е хендикепот што сум Шкот и имам свои причини зошто не би ја водел оваа земја. Секако, си имам и свои планови со Манчестер Јунајтед, младите играчи кои ги гледате не се туку така донесени. Потоа, ПЛ е истоштувачка. На пример, во декември играме 8 или 9 натпревари, кога условите за игра се лоши, терените се никакви и времето е ужасно. “ изјави Сер Алекс.

Во врска со слабите перформанси на англиската селекција, тој додаде: „Потоа доаѓа и вториот дел од сезоната, кога играчите почнуваат да го чувствуваат заморот, но играат поради шансите за успех. Па на крајот, ги чека СП. Не може тоа така. Факторот наречен одмор е и повеќе од потребен за да се успее.“

четврток, 15 јули 2010 г.

Промовиран новиот дрес

Од денес, 15 јули, Манчестер Јунајтед ќе настапува во новите дресови од фирмата Nike, на кои за првпат во историјата на клубот ќе стои логото на новиот спонзор, Aon.


Домашниот дрес ќе биде налик на дресовите кои Јунајтед ги имаше во 80-тите, со јака и бели ленти на ракавите, а на поработ на ракавите ќе го има и амблемот со црвеното ѓаволче. Иако домашниот дрес наиде на воодушевување кај фановите на Јунајтед, тоа не беше случај со гостинскиот. Иако се` уште официјално не е промовиран, се шпекулира дека тоа ќе биде овој дрес:


Овој дрес можеби е досега еден од полошите кои Манчестер Јунајтед ги имал како избор за гостински дрес. Лошата комбинација на црвената и црната боја кај ракавите е клучна, па можеби креаторите на дресот можеле ако ништо друго да го остават гостинскиот дрес еднобоен - бел.

Третиот дрес, ќе биде гостинскиот црн со сино од минатата сезона, (секако, само спонзорот ќе биде променет) бидејќи третите дресови мораат да имаат нешто сино во чест на сините дресови кои фудбалерите на Јунајтед ги носеле во финалето во ЛШ, 1968 година, кога е освоена и првата ЛШ титула.

сабота, 10 јули 2010 г.

Фергусон: Не испратив понуда до Снајдер, не ми треба

Сер Алекс Фергусон ги негираше сите пишувања дека тој испратил понуди до Весли Снајдер и Месут Озил велејќи дека овој Јунјатед е посилен од оној минатата сезона.

Ферги особено реплицираше на изјавите за Снајдер каде според пишувањата на некои медиуми се шпекулираше дека клубот испратил понуда во висина од 30 милиони фунти за холанѓанецот и дека Снајдер ја одбил истата.

''Сметам дека тимот е посилен од оној минатата сезона и дека особено тоа се однесува на младите играчи кои имаат една година повеќе искуство во однос на минатата. Не знам од каде се појавија овие написи за Снајдер. Како некој може да ме одбие ако јас воопшто не сум испратил понуда до него?'' - запраша Фергусон.

Исто така менаџерот ги отфрли и шпекулациите кои го поврзуваа Јунајтед со евентуалниот потпис на Озил.

четврток, 8 јули 2010 г.

Ферги: Харгривс ја пропушта пред-сезоната

Денеска во изјава за MUTV Фергусон потврди дека Овен Харгривс ги пропушта сите натпревари од пред-сезоната.

''Лошата вест е што Харгривс е повторно во САД кај неговиот специјалист. Тој нема да биде подготвен за почетокот на сезоната. Ниту јас не знам кога повторно ќе биде фит.''

Инаку добри вести пристигнуваат за други 3-ца играчи на клубот кој треба да заздрават од повредите и да бидат подготвени за стартот на сезоната.

''Антонио Валенсија би требало да биде ОК, истото важи и за Нани. Мајкл Овен одлично напредува и напорно работи во вежбалната. Тој нема да биде фит за подготовките, но би требало да се врати за стартот на ПЛ.''- додаде Ферги.

Околу повредата на Фердинанд, менаџерот кажа дека сеуште не е најсигурен дали Рио ќе биде навремено оспособен за мечот со Њукасл на 16-ти август.

"Се зависи од напредокот кој тој ќе го има во следните неколку недели.''

За Андеросн, Фергусон верува дека тој би направил кам-бек кон крајот на септември.

четврток, 1 јули 2010 г.

Новиот дрес презентиран на 15ти јули, нарачки од денес

Новиот дрес на Манчестер Јунајтед ќе биде презентиран за две недели, но од денес ќе може да се направат нарачки од официјалната онлајн продавница на клубот.

Деталите од најновата креација на Најки се држат во тајност, но дресот може да се порача и ќе ви биде доставен на 15ти јули, на денот на промоцијата.

Овој дрес за прв пат ќе биде облечен на претсезонската турнеја против Селтик.

Посетители

Администратори